Константин I и христијанството
Константин I Велики | |
---|---|
Мозаик од Аја Софија, Цариград, околу 1000 | |
13-ти Апостол | |
Роден | 27 февруари 272 во Ниш, Римско Царство (денеска Србија) |
Починал | 22 мај 337 во Никомедија, Римско Царство (денешен Измит, Турција) |
Канонизиран од | Православна црква |
Погребан | Црква Свети Апостоли |
Празник | 21 мај |
Атрибути | In hoc signo vinces, Labarum |
Тропар од византиски минеј | Your servant Constantine, O Lord and only Lover of Man, beheld the figure of the Cross in the Heavens; and like Paul (not having received his call from men, but as an Apostle among rulers set by Your hand over the royal city) he preserved lasting peace through the prayers of the Theotokos. |
Римскиот цар Константин Велики го прифатил христијанството по неговата победа во Битката на Милвианскиот мост во 312 година[1]. Во текот на неговото владеење, христијанството станало доминантна религија во Римското Царство, а со ова тој станал и првиот христијански император, кој од страна на денешната Православна црква се смета за светец.
Константин пред битката погледнал нагоре кон сонцето и видел голем светлосен крст со натпис на грчки: "ΕΝ ΤΟΥΤΩ ΝΙΚΑ" По ова, Константин наредил штитовите на секој војник да се украсат со христијански симбол (Чипо)[2] . Во битката, Константин излегол на крај како победник и завладеал со целата империја. Колку Константин го прифатил христијанството во тој период е тешко за објаснување. Највлијателните соработници на Константин сѐ уште биле со пагански обичаи. На римските монети, кои биле направени по осум години по Битката на Милвианскиот мост, сѐ уште биле насликани римските богови[3].
Христијанската свест на Константин Велики му била наложена од неговата мајка, Света Елена. Денес, постои научен спор за тоа дали Константин христијанството го примил во младоста, во текот на својот живот или непосредно пред смртта.[3].
Константин Велики има голема улога во историјата на христијанството. Тој е еден од главните финансиери на црквата, изградил многу базилики, ја ослободил црквата од многу даноци и на тој начин го помагал распространувањето на христијанството. Во периодот од 324 до 330 година ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, град кој подоцна во негова чест е наречен Цариград. Градот го изградил во духот на новата религија со многу цркви и со одбранбени ѕидини. Во Новиот Рим, како што бил нарекуван, не постоеле пагански храмови. Константин бил крстен на смртното легло.
Заднина
уредиПрвите три века од историјата на христијанството се проследени со жестоко прогонување на христијанските верници, но сепак бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал. Во 4 век за време на римските цареви Диоклецијан и Максимилијан, прогоните биле најжестоки. Биле разрушени голем дел од христијанските храмови, христијанските книги биле забранети и палени, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања.
Во времето на Констанциј Флор, татко на Константин, односот кон христијаните започнал да се променува. Константин бил најстариот син на римскиот цар Констанциј Флор, и царицата Света Елена. Констанциј имал и други деца од друга жена, а со Елена го имал само Константин. Кога татко му починал во Англија во 306 година како император на римскиот престол, Константин го заменил на императорскиот престол.
Мајка му Елена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка на душата гледал како римските војници ги мачат и убиваат христијаните. Кога станал император тој раководел со мудрост и разбирање за сите поданици на империјата.
Битката на Милвианскиот мост
уредиПо смртта на Галериј во 311 година, римската империја била управувана од страна на Максенциј (306–312), Максимин Даја (310–313), Лициниј (308–324) и самиот Константин. Максенциј, исто како и Константин, посакувал својата власт да не се ограничува со налозите дадени од страна на останатите владетели односно од страна на Тетрахијата.
