Ирина Хазарска
Чичак или Ирина Хазарска (турски: Çiçek, грчки: Ειρήνη;? - 750) била хазарска принцеза и византиска царица (732-752), прва сопруга на царот Константин V Копроним.
Ирина Хазарска | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиска царица | |||||
Роден(а) | 8 век | ||||
Починал(а) | 750 | ||||
Сопружник | Константин V Копроним | ||||
Деца | Лав IV Хазар | ||||
| |||||
Династија | Сириска династија | ||||
Татко | Бихар |
Според Теофан Исповедник, Чичак била ќерка на хазарския ханот Бихар, а според патријарх Никифор таа била негова сестра. Во 735 Чичак, која веќе го имала прифатено христијанството и грчкото име Ирина, била омажена за синот на византискиот цар Лав III Сириец, Константин, кој подоцна се качил на византискиот престол како Константин V Копроним. Овој династички брак го зацврстил сојузот меѓу Византија и Хазарскит хаганат, кои имале заеднички непријател во лицето на Арапскиот калифат.
Во Цариград Чичак започнала да ги изучува напорно основите на христијанската вера, запознавајќи се подетално со Евангелието. Теофан Исповедник ја претставува како исклучително божествена жена и гледал во неа целосна спротивност на свекорот и нејзиниот сопруг. Лав III и Константин V биле поддржувачи на иконоборството, додека Теофан Исповедник бил иконопочитател. Веројатно неговите пишувања дошле до израз кај самата Ирина, која започнала да ги споделува ставовите на хронистот[1].
Со името на Чичак-Ирина се поврзува и навлегувањето во византискиот двор на нова мода во машката облека, под влијание на хазарскиот начин на облекување - т.н. чичакион.
Царот Лав III починал на 18 јуни 741 година, по кое на престолот се качил Константин V, а Чичак-Ирина била прогласена за негова царицата.
На 25 јануари 750 година Чичак-Ирина го родила идниот цар Лав IV Хазар. Во врска со овој настан, името на Чичак-Ирина се споменува за последен пат во изворите. На следната година Константин V веќе бил оженет за својата втора сопруга. Се претпоставува дека Чичак починала при или непосредно по раѓањето на нејзиниот син.[1]
Според истражувањата името Чичак произлегува од турски збор "çiçe", која значи цвет.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Kevin Alan Brook. The Jews of Khazaria. 2nd ed. Rowman & Littlefield Publishers, Inc, 2006.
- Douglas M. Dunlop. The History of the Jewish Khazars, Princeton, N.J.: Princeton University Press, 1954.
- The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
Надворешни врски
уредиПретходник Марија |
Список на византиски царици 741–750 со Ана (741–743) |
Наследник Марија |