Кантони во Франција

административна единица на Франција

Кантонот (фр. canton) е поситна административна единица во Франција - составен дел од окрузите и департманите.

Освен улогата на организациони единици во извесни сфери на управувањето и јавните служби, главната цел на кантоните денес е да служат како изборни единици за пратеници во Генералното собрание на матичниот департман. Ваквите избори се нарекуваат „кантонски избори“.

Франција има 4.032 кантони.[1] Највеќето од нив се групираат во разни општини (најситната админ. единица), но поголемите општини содржат повеќе кантони, бидејќи кантоните се предвидени да бидат приближно еднакви по површина и население – за разлика од општините кои можат да имаат милиони жители (Париз), па сè до еден човек по општина (Рошфурша).

Историја

уреди

Кантоните се создадени во 1790 г., заедно со департманите од страна на Револуционерниот комитет за поделба на територијата (Comité de division).

Управна улога

уреди

Кантоните, во основа, имаат за задача да бидат единици во департманските избори. Секој кантон избира по едно лице да го претставува во Генералниот совет на департманот (главната административна единица во земјата).

Во урбаните подрачја, една општина обично има неколку кантони. Во руралните подрачја е обратно - неколку општини образуваат еден кантон. Во тој случај управата, службите жандармеријата во најкрупното населено место (chef-lieu). Постојат и некои исклучоци, каде два кантона имаат еден главен град, и тогаш градот не припаѓа на ниеден од нив.

За статистички цели (INSEE), 20-те окрузи во Париз понекогаш се сметаат за кантони, но немаат поголема изборна функција.

Кантоните се воедно и правосудни окрузи, седишта на окружни (основни) судови (Tribunaux d'instance).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди