Окрузи во Франција
Во целина, сите 101 департмани во Франција се поделени на вкупно 332 окрузи (француски: arrondissements)[1].
Административниот центар (главниот град) на округот се нарекува потпрефектура. Ако округот содржи префектура (гл. град на департманот), тогаш тој град игра улога на префектура (на департманот) и потпрефектура (на округот).
Окрузите понатаму се делат на кантони и општини.
Градовите Париз, Лион и Марсеј се делат на „градски окрузи“, кои се разликуваат од окрузите кои се обработуваат во оваа статија.
Управна улога
уредиЗа управувањето со еден округ е задолжен потпрефект (француски: sous-préfet) кој е помошник на префектот на матичниот департман (préfet).
За разлика од регионите, департманите и општините, окрузите немаат статус на правно лице. Покрај ова, раководителите (потпрефектите) не се поставуваат со избори, туку се назначуваат од преседателот на државата.
Статистика
уредиНајголемиот врој департмани имаат 3-4 окрузи. Департманот Париз[2] и Територијата Белфор имаат само еден, додека пак Мозел има девет.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Број на окрузи оп регион - Служба за статистика на Франција (INSEE) (француски)
- ↑ Париз има голем број на „градски окрузи“, но тие се поинаков тип на единица од окрузите во статијава.