Негован (Леринско)
Негован (грчки: Φλάμπουρο, Фламбуро; до 1928 г. Νεγοβάνη, Неговани;[2] албански: Negovan(i)) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 420 жители (2011).
Негован Φλάμπουρο | |
---|---|
Координати: 40°42.21′N 21°31.19′E / 40.70350° СГШ; 21.51983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Кучковени |
Надм. вис. | 780 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 420 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено 15 км југоисточно од Лерин, во подножјето на разграноците на Нередска Планина наречени Темен Врв и Невешка Планина.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо османлиските дефтери на христијанското население на Леринскиот вилает од 1626-27 г. се вели дека Негован има 15 христијански домаќинства[4].
Сè до почетокот на XIX век Негован било македонско село, но речиси целото население го напуштило поради разбојништвото во тој период. Кон средината на тој век тука се доселиле епирски Албанци христијани (т.е. Тоски) и помал број Власи, а со време и мал број македонски семејства од околината.[3] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) селото било обновено околу 1860 г. од Албанци преселници од селото Пеликат, Коничко во Епир.[5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Негован е посочен трипати — еднаш како Неговин (Négovine) од Леринската каза со 60 домаќинства и 126 жители Македонци, вторпат како Неговани (Négovani) од Леринската каза со 45 домаќинства со 160 жители Македонци и третпат како Негован (Négovane) во Костурската каза со 20 домаќинства и 85 жители Албанци.[6] Изгледа дека првите два податока се однесуваат на селото пред да биде иселено и одновно пренаселено.
На крајот од XIX век Негован било големо село со христијанско прогрчко албанско и влашко население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Негован имал 620 жители Арнаути и 100 жители Власи.[7] Грчката пропаганда меѓу населението била многу успешна, веројатно уште кога живееле во Епир. Сите жители биле приврзаници на Цариградската патријаршија. Според некои автори, заедно со соседните грокмански албанско-влашки села Бел Камен и Лехово, Негован бил упориште на грчките андарти, во нивната борба против македонските чети на МРО.[8] Според други автори, Негован било село кое „симпатизира со Македонците и ги прима сите чети“.[9][10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Неговар се води како мешано село населено со Албанци, Власи и Македонци во Леринската каза на Битолскиот санџак со 331 куќа.[11]
Во 1897 г. отецот Кристо Неговани отворил албанско училиште и направил обид да ја разбуди албанската национална свест меѓу соселаните. Меѓутоа, на 12 или 13 февруари 1905 г. Неговани е убиен од четата на Јоанис Пулакас по порачка на костурскиот владика Германос Каравангелис. При истото влегување во Негован, Пулакас ги убил и Власите Г. Томаидис и поп Теодосиј, застапници на романската пропаганда, како и Македонците Типе и Нико, роднини на Митре Влаот.[12]
Егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) дава речиси двојно повеќе жители за 1905 г. — 1.080 Албанци христијани, 300 Власи, 110 „Грци“ (погрчени) и 96 Македонци, сите под патријаршијата.[9][13]
Според грчки податоци во селото имало 100 албанојазични и 100 влахојазични семејства под патријаршијата (гркомани) и 50 Власи со романска свест.
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.133 жители.[3] За време на војната Грците го убиле негованскиот свештеник Кирил.[14] Во 1920 г. Негован се намалил на 828 лица, веројатно како последица од војните. Во 1928 г. селото е преименувано во Фламбурон, што значи „знаме“.[15] Во 1932 г. е забележано дека во Негован живееле 210 семејстваа, од кои повеќето зборувале албански (тоскиско наречје), а мал дел македонски и романски. Од нив, 44 семејства биле со „изјавена романска свест“. Во 1940 г. во селото се попишани 1.170 жители[3] кои во 1945 г. станале 1.346, наводно сите со грчка национална свест.
Селото не настрадало во Граѓанската војна, па оттука само малку лица се иселиле во Р Македонија и источноевропските земји, но и покрај тоа бројот на жителите бележел пад. Ова намалување продолжило во следните десетлетија и трае до денес, претежно заради иселување во прекуокеанските земји и поголемите градови.[3]
Во истражување од 1993 г. е утврдено дека селото е чисто албанско и дека во него албанскиот јазик е зачуван на средно ниво.[16]
Цркви
уреди- „Успение на пресв. Богородица“ (1861)
- „Живоносен Извор“ (1900)
- „Св. Кузман“ (1975)[17]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.170 | 1.028 | 923 | 645 | 556 | 621 | 559 | 420 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиГлавно занимање на сеаните е ѕидарството, како и во другите албански села во Леринско. Делумно се застапени сточарството и земјоделството.[3]
Личности
уреди- Родени во Негован
- Атанас Димитриј — зограф од XIX век, во 1889 г. Насликал икони за црквата „Св. Никола“ во Брајчино[18] и иконата „Пресвета Богородица Патоводителка“ (1840) во храмот „Св. Никола“ во Штрково со потпис „ιά χειρ(ός) Αθανασίου Δημη(τρίου)“[19]
- Васил Неговани (? – 1910) — албански духовник
- Капетан Дедо Георги Неговански — македонски ајдутин и револуционер
- Кристо Неговани (1875 – 1905) — албански духовник, општественик и писател
- Никола Христов (1885 – 1927) — македонски револуционер
- Кочи Ѕоѕе (1917 – 1949) — албански политичар
- Георги Сидер — гркомански андартски капетан
- Илијас Пинис — гркомански андартски капетан
- Николаос Пинопулос — гркомански андартски капетан
- Починти во Негован
- Андонис Зоис (? – 1941) — гркомански андартски капетан
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Ανωνύμου, "Η Νεγοβάνη", Μακεδονικό Ημερολόγιο 1908.
- Βόγας, Αναστάσης, “Φλάμπουρο Φλωρίνης, 1861-1944”, Φλώρινα 1993.
- Στυλιάδης, Χαράλαμπος Ι., "Το χωριό Φλάμπουρο (Νεγοβάνη), Ν. Φλώρινας", Θεσσαλονίκη 1990.
- Στυλιάδης, Χαράλαμπος Ι., “Λαογραφικά του γάμου στα χωριά Φλάμπουρο και Δροσοπηγή Νομού Φλωρίνης”, Θεσσαλονίκη 1993.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Πανδέκτης - Μετονομασίες
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 164.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 334
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 88.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82-83, 84-85 и 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр.44 и 48.
- ↑ 9,0 9,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Матов, Милан. За премълчаното в историята на ВМРО. Спомени, Второ издание София 2011, с. 122.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
- ↑ „Δ. Λιθοξόου - Η είσοδος του Τσόντου Βάρδα“. Архивирано од изворникот на 2013-01-25. Посетено на 2019-12-11.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр. 25.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
- ↑ Потал на поранешната општина Кучковени[мртва врска] (грчки)
- ↑ Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 13. Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 264. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2019-12-11.
Надворешни врски
уреди- Негован (Леринско) на Ризницата ?
- Негован (Фламбуро) — профил на грчки географски протал (грчки)