Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и делотворен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова ракот на дојката е втора по честота причина за смрт од злоќудни заболувања кај жените.

Рак на дојка
Мамограми на кои се прикажани нормална дојка (лево) и дојка со рак (десно, бели стрелки).
СпецијалностОнкологија
СимптомиГрутка на градата, промена во формата на градата, избраздување на кожата, исцедок од брадавицата, црвена лушпеста дамка на кожата[1]
Ризик-факториПолот (жени), гојазност, недоволна активност, алкохол, хормонска заместителна терапија за време на менопауза, јонизирачко зрачење, рана возраст при прва менструација, доцна возраст при прв пород или жени кои никогаш не родиле, возраст, семејна историја, Клинефелтеров синдром[1][2][3]
Дијагностички методТкивна биопсија[1]
ЛекувањеХируршка интервенција, радиотерапија, хемотерапија, хормонска терапија, таргетирана терапија[1]
ПрогнозаСтапка на петгодишно преживување ~85% (САД, ВБ)[4][5]
Честота2.1 милиони заболени во 2015[6]
Смртни случаи533,600 (2015)[7]

И самите сме сведоци на големиот број заболени жени, но што е уште позагрижувачко е дека се работи за жени од помладата популација. Свеста кај жените во врска со оваа блест - рак на дојката не успева да проработи доволно. Се чека “последниот воз,, за да се отиде на контрола, фаза до која можеби и нема назад. Ваквото поместување на старосната граница е алармантен знак кој кај мене побуди интерес поопширно да ја обработам оваа тема. Статистичките податоци говорат дека од 8 или 9 жени кај една сигурно ќе се развие Ца маммае во некоја животна фаза. Мала е можноста да се развие пред 20 годишна возраст. Ризикот е зголемен по 30-тата година од животот, најчесто се јавува помеѓу 55 и 70-тата година. Но просечната возраст во која се дијагностицира Ca Mammae е 60тата година од животот. Секое туморозно заболување на дојките за жената е двоен проблем-здравствен и стетски, а покрај тоа може да доведе и до психичка и душевна лабилност. Но не само тоа.... Покрај напорите што се прават за да се постигне рано откривање, делотворен третман и успешно излекувње на болеста сепак сепак бројот на заболени се зголемува сè повеќе што резултира со зголем број на смртни случаи од оваа болест.

Знаци и симптоми

уреди
 
Рак на дојка

За да се открие некаква промена во градата пред сè неопходно е да се знае што е нормално за дојките во смисла на изглед и конзистенција. Во овој случај доколку имаме појава на некоја абнормалност и промена во изгледот, структурата, конзистенцијата, симетричноста на градата сето тоа може лесно да се забележи и воочи. Доколку се забележат промени веднаш треба да се консултира со лекар, во најкраток можен рок, без одлагање дека промета сама ќе се повлече. Во почетните стадиуми на ракот на дојката обично нема никакви симптоми или сосема незабележителни знаци. Меѓутоа со прогредирање на процесот и растење на туморот ќе се забележат воочливи симптоми. Особено жените треба да внимаваат на:

  • pојава на јазли, тврди маси во дојките - јазолчињата во дојките обично се безболни, иако некои можат да предизвикаат чувство на влечење
  • болка
  • оток под пазувите
  • видлива рамнина или вдлабнување на дојката, која можеби укажува на тумор кој не може да се види ниту напипа
  • секоја промена на кожата на дојката во контурата, составот или температурата на дојката, црвеникава изразена површина како кора од портокал е симптоматична за напредниот стадиум на Ca mammae
  • промена на брадавицата, слично на вовлечен или набран изглед, чешање и печење, или гноење или пак лупење на брадавицата (сиптоматично за Пеџетова болест)
  • необичен исцедок од брадвицата кој може да биде бистар, крвав или со друга боја обично предизвикан од обични нарушувања, но можно е и како последица на рак.
  • чувство на влечење на кожата на дојките.

