Котугери
Котугери или Кутугери (грчки: Καισαριανά, Кесаријана, до 1926 г. Κουτούγερη, Кутугери или Κατούγερη, Катугери[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 81 жител (2011). Сè до 1924 г. населението било исклучиво македонско.[3]
Котугери Καισαριανά | |
---|---|
Координати: 40°45.70′N 22°03.81′E / 40.76167° СГШ; 22.06350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 81 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиОва е полупланинско село, сместено на 8 км од градот Воден, на надморска височина од 140 м.[3]
Историја
уредиСредновековие
уредиСе претпоставува дека селото го добило називот кој византиските власти го користеле за богомилските калуѓери кои живееле тука.[3]
Османлиско време
уредиНа крајот од XIX век Котугери е забележано како чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ 1873 г. Котуери (Cotouyéry) е посочено како село во Воденската каза со 12 куќи со 56 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живет 60 жители Македонци[4].[6]
Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Катугери (Katougueri) имало 48 Македонци[4] под патријаршијата.[7]
Потпаѓање под Грција
уредиСо Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 44 жители[3]. Во 1924 г. македонското население се иселило и на негово место се донесени грчки бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Кесаријана. Во 1928 г. Котугери било аселено исклучиво со Грци доселеници — 38 семејства со вкупно 134 жители.[8]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 94 | 123 | 116 | 91 | 99 | 116 | 81 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Котугери и градот Воден, спаѓаат и селата Пачарешко и Црковјани.
Стопанство
уредиСелото е стопански пасивно, а главни гранки се полоделството (жито) и овоштарството (праски и јаболка).[3]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κουτούγερη - Καισαριανά
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 50–51.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.148.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.