Лоаре (река)
река во Франција, притка на Лоара
Лоаре (француски: Loiret) — кратка река во северно-средна Франција, притока на Лоара.[1] Тече наполно во департманот Лоаре, по која е наречен. Долга е само 11,6 км, со сливно подрачје од 282 км2.
Лоаре | |
---|---|
Лоаре кај Оливе, јужно од Орлеан | |
Изворно име | Loiret (француски) |
Местоположба | |
Земја | Франција |
Физички особености | |
Извор | |
• координати | 47°51′01″N 1°56′14″E / 47.8504° СГШ; 1.9372° ИГД |
Устие | |
• место | Лоара |
• координати | 47°51′52″N 1°48′02″E / 47.8644° СГШ; 1.8005° ИГД |
Должина | 11,6 км |
Големина на сливот | 282 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Лоара→ Атлантски Океан |
Извира во преградието на Орлеан, од врелото Бујон кое денес е уредено како дел од парк. Водите претежно се потхрануваат од ракавци на Лоара. На Лоаре има живописни воденици и излетнички места за пешачење и пловидба со чамци. Се влева во Лоара кај Сен Илер-Сен Мемен, кое е југозападно предградие од Орлеан.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Лоаре на Ризницата ?
- Здружение за заштита на реката Лоаре Архивирано на 3 декември 2010 г. (француски)
- Синдикално здружение на реката Лоаре (француски)
Оваа статија место во Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |