Ланџа или Лимни (грчки: Λίμνη, Лимни; до 1928 г. Λάντζα, Ланѕа[2]) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Лимни бил дел од општина Маслар[3]. Денеска е дел од општина Скепасто[4].

Ланџа
Λίμνη
Ланџа is located in Грција
Ланџа
Ланџа
Местоположба во областа
Ланџа во рамките на Бешик
Ланџа
Местоположба на Ланџа во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°46′N 23°31′E / 40.767° СГШ; 23.517° ИГД / 40.767; 23.517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000380000000380 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно195
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 16
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 24 километри западно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во североисточниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска Планина (Кердилија), на северниот дел на денес исушеното Ланџанско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 380 метри.

Во селото се наоѓа црквата посветена на „Св. Константин и Елена“, изградена во 1952 г.

Историја

уреди

Во XIX век Ланџа било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 жители Турци[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Понд, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови. .

Во 1928 година селото било преименувано во Лимни, или во превод „Езеро[6].

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 24 семејства и со 79 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 226 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 261 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 340 жители, во 1971 година имало 277 жители, во 1981 година имало 235 жители, додека во 1991 година имало 202 жители[8] а во 2001 имало 256 жители[9]. Денеска, населението на селото е 232 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 226 261 340 277 235 202 256 232 195
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 7 мај 2024.
  3. 3,0 3,1 Kallikratis law Архивирано на 13 ноември 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име census11.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  6. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  7. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  9. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-07.

Надворешни врски

уреди