Марија (сопруга на Константин V)

Марија (починала во 751) била византиска царица, втора сопруга на царот Константин V Копроним.

Марија
Византиска царица
Роден(а)8 век
Починал(а)751
СопружникКонстантин V Копроним
Полно име
Марија
ДинастијаСириска династија

Марија се омажила за Константин V околу 750 - 751 година. Ова бил втор брак на царот. Првата сопруга на Контантин V, Ирина Хазарска, починала најверојатно при раѓањето на нивниот син - Лав IV Хазар.

Според хрониката на патријархот Никифор, Марија починала во исто време кога Лав IV Хазар бил крунисан за соцар. Причината за нејзината смрт е непозната.

Марија починала без да роди деца на Константин V. По смртта Константин се оженил за Евдокија од која имал шест деца.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Ирина Хазарска
Византиска царица
750–751
Наследник
Евдокија