Демографија на Лесото
Според податоци од 2006 година, населението на Лесото изнесува 1 872 721 луѓе.
Старосна структура
уредиЕтнички состав
уредиЛесото има население од околу 1.881 милиони жители, според пописот од 2006 година. Од вкупното население на Лесото, 25 % живее во урбаните и 75 % во руралните средини. Сепак, се проценува дека годишниот пораст на урбаната популација е за 3,5 %. Густина на населението е пониска во планините. И покрај тоа што мнозинството од населението- 60,2 %, се наоѓа помеѓу 15 и 64 години, Лесото има значителна младата популација која брои околу 34,8 % од вкупната бројка на население. Годишна стапка на раст на населението е 0,116 %.
Религија
уредиХристијанството е доминантна религија во Лесото.[1] 90 % од населението на Лесото се христијани. Католиците, најголемата верска група, сочинуваат околу 45 проценти од населението. Евангелистите сочинуваат 26 проценти од населението и англиканците и други христијански групи ги сочинуваат дополнителни 19 %. Останатите 10 % се припадници на останати религии.
Јазик
уредиГлавниот јазик во државата е сото (сесото), кој е и првиот официјален административен јазик. Покрај сесото и англискиот јазик е службен јазик во државата.
Наводи
уреди- ↑ International Religious Freedom Report 2007: Lesotho. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
Надворешни врски
уреди„Демографија на Лесото“ на Ризницата ? |