Лоаре

департман во Франција

Лоаре (француски: Loiret) — департман во регионот Центар-Долина на Лоара во северно-средна Франција. Името го добил од реката Лоаре, која целосно се наоѓа во рамките на департманот. Во 2019 година, Лоаре имал население од 680.434 жители.[2]

Лоаре
Loiret
Француски департман
Поглед на Лоаре Loiret
Знаме на Лоаре LoiretГрб на Лоаре Loiret
Местоположба на Лоаре во Франција
Местоположба на Лоаре во Франција
ДржаваФранција
РегионЦентар-Долина на Лоара
ПрефектураОрлеан
ПотпрефектуриМонтаржи
Питивје
Управа
 • Претседател на Департманскиот советМарк Годе[1] (Сојуз на демократи и независни)
Површина1
 • Вкупна6.775 км2 (2,616 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно680.434
 • Ранг37-ми
 • Густина100/км2 (260/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот45
Арондисмани3
Кантони21
Општини325
^1 Француски земјиштен регистер, кој ги исклучува естуарите, езерата, водени површини и ледници поголеми од 1 км2

Негова префектура е Орлеан, сместен 110 километри југозападно од Париз. Покрај тоа што е регионална префектура, тој е историски град на бреговите на Лоара. Има голема средишна област со многу историски градби и дворци. Орлеанската катедрала, која била изградена во 13 век, била повторно изградена откако протестантските сили ја уништиле во 1568 година. Лоаре има две потпрефектури, во Монтаржи и Питивје. Познат е по неколкуте замоци.

Историја

уреди

Лоаре е еден од првичните 83 департмани што бил создаден за време на Француската револуција на 4 март 1790 година, по наредба на Националното конститутивно собрание. Новите департмани требало да бидат подеднакво администрирани и приближно еднакви еден со друг по површин и население. Создаден е од поранешната покраина Орлеане која била преголема за да продолжи во претходниот облик.[3]

Долината Лоара била населена уште од палеолитот, како што е потврдено од бројните археолошки наоѓалишта во департманот. Келтите биле тука, носејќи занаети и трговија, а Римјаните ја зазеле областа по Галските војни. Тие изградиле патишта и основале градови како што се Кенабум, на местото на денешен Орлеан и Со-ди-Гатине . Околу 451 година, Хуните го нападнале регионот, но биле одбиени пред да стигнат до Кенабум. Франките стигнале до Лоара и Клодовик I царувал во областа. Следело време на мир и просперитет за време на владеењето на Карло Велики.[4]

Географаија

уреди

Департманот Лоаре историски се наоѓал во покраината Орлеан во северна средна Франција, а заедно со департманите Лоар и Шер и Ер и Лоар сега го образуваат регионот Центар-Долина на Лоара. Северно од Лоаре лежат департманите Ер-е-Лоар, Есона и Сена и Марна, на исток се наоѓа Јона, на југоисток Њевр, на југ Шер и на запад Лоар-е-Шер.[5]

Департманот се состои од претежно рамно ниско земјиште низ кое тече реката Лоара. Оваа река навлегува во департманот во близина на Шатијон-сир-Лоар на југоисток, тече северозападно кон Орлеан каде што се свртува и тече кон југозапад, и излегува од департманот во близина на Божанси.[5] Орлеанскиот канал ја поврзува Лоара во Орлеан со спојот на Канал ди Лоан и Канал де Бријар во селото Биж во близина на Монтаржи. Лоара и овие канали образувале важни трговски патишта пред пристигнувањето на железницата.[6] Реката Лоаре, по која е именуван департманот, долга е 12 километри и се влева во Лоара југозападно од Орлеан. Нејзиниот извор е во Орлеан-ла-Сурс, а устието во Сент-Илер-Сен-Мемен. Други реки во департманот се Лоан, десна притока на Лоара и Уан која се влева во Лоан.[5]

Департманот има вкупна површина од 6.757 квадратни километри, долг е 119 километри од запад кон исток и 77 километри од север кон југ. Големи делови од земјиштето се користат за земјоделство, а тие се одделени со ниски шумски ридови и некои пошумени области.[7] Северозападниот дел од департманот е во областа на одгледување пченица, позната како Бос, брановидно плато со некои од најдобрите земјоделски површини во Франција.[8] Оваа област била популарна кај француската аристократија во средниот век и раздобјето на ренесансата, па има многу историски замоци во департманот, вклучувајќи ги Шато д'Ожервил, Шато де Белгард, Шато де Жиен, Шато ди Aлие, Шато де Мен-сир- Лоар, Шато де Сили-сир-Лоар и Шато де Трус-Бариер.[9]

Делот од департманот јужно од Лоара е познат како Солоњ и е област со ридови и мочуришта, прошарани со ридови каде што се одгледуваат винова лоза.[7] Источниот дел на департманот е познат како Гатине и бил дел од покраината со тоа име. До почетокот на 21 век, департманот бил познат по производството на шафран, но одгледувањето не можело да се механизира, па производството се намалило бидејќи трошоците за производство станале превисоки.[10]

