Василиј Медведев (18 декември 1957, Грозни, Русија) - руски кореограф.

Животопис

уреди

Во 1976 година, Медведев дипломирал на Академијата за руски балет „Ваганова“ во Санкт Петербург, а подоцна и на конзерваториумот „Николај Римски-Корсаков“.[1]

Творештво

уреди

Во текот на својата кариера Медведев работел на над 40 балети со повеќе познати ансамбли: Хрватскиот национален балет, Националниот балет на Мексико, Чешкиот национален балет, Националниот балет на Панама, Балетот „Перм“, Словачкиот национален балет, Романскиот национален балет, Литванскиот национален балет, Бољшој балетот (со „Есмералда“) и Штатсбалетот од Берлин (со „Есмералда“ и „Оревокршачка“). Последните два балета биле пренесувани во живо во повеќе земји, а биле издадени и на ДВД. Исто така, познати се неговите верзии на балетите: „Корсар“, „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“, „Копелија“, „Катја и принцот од Сијам“, „Ромео и Јулија“, „Саломе“, „Дамата со камелии“ и „Пепелашка“. Во 2016 година го поставил балетот „Клеопатра“ чија светска премиера била одржана во Скопје. Медведев извршувал и повеќе функции, како: претседател на „Petipa Heritage Fund“, основач и уметнички директор на меѓународниот балетски фестивал „Dance Open“, почесен уметник на Естонија, член на Меѓународниот совет за танц при УНЕСКО, професор на Академијата за руски балет итн. Исто така, тој бил консултант на „Kremlin Gala Stars of the 21st Century“. За кореографијата на балетот „Онегин“ Медведев ја добил наградата „Pushkin Legacy Ballet Award“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 16.