Опис

уреди

Дојките анатомски се состојат од жлездено ткиво (млечни жлезди) кои се поделени во 15-20 лобуса измеѓу кое се наоѓа масно и сврзно ткиво, и од млечни каналчиња (дуктуси) низ кои се одведува млекото од млечните жлезди до брадавиците. Секој месец дојките на жената поминуваат низ привремени промени поврзани со менструвација и на нив може да се најде јазолче. Иако 90% од јазолчињата не се канцерогени, секое јазолче би требало веднаш да се прегледа! Јазолчињата се најчесто во лобусите или дуктусите. Ракот на дојката обично почнува создавање мал локализиран тумор во жлезденото ткиво на дојката. Ca Mammae е злоќуден тумор односно ненормално разраснување на злоќудно алиментирани клетки во жлезденото структурно ткиво на градата. Како и сите тумори наречени карциноми и овој рак се формира кога процесот кој го контролира нормалниот раст на клетките ја губи способноста на контрола и овозможува трансформација на клетките во абнормални клетки и нивно размножување над кое нашето тело нема контрола. Постоја повеќе видови Ca Mammae: дуктален, мобуларен, медуларен, тубуларен, папиларен, аденоцистичен Ca , секреторен Ca , Пеџетова болест.

Класификација

уреди
  • Стадиум. Карциномот чија тенденција е да го уништи здравото ткиво на дојката може да се прошири или метастазира во други делови на човечкотот тело. Доколку карциномот не се открие во раната фаза може да ја пробие бариерата на жлезденото ткиво на дојката и да се прошири во останатите делови на телото. Според тоа разликуваме 4 стадиуми на Ca Mammae:
    • 1 стадиум: Злоќудниот тумор во дојката е локализиран во 1 дел од дојката без ширење во локалните структури на градата или пак во околните лимфни јазли (аксиларни, меѓуребени, супраклавикуларни). Обично е со големина од 2 см.
    • 2 стадиум: Злоќудниот тумор во дојката е со големина од 2 -5 см. Постои извесно ширење односно метастазирање на туморот во околните аксиларни лимфни јазли а кај некои хистолошки типови карциноми можно е и ширење во другата града .
    • 3 стадиум: Во третиот стадиум туморот е поголем од 5 см и метастазирал во супраклавикулавикуларните и инфраиваликуларните лимфни јазли или пак лимфни јазли на вратот.
    • 4 стадиум: Во овој стадиум туморот метастазирал во оддалечени органи, најчесто: црниот дроб, белиот дроб, коскен мозок...
  • Рецепторен статус. Канцер клетките на ракот на дојка имаат рецептори на нивната површина и во нивната цитоплазма и јадро. Хемиските гласници како што се хормоните се врзуваат за овие рецептори, што предизвикува промени во самата клетката. Канцер клетките можат да имаат или да немаат три значајни рецептори: естрогенски рецептор (ER), прогестеронски рецептор (PR) и HER2.
    ER+ канцер клетките (т.е. канцер клетките кои имаат естрогенски рецептори) за нивниот раст зависат од естроген, па така тие можат да бидат третирани со лекови кои ги блокираат естрогенските ефекти (на пр. тамоксифен), и воглавно имаат подобра прогноза. Нетретираните HER2+ канцери на дојка воглавно се поагресивни од HER2- канцерите,[8][9] меѓутоа HER2+ канцер клетките одговараат на лекови како што е моноклоналното антитело трастузумаб (во комбинација со конвенционална хемотерапија), со што значајно се подобрува прогнозата.[10] Клетките кои немаат ниту еден од овие три рецептори (естрогенски рецептори, прогестеронски рецептори или HER2) се наречени тројно-негативни, иако често тие имаат рецептори за други хормони, како што се андрогенскиот рецептор и пролактинскиот рецептор.

Ризични фактори и причини кои предизвикуваат Ca mammae

уреди

И покрај големиот напредок на медицината и технологијата сè уште останува непознат етнолошкиот фактор што го предизвикува ракот на дојката. Но постојат неколку категории на жени кои се изложени на зголемен ризик од појава на Ca Mammae:

-3. Жени со рак на дојка во минатото Во најголема опасност се жени кои во минатото имале Ca ин сити - неинвазивен, локализиран рак на дојка или пак инвазивен карцином (метастазиран рак на дојка на околните структури и ткива). По отстранувањето на заболената дојка, опасност за развој на Ца маммае во другата дојка е 0.5 - 1% за секоја наредна година.

-4. Жени со рак на овариумите, телото на матката, ендометриумот на матката...

-5. Жени со долга менструална историја (менструален период започант пред 12-тата година и завршен после 50-тата годинаод животот) и жени кои не раѓале или пак имале бременост после 30-тата година од животот. Поради долготрајната изложеност на овие жени на женски сексуални хормони - естрогени, ризикот за добивање на рак на дојка е 2 - 3 пати поголем, отколку жените со не толку долга менструална историја и жени кои родиле пред 30 годишна возраст и ги доеле своите деца.