Демографија

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1801286,05—    
1806285,315−0.3%
1821291,294+2.1%
1831305,276+4.8%
1841318,452+4.3%
1851341,029+7.1%
1861352,757+3.4%
1872353,021+0.1%
1881368,526+4.4%
1891377,718+2.5%
1901366,66−2.9%
1911364,061−0.7%
1921337,224−7.4%
1931342,679+1.6%
1936343,865+0.3%
1946346,918+0.9%
1954360,523+3.9%
1962389,854+8.1%
1968430,629+10.5%
1975490,189+13.8%
1982535,669+9.3%
1990580,612+8.4%
1999618,126+6.5%
2006645,324+4.4%
2011659,587+2.2%
2016674,33+2.2%
2020682,304+1.2%

Поголеми градови

уреди

Најнаселена општина во департманот е Орлеан, префектурата. Од 2019 година, има 6 општини со повеќе од 15.000 жители и сите се дел од агломерацијата на Орлеан:[2] [11]

Општина Население (2019)
Орлеанс 116.269
Оливе 22.386
Сен-Жан-де-Бре 21.288
Флери-лез-Обре 21.010
Сен-Жан-де-ла-Руел 16.411
Саран 16.357

Стопанство

уреди

Од 675.555 хектари земјиште во департманот, 395.000 хектари се обработливи, 40.000 ха се винова лоза, 24.000 ха се пасишта, 110.000 хектари се пошумени, 6.500 ха се насади и овоштарници и 57.000 ха се непродуктивни мочурливи и ридести. Почвата е плодна и продуктивна; Бос е главното подрачје за одгледување пченица, овесот е широко одгледуван, а исто така се одгледува и 'рж. Други култури се овошје, аспарагус, шафран и билки. Виновата лоза се одгледува и се произведува вино, а областа е позната по конзервирање овошје. Исто така застапено е и пчеларството и се произведува мед.[7] Лоаре има мал индустриски развој, а трговијата е насочена кон продажба на пченка, дрво, говеда, костени, јаболковина, мед, брашно, овошје, риба, сол, шафран и волна. Единствените минерали што се извлекуваат се камен, варовник, лапор и глина.[7]

Политика

уреди

Претседател на Департманскиот совет е Марк Годе, избран во 2017 година.

Сегашни претставници во Националното собрание

уреди
Изборна единица Член [12] Партија
Прва изборна единица во Лоаре Стефани Рист Републиката напред!
Втора изборна единица во Лоаре Каролин Жанвиер Републиката напред!
Трета изборна единица во Лоаре Матилда Париз Национален митинг
Четврта изборна единица во Лоаре Тома Менаже Национален митинг
Петта изборна единица во Лоаре Антони Брос Републиката напред!
Шеста изборна единица во Лоаре Ришар Рамос МоДем

Превоз

уреди

Департманот има корист од неговата близина до Париз до кој има добри транспортни врски. Орлеан сè уште нема TGV, но е поврзан со Париз преку брзи експресни возови. Автопатот А71 го поврзува Париз со Орлеан и Клермон-Феран,[8] автопатот А10 го поврзува Париз со Орлеан и Бордо, а националната магистрала 20 го поврзува Париз со Орлеан, Лимож, Тулуз и Шпанија.

Туризам

уреди

Орлеан е популарна туристичка одредница, поврзан е со Јованка Орлеанка. Катедралата Сен-Кроа била изградена во готски стил помеѓу 1278 и 1329 година, уништена од протестантските сили во 1568 година и повторно изградена помеѓу 17 и 19 век.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 мај 2022.
  2. 2,0 2,1 Populations légales 2019: 45 Loiret, INSEE
  3. Schama, Simon (1989). Citizens: A Chronicle of the French Revolution. New York: Knopf.
  4. Haine, W. Scott (2000). The History of France. Greenwood Publishing Group. стр. 31–35. ISBN 978-0-313-30328-9.
  5. 5,0 5,1 5,2 Philips' Modern School Atlas. George Philip and Son, Ltd. 1973. стр. 42–43. ISBN 0-540-05278-7.
  6. Loire Nivernais Waterways Guide 02. Editions Du Breil. 2010. ISBN 978-2-913120-00-6.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Comprehensive Dictionary of the World. Mittal Publications. 1992. стр. 612. GGKEY:RC6C27C4NE1.
  8. 8,0 8,1 „The Centre region of France“. About-France.com. Посетено на 27 September 2015.
  9. Mesqui, Jean (1997). Chateaux-forts et fortifications en France. Paris: Flammarion. стр. 493. ISBN 2-08-012271-1.
  10. Toussaint-Samat, Maguelonne (2009). A History of Food. John Wiley & Sons. стр. 469. ISBN 978-1-4443-0514-2.
  11. Unité urbaine 2020 d'Orléans (45701), INSEE
  12. Nationale, Assemblée. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblée nationale.
  13. „Sainte-Croix Cathedral“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica. Посетено на 17 October 2015.

Надворешни врски

уреди