Киранли
Киранли (грчки: Μικρολιβάδ, Микроливади)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Киранли Μικρολιβάδι | |
---|---|
Координати: 41°10′N 24°21′E / 41.167° СГШ; 24.350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Бук |
Општ. единица | Нусретли |
Надм. вис. | 290 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 28 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 22 километри источно од градот Драма и на 20 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 290 метри.
Историја
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиДо 1928 година во селото биле населени 73 бегалци од Турција.[5] Во 1928 година селото броело 73 жители, додека во 1940 година селото броело 147 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 132 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 147 жители, во 1971 година имало 39 жители, во 1981 година имало 25 жители, додека во 1991 година имало 30 жители[6]. Денеска, населението на селото е 28 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 147 | 132 | 147 | 39 | 25 | 30 | 28 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35.