-6. Долготрајната употреба на хормонска контрацепција и хормонска теорија -7. Возраст Поголемата возраст претставува и поголем ризичен фактор околу 60%. Ца маммае се развива кај жени над 60 годишна возраст, а опасноста е најголема кај жени со над 75 години од животот. Според статистичките податоци: - до 39 години, 1 од 23 лица жени може да добијат рак на дојка(0.5% ризик) - од 40 - 50 години ( 1 од 25 жени може да добијат рак на дојка (4% ризик) -од 60 -70 години 1 до 15 жени можат да добијат рак на дојка ( околу 7% ризик) - доколку жената доживее 90 години ризикот за развој на рак на дојката е 14 %

-8. Прекумерна дебелина по менопаузата - Прекумерната дебелина предизвикана од внесување на големи количини мрсна храна е исто така ризичен фактор за настанување на рак на дојка. Прекумерната дебелина води до лачење на поголемо количество естрогени хормони и овие 2 фактори(дебелината и зголеменото количество естрогени хормони) влијаат неповолно на ткивото на дојката.

-9. Алкохолот и пушењето

-10. Жените кои работат трета смена можат да го зголемат ризикот за развој на рак на дојката за околу 60%. Оваа теорија произлегува од таму што продукцијата на меланин ( хормон кој покрај другото ги регулира сексуалните хормони ) во човечкото тело, а својот врв го постигнува во доцните ноќни часови. Изложеноста на јасна светлина во текот на ноќта ја смалува продукцијата на меланин, при што доведува до растење на нивото на естрогенот. Поради тоа и жените кои живеат во индустрилијазираните опшества кои сè повеќе се изложени на вештачка светлина, имаа поголем ризик од рак на дојка отколку жените кои живеат во опшествата во развој. Меѓутоа само 5 - 10% Ca Mammae се наследни, а додека 90% се последица на процесот на стареење, штетни агенси, неможност на нашето тело за контрола на растот на злоќудните клетки и начинот на живот.

Генетика

уреди

Еден од 20 случаи на рак на дојката е наследен. Околу 1 на 1000 луѓе е носител на гени одговорни за појава на рак на дојка. Потребно е поголемо внимание во случај на дијагностициран Ca Mammae кај:

  • Близок роднина под 40 годишна возраст.
  • Роднина од машки род со рак на града
  • Две блиски роднини со рак на дојка под 60 годишна возраст од иста страна на фамилијата.

Откриени се два различни гени одговорни за појава на рак на дојка.Кај жени кои се носители на еден од овие два типа на гени, постои голема опасност од развивање на Ca Mammae. Но доколку кај овие жени се развие рак на дојка, прогнозата за болеста и можноста за смртен исход е еднаква како и кој жените кои не се носители на овој ген, но исто и кај нив е развиен рак на дојка.

-BRCA 1 - кој создава тумот кој не расте под дејство на естрогени хормони

-BRCA 2 - кој создава тумор кои имаат потреба на естрогени хормони за да растат Статистичките податоци говорат дека 50 - 60 % од жените со овие мутации заболуваат од рак на дојка во околу 20-тата година од животот.

Дијагностички постапки

уреди
 
Рани знаци на можен рак на дојка

Во почетните стадиуми стадиуми на Ca mammae обично не се јавуваат никакви симптоми. Но подоцна кога ќе се појави каков било знак кој упатува на болест на дојката, жената треба да се јави кај лекар, а особено доколку се работи за предмалку споменатите симптоми. Раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојката ја зголмува веројатноста за успешно лекување. Затоа е многу важно жените да се образоваат и подучат за самопрегледување на дојките и за тоа дека несмеат да ги игнорораат било кое од претходно спомнатите симптоми за рак на дојката со надеж дека тие самите ќе се повлечат.

