Пачарешко
Пачарешко или Пачарешќој (грчки: Προάστιο, Проастио; до 1926 г. Πατσαρέσκιοϊ, Пацаресќој[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 43 жители (2011) и сè до 1924 г. било исклучиво македонско.[3]
Пачарешко Προάστιο | |
---|---|
Координати: 40°46.90′N 22°03.50′E / 40.78167° СГШ; 22.05833° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 43 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа околу 3 км јужно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен. Оддалечено е околу 500 м од главниот пат и се наоѓа на надморска височина од 140 м.[3]
Историја
уредиСо Букурешкиот договор во 1913 г. Пачарешко е припоено кон грчката држава. Во 1924 г. се доведели Грци-бегалци Во 1926 година селото е прекръстено на Проастио.[4] Во 1928 г. Пачарешко имало веќе претставувало мешано мештанско-доселеничко со 13 доселенички семејства со вкупно 56 члена.[5]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 91 | 41 | 84 | 64 | 61 | 61 | 48 | 43 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Пачарешко, спаѓаат градот Воден и селата Котугери и Црковјани.
Стопанство
уредиГлавно занимање на населението се земјоделството, овоштарството и сточарството.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πατσαρέσκιοϊ -- Προάστειον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 55.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.