Лехово (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција

Лехово или Елеово (грчки: Λέχοβο, Лехово; 1955-1956 г. Ηρωϊκό, Ироико[2][3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.115 жители (2011), од кои мнозинството се Албанци (Арванити).[4]

Лехово
Λέχοβο
Поглед на Лехово
Поглед на Лехово
Лехово is located in Грција
Лехово
Лехово
Местоположба во областа
Лехово во рамките на Суровичево (општина)
Лехово
Местоположба на Лехово во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°35.4′N 21°29.32′E / 40.5900° СГШ; 21.48867° ИГД / 40.5900; 21.48867
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЛехово
Надм. вис.&10000000000000900000000900 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.115
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено 60 км јужно од Лерин, на главнииот пат од Суровичево за Костур. Лежи во подножјето на Врбишка Планина, која е јужен дел на Вич (Вици). Во неговиот атар денес е и земјиштето на селото Врапчин, напуштено во 1980 г.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Како што може да се види до неговото име, селото првично било македонско. Во XIX век претрпело демографска промена кога во него се населиле Албанци христијани (Тоски) и малку влашки семејства од Епир. Преселбата се случила поради неподносливите услови за живот на епирските разбојничките банди, во истиот бран кога нивните сонародници ги населиле и другите лерински села Бел Камен, Негован и Елово. Во 1868 г. во селото е изградена црквата „Св. Димитриј“, која денес е споменик на културата.[5] На крајот на векот Лехово станало голема паланка со албанско и влашко население, кое било со прогрчка настроеност. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника се вели дека во 1873 г. Елеово (Eléovo) имало 300 домаќинства и 900 жители Албанци.[6]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Лехово:

Спроти Клисура, во друг дел на планината Мурик, на растојание од 4 12 часа е сместено арнаутското гратче Лахово со 130 куќи, од кои има и некои влашки. Освен месните селски расходи, данокот им достига 9.800 пијастри. Жителите претежно се занаетчии (дрводелци) и земјоделци. Повеќето од нив, како и клисурци, одат на печалба по разни места и работат како дрводелци, овчари и друго. Почвата е неплодна, страда од суши и воопшто, како планинска е непогодна за земјоделство. Во селото има две цркви со двајца свештеници и едно училиште чиј учител е свештеник.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) 1900 г. Елеово (Елехово) имало 750 жители Арнаути и 90 жители Власи.[8] Според грчки податоци, во селото живееле 2.500 албанојазични лица со грчка национална свест.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Елеово се води како чисто албанско православно село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 150 куќи.[9]

Речиси целото население ѝ било верно на Цариградската патријаршија. Гратчето било упориште на грчките и гркоманските андарти кои војувале со македонските чети на ВМРО.[10] За време на Илиденското востание селото е запалено од турски единици.[11]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Елеово имало 90 Власи и 750 Албанци, и во него работело влашко училиште.[12] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Лехово имало 380 албански куќи, испуштајќи ги влашките.[4]

Во Грција

уреди
 
Етнографскиот музеј

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.691 жител.[4] Во 1920 г. тие се намалиле на 1.172 лица, а во 1928 г. селото имало 1.292 жители.[4]

Во 1940 г. во Лехово е забележан пораст на 1.477 жители.[4] Во Втората светска војна селото настрадало во борбите меѓу германски единици и грчка паравоена чета, кога било запалено.[13] Бидејќи не настрадало значајно во Граѓанската војна, во 1951 г. тука живееле 1.195 лица.[4] Во 1955 г. грчките власти го смениле македонското име на селото во Ироико, што значи „јуначко“. Поради силното противење на населението, следната година му е вратено името Лехово. Во 1998 г. Лехово е прогласено за село-херој. Бројот на населението е устојчив, иако уште одамна постои традиција на иселување во внатрешноста на Грција, како и одење во прекуокеанските земји.[4]

Според истражување од 1993 г. селото е албанско (арванитско) и во него албанскиот јазик (тоскиско наречје) е зачуван на средно ниво, а влашкиот на ниско.[14]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.477 1.195 1.177 1.205 1.194 1.329 1.227 1.115
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Стопанство

уреди

Главно занимање на жителите е ѕидарството, а во помала мера се застапени земјоделството, сточарството и шумарството.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ηρωϊκόν -- Λέχοβον
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ηρωϊκόν -- Λέχοβον
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 160–161.
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/51769/1231/26-1-1987 - ΦΕΚ 281/Β/9-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-30. Посетено на 10 мај 2015.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 110-111.
  7. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.144-145.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
  10. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 45.
  11. Автономија“, бр. 43, наведено во: Тзавела, Христофор „Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев“, София, 2003, стр.23.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  13. Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Иноформацијата може да се однесува на селото Елово.
  14. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Надворешни врски

уреди