  • Самопреглед на дојките - Освен годишните медицински прегледи, сите жени независно од возраста би требало да спроведуваат месечни прегледи на дојките. Тоа е најдобриот и најефикасниот начин за најрано откривање на какви било промени во дојките. Причината е единствена: жената најдобро го познава своето тело и најрано ќе забележи какви било промени на своите гради. При секој самопреглед важно е:

- Времето кога ќе се изведува самопрегледот (секогаш во ист период од месецот и тоа од петтиот до десеттиот ден од почетокот на менструацијата, и прегледот трае 10 минути). - Какви промени се бараат при самопрегледот При самопрегледот на дојките се бараатследниве промени: • Грутка (тврдо тело) • Црвенило • Промена на кожата со изгледа сличен на кора од портокал • Задебелување • Исцеок (секрет) од брадавицата • Раничка или лушпа на врвот на брадавицата • Грутка во пределот на пазувната вдлабнатина

1.Ехо преглед

Ехотомографскиот преглед e посебно е важен за жени помлади од 40 години поради тоа што може да се лоцираaт одредени промени на дојката кои не се забележливи со обичен преглед со напипување, но кој воедно може да биде штетен за оваа група жени поради преосетливоста на ткивото на градите. Предности на овој дијагностички метод се следниве: методот не користи РТГ зрачење, па затоа ако е потребно може и да се повтори и со овој преглед можат да се воочат и многу мали промени и кај младите жени кои имаат богато жлездено ткиво каде со мамогравски преглед неможат да се забележат сите промени во дојката. Изведба на прегледот - Подготовките за прегледот на дојка се минимални. Пациентката лежи на грб. Пред да започне прегледот, за да се оствари подобар контакт на сондата со кожата, на испитуваниот дел се нанесува гел. Самиот преглед трае околу 10 минути.

2.Момограм

Мамограмот е ренгенска снимка на дојката. Најдоброто нешто што жените над 40 години можат да го сторат за да се заштитат од ракот на дојка е да направат мамограм. Мамограмот обично не се користи кај жени помлади од 40 години. Причина за тоа е голема густина на ткивото на градите кај помладите жени поради кое ренгенските снимки нема да бидат веродостојни. Исто така, ткивото на градите кај младите жени е поосетливо на зрачење, иако во современата мамографија се користат ниски, безопасни дози. Мамограмот може да го открие карциномот на дојката во почетна фаза, пред пациентот и стручното лице да бидат во можност да го напипаат јазолот. За да се направи маммограм потреби се само неколку минути.

3. Кога со ултразвучен преглед ќе се пронајде јазолот, тогаш се прави цитолошка пункција на видливиот јазол под контрола на ултразвук. На тој начин може да се извади одредена количина примерок со помош на игла со шприц (аспирацијска цитологија).Освен аспирациска циотлогија може да се применува и аспирациска биопсија при која sе зема примерок од ткивоto. Постои уште и инцизијска биопсија, тоа е постапка на земање примерок од ткивото со еден рез или на крајот постои и ексцизијска биопсија, а тоа е отстранување на сите јазли. Кај сите биоpсиi примерокot од ткивата кој може да биде добиен на било кој од претходно наведените начини се упатува на испитување. Сите наведени зафати се обавуваат во амбуланта без присуство во болница освен ексцизијска биоскопија каде што неколку дена пациентката треба да остане во болница(2-3 дена).

4.Кај одредена фаза на проширен рак на дојка докторот целосно ја прегледува жената во случај да не се проширил ракот во лимфните жлезди, кожата, црниот дроб или некаде на друго место во телотo. Секако мора да се направи ренгенска снимка која инаkу секогаш се изведува и пероперативно кај било кој хируршки зафат, во потрага по евентуално метастатско ширење на ракот на дојка.

5.Крвната анализа го проценува степенот на оштетување на црниот дроб и дали ракот се проширил што се забележува од одбранбените параметри како што се убрзана седиментација, анемија и слично.

6.Пред оперативниот зафат секако е потребно да се проверат туморски маркери на дојакта Ca 15-3.Доколку се тие во граница на нормалата тоа е добар прогностички показател во смисла на излекување на болната, односно значи дека болестта не напредувала по крвен пат. Многу е важно точно одредување на типот на рак на дојка, со оглед на тоа дека постојат неколку типови со различен третман и прогноза.

