Ласло Мартон
Ласло Мартон (унгарски: Márton László), (1959, Будимпешта, Унгарија -) е современ унгарски писател (драматург и прозаист) и есеист.
Ласло Мартон Márton László | |
---|---|
Роден/а | Ласло Мартон 23 април 1959 Будимпешта, Унгарија |
Занимање | писател |
Националност | Унгарија |
Животопис
уредиЛасло Мартон е роден во 1959 година во Будимпешта. Дипломирал унгарски јазик, германистика и социологија на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Од 1983 година, работи како уредник во издавачката куќа "Хеликон".[1]
Творештво
уредиМартон е автор на поголем број прозни дела, а некои од нив се преведени на повеќе европски јазици: германски, бугарски и словачки. Исто така, неговиот расказ "Урнатините на едно ненапишано поглавје" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]
Негови поважни дела се:[3]
- Големото будимпештанско прогонство на страшилата (раскази), 1984 година
- Засолниште (роман), 1985 година
- Пеперутки на шеширот (драми), 1987 година
- Избрани и стопени: размислување за судбината која е неделива (есеи), 1989 година
- Потсвесна станица (роман), 1990 година
- Премин преку огледалото (роман), 1992 година
- Амбиција (роман), 1994 година
- Вистинската приказна за Јакоб Вунсшвиц (роман), 1997 година
- Принудно ослободување (роман), 2001 година
- Небесните три капки крв (роман), 2002 година
- Местото за криење на Минерва (роман), 2006 година
- Не ме повредувај, Вираг! (роман), 2007 година
Признанија
уредиЛасло Мартон е добитник на повеќе награди, како што се:[4]
- Наградата "Милан Фушт", 1988 година
- Книга за литература на иднината, 1989 година
- Наградата "Тибор Дери", 1991 година
- Наградата "Вилмош", 1992 година
- Наградата на Фондацијата Сорос "Деже Костољани", 1993 година
- Наградата "Ерно Сеп", 1993 година
- Книга на годината во Унгарија, 1994 година
- Наградата "Атила Јожеф", 1997 година
- Ловоров венец на Република Унгарија, 2004 година
- Наградата "Миклош Месељ", 2005 година
- Орден за заслуги на Република Унгарија - Витешки крст, 2006 година
- Наградата "Шандор Мараи", 2007 година
Наводи
уреди- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229-230.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 230.