Врапчин

поранешно село во Леринско, Егејска Македонија

Врапчин (грчки: Χειμάδιο, Химадио, или Χειμάδιον, Химадион, до 1928 година Βράπτσιν, Врапцин или Βράψιν, Врапсин[1]) - раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Суровичево, во областа Западна Македонија. Со пописите од 1981 и 1991 година жителите се вклучени во соседното село Сребрени[2].

Врапчин
Χειμάδιο
Врапчин is located in Грција
Врапчин
Врапчин
Местоположба во областа
Врапчин во рамките на Суровичево (општина)<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -1452.4%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Врапчин
Местоположба на Врапчин во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°35′N 21°33′E / 40.583° СГШ; 21.550° ИГД / 40.583; 21.550
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаЛехово
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (1981)
 • ВкупноВклучено во Сребрени
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Врапчин е сместено на самиот западен брег на Врапчинско Езеро (Рудничко Езеро). Селото се наоѓа на надморска висина од 600 м. Всушност тоа било колибарска населба на селаните од Сребрени.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство во селото живеел турски семејства кои се иселиле за време на Првата балканска војна.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врапчин се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[3]

Селото било напуштено во текот Грчката граѓанска војна[2].

Демографија

уреди

Милоевиќ наведува дека во селото живееле 8 турски семејства. Истите се разбегале за време на Првата балканска војна, а имотите ги откупиле Македонци од соседното Сребрени. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 28 жители (заедно со соседното Инско)
  • 1920 - 47 жители
  • 1928 - 56 жители
  • 1940 - 15 жители
  • 1951 - не се спомнува како населба
  • 1961 - 23 жители
  • 1971 - 8 жители
  • 1981 - вклучени во Сребрени

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βράπτσιν - Χειμάδι
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 145.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.

Надворешни врски

уреди