Третман

уреди

Третманот на ракот на дојка зависи од возраста на жената и нејзиното здравје , а исто така и од типот,големината и локацијата на туморот , како и од тоа дали ракот е останат во градата или е метастазиран на други органи од човековото тело. За успешно лекување најважно е раното откривање што се постигнува пред сè со Здравствено просветување на жената.Штом се открие јазол во дојката многу е важно брзото поставување дијагноза и започнување со третманот. 3/4 од случаите на рак на дојка се откриваат од самите жени или нивните партнери, но 50-60% од овие жени чекаат три и повеќе месеци додека да се обратат на лекар. Ова одлагање на третманот е суштествен проблем бидејќи жените кои чекаат повеќе од три месеци имаат драматично полоша прогноза во однос на жените кои веднаш се јавуваат на лекар. Затоа сите жени кај кои се појавиле јазли, тврди маси во дојките треба да бидат прегледани од специјалист во рок од две недели по нивното откривање!!! Третманот може да опфаќа хируршка интервенција, радиотерапија, хемотерапија, хормонска терапија или комбинација од наведените третмани.

Хируршка интервенција

уреди

Ако со хируршка интервенција се отстранува само грутката(јазолот) или и дел од околното ткиво на градата,оставајќи го поголемиот дел од градата недопрен,станува збор за процедурата наречена делумна мастектомија или лампектомија.Оваа метода се применува во И стадиум кога туморот нема метастази во лимфните јазли. Изменетата радикална мастектомија вклучува отстранување на внатрешноста на градата и дел од лимфните јазли сместени под пазувата и се применува при постоење на метастази во аксиларните лимфни жлезди. Хируршката интервенција при која се отстранува градата,лимфни јазли и ѕидни мускули од градниот кош над градата се нарекува радикална мастектомија и се применува при раширени околни метастази.

Радиотерапија

уреди

Кај жените кај кои има извршено третман на делумна мастектомија , докторите препорачуваат радиотерапија. При радиотерапијата се користат високоенергетски зраци кои би ги уништиле канцерогените ќелии кои би можеле да останат во градата,ѕидот на градниот кош или во пазувите после операцијата.Студиите покажале дека третманот на лампектомија во комбинација со радиотерапија е исто толку делотворен како мастектомија во рана фаза на рак на дојка. Од оваа причина жените најчесто се одлучуваат за оваа помалку инвазивна метода на лампектомија следена со радиотерапија за да го избегнат целосното отстранување на градата. Но овој заштитен третман за дојката не е опција за сите жени со рак на дојка, во некои случаи мастектомијата е единствена опција за жените.

Лекови

уреди

Хемотерапија

Доколку канцерогените ќелии се рашириле и на лимфните јазли , се применува хемотерапија на ракот на града. При хемотерапијата пациентот прима лекови со канцеро заштитно дејство кој патува низ телото и го забавува растот на канцерогените ќелии или ги убива. Дури и ако не се наоѓаат канцерогени ќелии во градата, и покрај тоа хемотерапијата може да се употребува и при оперативните зафати за да го намали ризикот од повторна појава на рак на дојка. Хемотерапијата исто така може да биде употребена и како примарен третман кај жените со позголемен случај на рак на града за да ја намали површината на туморот со цел поуспешно хируршко отстранување на градата. Во овие случаи високите дози на хемотерапијата ги убиваат канцерогените ќелии , но исто така ги убиваат и основните клетки во коскената срцевина кои се вклучени во создавање на крвни клетки. Некои жени во зголемена фаза од развојот на рак на дојка после хемотерапија прават пресадување на коскена срж за да ги обноват здравите основни клетки кои се вклучени во создавање на крвни клетки, иако сеште не е јасно дали оваа процедура влијае во продолжувањето на преживување кај жената.

Хормонската терапија искористува некои од хемикалиите кои човековото тело природно ги произведува. На пример некои канцерогени ќелии кај ракот на дојка растат поради хормонот естроген, кој се создава во овариумите. Хормонската терапија го забавува растот на канцерогените ќелии така што ја штити употребата на естроген од нивна страна. Еден од лековите кој се користи при хормонска терапија е тамоксифен кој заштитува од повторна појава на рак на дојка кај повеќето жени. Тамоксифенот исто така покажал намалување на ризикот од појавување на рак на дојка кај жените кои носат мутација во генот BRCA 2, која создава тумори кои имаат потреба од естроген за да растат. Тамоксифенот не го намалува ризикот кај жените кои го носат генот BRCA 1, кој создава тумор кој не е под дејство на естрогенот. Тамоксифенот исто така може да спречи формирање на нов рак на другата града. Ралоксифенот кој е хемиски многу сличен со тамоксифенот , дава слични резултати.Најрадикална форма на хормонска терапија е отстранување на овариумот со хируршки зафат за да се спречи секрецијата на естроген.

