Артавазд Иконољубец

Артаваздвизантиски војководач со ерменско потекло кој го узурпирал престолот од јуни 741 година до ноември 743 година. Неговот владеење е одбележано со узурпација на Константин V, кој се стекнал со владение на наколку теми во Мала Азија.

Артавазд
Цар на Византија
Печатот на Артавазд како куропалат
На престолјуни 741 – ноември 743
ПретходникКонстантин V
НаследникКонстантин V
Роден(а)непозната
Починал(а)743
ПридружникАна
ДецаНикидор, Никета
Полно име
Արտավազդ,Артавазд
ДинастијаСириска династија

Издигнување на власт

уреди

Во 713 година, царот Анастасиј II го назначил ерменецот Артавазд за владетел (стратег) на Ерменија, наследник на ерменската армија, која се наоѓала на територијата на Понт, Мала Ерменија, и северна Кападокија, со главен град во Амазија. По падот на Анастасиј, Артавазд направил договор со неговиот соработник Лав III, владетелот на Анадолија, соборувањето на новиот цар Теодосиј III. Овој договор бил запечатен со свршувањето на ќерката на Лав Ана за Артавазд, и бракот се случил откако Лав III седнал на престолот во март 717 година.

Артавазд ја стекнал титулата куропалат и станал водач на Опсикија, но сепак ја задржал и првичната команда. Во јуни 741 или 742 година, по стапувањето на престолот на синот на Лав Константин V, Артавазд ил решен да го зграби престолот и го нападнал својот шура додека истиот патувал низ Мала Азија да се бори со арапите на источната граница. Константин пребегнал во Аморион, Артавазд го заел Цариград сред силна поддршка и бил крунисан за цар.

Владеење и пропаст

уреди

Артавазд ја укинал верската олитика на неговиот претходник за иконоборство и го воспоставил повторно православието со поддршка и од папата Захариј. Наскоро по неговото стапување на власт, Артавазд ја крунисал сопругата Ана за Августа а неговиот син Никифор за совладетел, додека пак другиот син Никита за водач на ерменската тема. Но додека Артавазд можел да се потпре на поддршката на темите Тракија и Опсикија, Константин за себеси ја обезбедил поддршката на Анадолската и Thracesian themes.

Неизбежниот судир се случил во мај 743 година, кога Артавазд водел напад против Константин но бил поразен. Подоцна истата година Константин го празил Никита, и на 2 ноември 743 година Артаваздовото владеење завршило, кога Константин V влегол во Цариград и го заробил својот непријател. Артавазд и неговите синови биле јавно ослепени и испратени во Хлорскиот манастир во предградијата на Цариград.[1] Датумот на неговата смрт останува непознат.

Семејство

уреди

Апоред Ана, ќерката на царот Лав III, Артавазд имал 9 деца, меѓу кои се и:

  • Никифор, кој бил совладетел од 742 до 743 година.
  • Никита, кој бил стратег на Ерменија од 742 до 743 година.

Наводи

уреди
  1. Garland 2006, стр. 9
  • Garland, Lynda (2006). Byzantine women: varieties of experience 800–1200 (2006. изд.). Ashgate Publishing. ISBN 0-7546-5737-X. - Total pages: 226

Дополнителна литература

уреди
  • Venetis, Evangelos (31 July 2003). „Artabasdos (Byzantium)“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 2010-04-27.
Артавазд Иконољубец
Роден(а): непознато Починал(а): 743
Владејачки титули
Претходник
Константин V
Византиски цар
741/2–743
Наследник
Константин V