Во текот на 312 година, Константин со 40.000 војници се упатил од Британија кон Италија. Од друга страна пак, Максенциј го чекал Константин со армија од околу 75.000 до 120.000 војници. Така, според легендата, пред битката против Максенциј, истата година, Константин размислувал на кој бог да му се моли. Еден ден околу пладне, на небото видел нишан - светол крст и напис: “Со овој знак ќе победиш”. Тоа го виделе и неговите војници. Потоа следната ноќ на Константин и во сонот му се јавил Спасителот со истиот знак и му рекол да направи војнички знак како тој што го видел на небото, да го носи пред војската и ќе го победи непријателот. Утрото им го раскажал сонот на своите пријатели и веднаш повикал златари за да го направат крстот онака како што тој им го опишал.
Со овој знак Константин влегол во борба против Максцениј, кој со силна војска бил утврден во близината на Рим и лесно го победил. Бегајќи со многу војници Максцениј се удавил во реката Тибар на 28 октомври 312 година. Константин влегол во Рим, радосно пречекан од населението затоа што го ослободил градот.
Во 314 година Лициниј се ставил на страната на Басијан, против Константин I Велики. Во оваа граѓанска војна, Константин I го победил Линциј во Панонија на 8 октомври 314 година. Иако претрпел уште еден пораз, повторно дошло до склучување на мир, во кое Лициниј ја добил Тракија, Сирија и Египет. Подоцна, Константин I Велики започнал повторно војна со Лициниј, заробувајќи го во Византион, денешен Истанбул. По ова тој бил преместен во Солун во т.н. куќен притвор. Кога се обидел да дигне повторно револт, Константин I Велики наредил да биде убиен.
Милански едикт
уредиПо огромната победа во Рим, Константин донел закон, познат под името Милански едикт во 313 година, со кој го забранил прогонувањето на христијаните, им дозволил да градат храмови и во нив да се молат. Константин среде Рим подигнал споменик на овој знак со што означил дека тој е чувар на Римското Царство. Подоцна изградил и статуа со својот лик со крст во десната рака и со напис на латински јазик: ”Со овој спасоносен знак што е сведоштво на вистинската храброст го ослободив нашиот град од јаремот на тиранското владеење, на сенатот и на римскиот народ им ја вратив слободата и поранешниот украс и сјај”.
Покрстување
уредиСпоред христијанските верувања, Константин по ова тешко се разболел, а лекарите му советувале да се избања во крв од заклани деца, што тој го одбил. Тогаш на сон му се јавиле светите апостоли Петар и Павле, кои го советувале да го побара епископот Силвестер кој ќе го излекува од страшната болест. Константин ги повикал христијаните и ги прашал дали имаат богови што се викаат Петар и Павле. Тие му одговориле дека имаат само еден бог Исус Христос, а дека Петар и Павле се светци што нему му служеле и дека маченички загинале токму во Рим. Константин го побарал епископот Силвестер, а овој откако го запознал со верата христијанска, го крстил по што и болеста исчезнала. Така Константин бил првиот римски цар што бил крстен.
Според друго предание Константин бил крстен во Никомидија непосредно пред смртта, иако христијанската вера ја исповедувал од многу порано. За време на својот живот Константин изградил повеќе цркви, а тоа го направила и мајка му Елена.
Константин кога победил во битката против Скитите на Дунав, изградил град на Босфор кој по неговото име бил наречен Цариград, Нов Рим или Цариград.
Прв вселенски собор
уредиКога настанале потреси во црквата поради дејствувањето на еретикот Ариј, царот Константин го свикал во Никеја Првиот вселенски собор.
Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена христијанска доктирна. Со создавањето на Никејски симбол на верата, преседан бил создаден според кој за првпат во историјата на црквата бил даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини[4][5].
Наводи
уреди- ↑ [1]
- ↑ R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55; cf. Eusebius, Life of Constantine
- ↑ 3,0 3,1 R. Gerberding and J. H. Moran Cruz, Medieval Worlds (New York: Houghton Mifflin Company, 2004) p. 55
- ↑ Предлошка:Ws
- ↑ „Council of Nicaea in the 1911 Encyclopædia Britannica“. www.1911encyclopeida.org. Посетено на March 14, 2010.