Чаталџа (грчки: Χωριστή, Хористи[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Чаталџа
Χωριστή
Чаталџа is located in Грција
Чаталџа
Чаталџа
Местоположба во областа
Чаталџа во рамките на Драма (општина)
Чаталџа
Местоположба на Чаталџа во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°7′N 24°12′E / 41.117° СГШ; 24.200° ИГД / 41.117; 24.200
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&1000000000000009600000096 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.725
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 37 километри јужно од градот Драма, на надморска височина од 96 метри.

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1750 жители Грци и 300 Турци[3].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1800 Грци[4].

Грција уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 2884 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 2201 луѓе[5].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Хористи[6].

 
Селани на гроздобер во Чаталџа (1940-ти год.)

Демографија уреди

Во 1928 година во селото биле населени 272 грчки бегалски семејства со вкупно 1090 луѓе[5]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 3200 лица, додека во 1940 година селото броело 3184 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 2633 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 2652 жители, во 1971 година имало 2111 жители, во 1981 година имало 2104 жители, додека во 1991 година имало 2364 жители[5]. Денеска, населението на селото е 2725 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 3184 2633 2652 2111 2104 2364 2652 2725
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Χωριστή
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 197.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 204-205.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 65.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.