Црковјани (Воденско)

село во Воденско, Егејска Македонија

Црковјани или Црковени (грчки: Εκκλησιοχώρι, Еклисиохори или Κλησοχώρι, Клисохори; до 1926 г. Τσερκόβιανη, Церковјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 683 жители (2011). До 1924 г. населението било чисто македонско, а денес е мешано.[3]

Црковјани
Εκκλησιοχώρι
Поглед на Црковјани
Поглед на Црковјани
Црковјани is located in Грција
Црковјани
Црковјани
Местоположба во областа
Црковјани во рамките на Воден (општина)
Црковјани
Местоположба на Црковјани во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.80′N 22°03.93′E / 40.81333° СГШ; 22.06550° ИГД / 40.81333; 22.06550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000380000000380 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно683
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Црквата „Св. Јован Претеча“ во Црковјани

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 3 км североисточно од Воден (Едеса), во поднижјето на планината Ниџе, на надморска височина од 380 м.[3] Сместено е крај самиот пат од Воден за С’ботско.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Црковени (Tzerkovéni) имало 78 куќи со вкупно 300 жители, сите Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото имало 320 жители, сите Македонци[4] християни и 3 Македонци[4] муслимани.[6] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Церковени (Tzerkoveni) има 160 Македонци под егзархијата.[4][8] Милоевиќ во истиот период регистрирал 20 македонски куќи.[3]

Со Букурешкиот договор Црковјани било припоено кон грчката држава, кога имало 103 жители.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Еклисиохори, што е буквален грчки превод на македонското име.[9] Во 1920 г. Црковјани имало 120 жители (сите Македонци), но во 1924 г. властите доселиле 127 Грци-бегалци од Понд. Во 1928 г. селото имало 456 жители[3], од кои 143 (32 семејства) биле доселеници.[10]

Во 1940 г. Црковјани имало 386 жители, од кои половината Македонци, а другата половина — доселени Грци.

Во Втората светска војна селото е окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.[11]

Во 1947 г. НОФ го завел селото со 450 жители, од кои 250 Македонци и 200 доселеници.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 386 383 404 524 436 371 415 683
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде спаѓаат и градот Воден и селата Котугери и Пачарешко.

Стопанство

уреди

Селото важи за прилично сиромашно. Главни производи се житото и овошјето.[3]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερκόβιανη -- Εκκλησιοχώριον
  3. Отиди кај: 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 59.
  4. Отиди кај: 4,0 4,1 4,2 4,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158-159.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 149.
  7. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  9. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. Мичев, Добрин. „Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)“