Дополнителен начин на лекување

уреди

Начин на живеење и домашна нега Лузнестото ткиво по операцијата на ракот на дојка го ограничува опсегот на движењата со рацете. Поради тоа потребни се вежби, движење за да се намали вкочанетоста на мускулите но и да им помогнат на жената подобро да ги поднесуваат придружните дејства на зрачењето или хемотерапијата. За да се сведе на најмала мера и можноста на чувство на мачнина од лекувањето со зрачење, се препорацува да се не се носи градник или пак облека која може да го надразнува тој предел. Исто така важно е кожата да се одржува чиста и да се употребуваат само лосиони за кожа, креми и дезедоранси препорачани од лекар.

Психосоматско лекување Особена тежина на болеста и дава и психичката лабилност која ја проследува. Жената е депримирана и исплашена поради сознанието дека има рак на дојка и дека нејзиниот живот можеби е загрозен, потоа дека можеби ќе ја изгуби едната града. Затоа многу важен дел во лекувањето зазема и психосоматското лекување. Мошне знчајна е поддршката која жената ја добива од своите блиски и од околината, пристапот кон жената во предоперативната подготовка, односот со медицинскиот тим за време на лекувањето. Да и се објасни на пациентката за неопходноста од операција, можните последици но секако и за можноста за естетска исправка на градата по зафатот сè со цел смирување на менталните и телесните оптоварувања и успешно излекување. Голем успех во постоперативната нега придонесува и примената на јога или медитација. Исхрана Одредена растителна храна содржи фотоестрогени, слаби растителни естрогени кои можат да бидат мнгу полезни во борбата против некои видови рак на дојката, чувствителни на хормони. Фотоестрогените го запираат влегувањето на телесниот естроген во ткивото на дојката. Задржувањето на естрогенот надвор од дојката може да ја намали веројатноста за рак, или пак при постоење на болеста да ја намали брзината со која клетките на ракот се размножуваат. Пченицата, сојата, маслинките, сливите, морковот, јаболката, слаткиот компир и кокосовиот орев спаѓаат во видот на храна која содржи фотоестрогени и затоа се препорачуваат во поголеми количини.

Исхрана Одредена растителна храна содржи фотоестрогени, слаби растителни естрогени кои можат да бидат мнгу полезни во борбата против некои видови рак на дојката, чувствителни на хормони. Фотоестрогените го запираат влегувањето на телесниот естроген во ткивото на дојката. Задржувањето на естрогенот надвор од дојката може да ја намали веројатноста за рак, или пак при постоење на болеста да ја намали брзината со која клетките на ракот се размножуваат. Пченицата, сојата, маслинките, сливите, морковот, јаболката, слаткиот компир и кокосовиот орев спаѓаат во видот на храна која содржи фотоестрогени и затоа се препорачуваат во поголеми количини.

Реконструктивни третмани на дојките

уреди

Ракот на дојка за жената е двоен проблем - здравствен и естетски.

    По мастектомија, многу жени се одлучуваат за реконструкција на дојка. Со ваквиот естетски третман се постигнува подобрување на изгледот на деформираната дојка и постигнување на емотивен баланс кај жената што многу влијае на нејзиното психичко здравје и  самодовербара. Не сите жени се одлучуваат на ваков чекор затоа што секогаш постојат можности за јавување извесни ризици и несакани последици.   
Постојат два начина на реконструкција на дојката. Тоа се:реконструкција со користење на сопствено ткиво, и реконструкција со имплантати, односно всадоци.

Пред да се одлучи пациентката за естетска корекеција на дојката треба добро да се посоветува со својот лекар. Тој треба детално да и ги објасни сите ризици и предности од операцијата и информации за можноста за прикривање за лузните кои би можеле да се појават и да ја запознае дека таа понекогаш бара повеќе од еден оперативен зафат, па и тогаш ако за реконструкција се одлучила непосредно по мастектомија. Притоа мора да се одлучи кој од начините повеќе би и одговарал и какви се нејзините желби. Всадоците не даваат природно чувство како живото ткиво но затоа пак операцијата со имплантати е побрза од автологната реконструкција, како што е реконструкцијата кај која се користи живо ткиво од стомакот или грбот и .

Автологна реконструкција на гради
    -Реконструкција со помош на стомачен мускул

Кај оваа автологна реконструкција се работи за земање на мускул од долниот дел на стомакот. Обично ова ткиво без вадење само се пренасочува од стомакот кон градите каде што се преобликува во дојка. На крајот само се сошива настанатиот рез на стомакот. Позитивната страна на овој оперативен зафат поктај реконструкција на деформитетот на дојката е и помал и виток стомак, но зафатот е многу понапорен и покомплициран.

    Реконструкција со помош на ткиво од грбот

При овој зафат мускулот од горниот дел на грбот, без вадење, под кожата се пренасочува, односно. преместува кон градниот кош каде ќе послужи како џеб за сместување на импланти или едноставно ќе се преобликува во дојка без всадоци. Двата зафати траат повеќе часа и после двата зафати се потрбни понатамошни постапки.Препрека за изведување на овие зафати се прекумерното пушење, прекумерната телесна тежина, шеќерна болест и болести на крвните садови.

    -Реконструкција со имплантати
    Реконструкцијата со помош на имплантати е поедноставен зафат од оној кај автологната реконструкција, но всадоците не даваат природно чувство како живото ткиво.Притоа потрбно е да се оформи џеп во кој ќе се вгради и фиксира имплантот. Ако ткивото на градниот кош е прецврсто за всадување на имплантати, тогаш  најпрво во градата се вградуваат т.н. мали балони, со помош на кои ткивото ќе стане поеластично. При вградување на балоните лекарот еднаш неделно вбризгува во нив одредена количина солен раствор кој малку по малку ќе направи место за силиконскиот имплантат. Таквите подготовки за всадување на имплантатот траат од 6 до 8 недели. При тоа инјекциите се многу неугоден дел од самиот зафат.Но всадоците не се вечни и поради тоа нужно да се заменат за неколку години. На пациентките кај  кои ќе се применува терапија со зрачење не им се препорачува всадување на имплантати. Позитивната страна на реконструкцијата на дојка  со употреба на имплантати е во тоа што на тој начин на тоа место се оневозможува повторно појавување на рак, бидејќи практично и нема веќе градно ткиво.

Превенција

уреди

Постојат неколку работи кои секоја жена е во можност да ги направи, а кои се од голема важност и со кои му помага на сопственото тело да остане здраво колку што е можно подолго. Потребна е: -избалансирана исхрана (овошјето, зеленчукот, рибата, житото да станат основни производи во исхраната на зената) -непушењје и минимализирање на стресот -движење, вежбање и физичка активност -самопреглед на дојките секој месец -систематски прегледи кај лекар специјалист еднаш годишно, или пак за женте кои имаат зголемен ризик од заболување од рак на дојка и двапати годишно -обавување на редовни мамографски прегледи после 40 годишна возраст еднаш годишно, а кај жените со зголемен ризик и порано -при употребата на контрацептивни средства на основа на естроген задолжителна консултација со лекар -кај жените кои постои голем ризик од појавување на рак на дојка, профилактичката мастектомија може значајно да го намали ризикот.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NCI2014Pt.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име WCR2014.
  3. „Klinefelter Syndrome“. Eunice Kennedy Shriver National Institute of Child Health and Human Development. 24 May 2007. Архивирано од изворникот на 27 November 2012.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име SEER2014.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име UK2013Prog.
  6. GBD 2015 Disease and Injury Incidence and Prevalence, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
  7. GBD 2015 Mortality and Causes of Death, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1459–1544. doi:10.1016/s0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
  8. Kumar, Vinay; Abul Abbas (2010). Robbins and Cotran Pathologic Basis of Disease. Philadelphia: Saunders, an imprint of Elsevier inc. стр. 1090. ISBN 978-1-4160-3121-5.
  9. Sotiriou C, Pusztai L (February 2009). „Gene-expression signatures in breast cancer“. N. Engl. J. Med. 360 (8): 790–800. doi:10.1056/NEJMra0801289. PMID 19228622.
  10. Romond EH, Perez EA, Bryant J, Suman VJ, Geyer CE, Davidson NE, Tan-Chiu E, Martino S, Paik S, Kaufman PA, Swain SM, Pisansky TM, Fehrenbacher L, Kutteh LA, Vogel VG, Visscher DW, Yothers G, Jenkins RB, Brown AM, Dakhil SR, Mamounas EP, Lingle WL, Klein PM, Ingle JN, Wolmark N (October 2005). „Trastuzumab plus adjuvant chemotherapy for operable HER2-positive breast cancer“. N. Engl. J. Med. 353 (16): 1673–84. doi:10.1056/NEJMoa052122. PMID 16236738.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори