Тропар[1] (грчки: τροπάριονетимологијата не е прецизирана) – основен музичко-поетски жанр на црковната химнографија, суштински елемент на православноa богослужение. Тоа е кратко пеење посветено на настанот или светецот, кој се чествува за време на соодветната служба.

Тропар за шести глас: „Кресту́ Твоему́ покланя́емся Влады́ко, и свято́е Воскресе́ние Твое́ сла́вим.“ „Кондакарь крюковый“, крајот на ХІІ век.

Се јавува како краток пеен коментар на богослужбените текстови. Првите тропари ги следат начелата на ритамритмувана проза и сè повеќе декламативни, но во текот на 16 век конечно ја добиваат формата на песнопеење. Првичните тектстови биле поетизирани, и биле исполнувани со музика.

За прв тропар традицијата го посочува популарниот и до денес исполнуван при богослужбите „Свѣте Тихій“ (Тиха светлина), кој бил определн уште во 4 век од Василиј Велики како чест на „древната традиција на Црквата“. За древен се смета и тропарот „Христос воскресе“, кој исто така се пее и денес. Со тек на времето се појавуваат нови тропари – воскресни, богородични и др.

Во богослужбите на источноправославните цркви, тропарот се потчинува на начелото на осмогласието.

Божиќен тропар уреди

 

глас четврти
Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот
со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа
на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат,
Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,
Господи, Слава Ти!

Наводи уреди

Надворешни врски уреди