Ќуркчилер
Ќуркчилер (грчки: Κρήνη, Крини)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Ќуркчилер Κρήνη | |
---|---|
Координати: 41°15′N 24°33′E / 41.250° СГШ; 24.550° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Караџаќој |
Надм. вис. | 200 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 8 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 56 километри североисточно од градот Драма и на 6 километри источно од центарот на општината, Бук.
Селото се наоѓа на надморска височина од 200 метри.
Историја
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 62 жители Турци[4].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Крини.[3] Кон 1928 година селото било целосно бегалско со 17 семејства и вкупно 72 лица[5].
Демографија
уредиВо 1940 година селото броело 155 жители, на пописот од 1951 имало 152 жители, 1961 година во селото живееле 112 жители, во 1971 година имало 75 жители, во 1981 година имало 17 жители, додека во 1991 година имало 22жители[6]. Денеска, населението на селото е 8 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155 | 152 | 112 | 75 | 17 | 22 | 15 | 8 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
- ↑ 3,0 3,1 „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 34.