Кид Кади

Американски пејач, рапер и глумец

Скот Рамон Сиџуро Мескади (англ. Scott Ramon Seguro Mescudi; роден на 30 јануари 1984), познат и по неговото естрадно име Кид Кади (англ. Kid Cudi; порано стилизирано како KiD CuDi) ― американски рапер, пејач, текстописец, музички продуцент, глумец и моден творец. Го привлекол вниманието на публиката со песната „Day 'n' Nite“, која ја објавил на неговата страница на Мајспејс и која веднаш станала хит на интернет. Дополнителна популарност стекнал со неговиот прв миксиран албум под наслов A Kid Named Cudi (2008). Кон крајот на 2008 година, Кади потпишал договор со издавачката куќа од раперот Кање Вест, GOOD Music.[3]

Кид Кади
Кид Кади во 2010
Роден(а)Скот Рамон Сиџуро Мескади
30 јануари 1984(1984-01-30)(40 г.)
Кливленд, Охајо, САД
ОбразованиеУниверзитет во Толедо (не дипломирал)
Занимање
  • Рапер
  • пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
  • глумец
  • моден творец
  • режисер
  • филмаџија
Активен период2003–денес
АгентДенис Камингс[1]
ТВ програм(и)
  • Ентергалактик
ПартнерЛола Абекасис Сарторе[2]
Деца1
Потпис
Страница
kidcudi.com Уредете го ова на Википодатоците

Во 2009 година го издал неговиот прв студиски албум, Man on the Moon: The End of Day.[4] Кади, во 2011 година, заедно со неговиот долгогодишен соработник и продуцент Dot da Genius, ја основал рок-групата WZRD; нивниот истоимен прв албум објавен во 2012 година дебитирал на врвот на Билбордовата топ-листа за рок-албуми.

Во 2018 година, Кади и Кање Вест го основале дуото Kids See Ghosts и истата година издале албум со исто име. Неговиот сингл од 2020 година, „The Scotts“ (во соработка со Тревис Скот) станала негова прва песна која се искачила на врвот на Billboard Hot 100.

Кади, исто така, основал свои издавачки подружници: сега веќе непостоечката Dream On и неговата дискографска куќа од 2011 година, Wicked Awesome Records.[5][6] Кади глумечката кариера ја започнал во серијата на HBO Како да се направи тоа во Америка во 2010 година и потоа имал улоги во филмовите Goodbye World (2013), Need for Speed (2014), Entourage (2015), Bill & Ted Face the Music (2020), Не гледај нагоре (2021) и Икс (2022). Во 2021 година бил објавен документарниот филм за неговата музичка кариера под наслов „Човек по име Скот“. Во модата и манекенството, Кади соработувал на кампањи за Џузепе Заноти, Вирџил Аблох, A Bathing Ape, Coach New York, Адидас, Келвин Клајн и Levi Strauss & Co., а во 2022 година лансира сопствена линија на облека.

Кади се смета за влијателна фигура во современата хип-хоп-музика.[7][8][9][10] Неговите стихови најчесто се автобиографски и пее за неговите искуства од детството: депресија, осаменост и отуѓеност; за неговата борба со дрогата во подоцнежните години и опфаќал теми за: духовност, скршено срце, дисипацијата и прославувањето. Тој е познат по експериментирањето во музиката и неговите композиции содржат елементи на психоделија, R&B, електроника, синт-поп, денс, хаус, панк и инди-рок. Кади продал над 22 милиони примероци еквивалентни на албум во САД и освоил две Греми награди. Соработувал со музичари од најразлични жанрови, имено: Џеј-Зи, Дрејк, Еминем, Кендрик Ламар, Дејвид Гета, Шакира, Аријана Гранде и Мајкл Болтон.[11][12][13]

Детство и образование

уреди

Скот Рамон Сиџуро Мескади е роден на 30 јануари 1984 година во во Кливленд.[14] Неговата мајка била наставник во средно училиште,[15][16] а татко му бил сликар, заменски наставник и ветеран во воздухопловните сили за време на Втората светска војна.[17][18][19] Кога Мескади имал единаесет години, неговиот татко починал од рак.[20] Бил избркан од средното училиште затоа што му се заканал на директорот, но подоцна вонредно добил диплома за завршено средно образование.[21] Се запишал на Универзитетот во Толедо, но ги прекинал студиите по една година.[22]

Музичка кариера

уреди

2003–2008: Почетоци

уреди
 
Кид Кади настапува на Самерстејџ во Њујорк во јули 2008 година

Кади почнал да рапува во 2003 година, а бил инспириран од алтернативните хип-хоп-групи: Pharcyde и A Tribe Called Quest.[20] Во 2005 година се преселил во Њујорк за да ја продолжи музичката кариера.[14] Во 2006 година, Кади во продавницата за плочи Virgin Megastore, случајно налетал на неговиот иден ментор, раперот и музички продуцент Кање Вест. Тој се претставил и му понуди на Вест дел од неговата музика.[23]

Во 2007 година, Кид Кади на неговата страница на Мајспејс ја поставил песната „Day 'n' Nite“, која потоа станала хит на интернет. Ова дело го привлекло вниманието на тогашниот менаџер на Вест, Plain Pat, кој подоцна истата година го натерал Вест преку неговата дискографска куќа GOOD Music да потпише договор со Кади. Во јули 2008 година, Кид Кади го издал неговиот прв микс, A Kid Named Cudi.[24]

2009–2010: Издавање на албумите Man on the Moon и Man on the Moon II

уреди
 
Кади настапува на МТV во август 2009 година

Првиот албум на Кади, Man on the Moon: The End of Day, бил издаден на 15 септември 2009 година.[25] Водечкиот сингл од албумот „Day 'n' Nite“, најголем комерцијален успех на Кид Кади дотогаш, се пласирал на топ листите во САД и во Европа. Втор објавен сингл бил „Make Her Say“ (оригинално насловен „I Poke Her Face“ и во соработка со Кање Вест и раперот Common), кој содржел семплови од хит-синглот од Лејди Гага „Poker Face“. Албумот наишол на пофалби од музичките критичари и доста добро се продавал; албумот добил четирикратно платинест сертификат од Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA). За неговите синглови „Day 'n' Nite“ и „Make Her Say“ Кид Кади бил номиниран за три Греми награди во 2010 година.[26]

 
Кади во април 2010 г

Во јануари 2010 година, Кади го издал синглот „Pursuit of Happiness“ (во соработка со MGMT и Ratatat), трет и последен сингл од албумот „Man on the Moon: The End of Day“; синглот добил дијамантски (10× платина) сертификат од RIAA.

Неговиот втор студиски албум Man on the Moon II: The Legend of Mr. Rager бил издаден на 9 ноември 2010 година и бил продолжение на неговиот прв студиски албум. Албумот добил претежно позитивни критики од критичарите поради неговата разновидна промена на звукот и континуираната тематика на албумот. Од албумот биле објавени сингловите: „"Erase Me“ (со Кање Вест) и насловната песна од албумот „Mr. Rager.

2011–2012: Основање на групата WZRD

уреди
 
Кади настапува на Глобал денс фестивал во 2011 година во Колорадо

Во октомври 2010 година, Куди објавил дека ќе основа рок-група со неговиот соработник Dot da Genius, привремено наречена Wizard.[27] Името на групата било инспирирано од истоимената песна на британската хеви-метал-група Блек Сабат. Кади двапати го менувал името на групата; во април 2011 година во 2 Be Continuum, и рекол: „Ми требаше нешто пооригинално, нешто поинакво...“. Втор пат тоа се случило во ноември 2011 година, кога групата го добила денешното име WZRD (се изговара: даблју-зи-ар-ди).[28] Првиот албум на групата, WZRD, бил издаден во февруари 2012 година. Албумот стигнал до трето место на американската Билборд 200 топ-листа и се искачил на врвот на Билбордовата топ-листа за рок-албуми.[29][30]

2012–2013: Издавање на албумот Indicud и напуштање на GOOD Music

уреди

Неговиот самопродуциран трет албум, Indicud (2013) се искачил на второто место на Билборд 200. Водечки сингл од албумот бил платинестиот сингл „Just What I Am“ (во соработка со Кинг Чип).[31] Било најавено дека албумот ќе биде објавен на почетокот од 2013 година, а Кади се насочил на снимање филмови. Потоа следувал третиот дел од серијата Man on the Moon.[32]

На 2 април 2013 година, Кид Кади објавил дека повеќе не е под договор со дискографската куќа од Кање Вест, GOOD Music. Тој навел дека тие пријателски се разделиле, дека Вест ја почитувал неговата одлука и дека дека тој секогаш ќе биде неговиот „поголем брат“. Одлуката на Кади да продолжи без Вест, било неговата потреба да се фокусира на неговата дискографска куќа, Wicked Awesome Records, која ја основал со неговиот пријател и колега, раперот Кинг Чип.[29][33][34]

2014–2016: Експериментални албуми

уреди

На 25 февруари 2014 година, Кади го објавил албумот Satellite Flight: The Journey to Mother Moon.[35][36] Албумот добил мешани критики. Кади изјавил дека албумот е увертира за Man on the Moon III: The Chosen.

На 1 август 2015 година, Кади го издал „Confused!“, водечки сингл од неговиот петти албум Speedin' Bullet 2 Heaven. Албумот бил издаден на 4 декември 2015 година и како алтернативен рок-албум жанровски целосно отстапувал од сите негови претходни изданија, со исклучок на WZRD објавен од истоимената група на која тој бил член. Албумот добил мешани критики и се искачил до 36-тото место на американската Билборд 200 топ-листа, со што станал негов албум со најнизок пласман на топ-листата дотогаш.

2016–Денес: Подоцнежни изданија и основање на дуото Kids See Ghosts

уреди

Неговиот шести студиски албум, Passion, Pain & Demon Slayin' (2016), за разлика од неговите експериментални албуми бил подобро примен од критиката. Албумот бил поддржан од водечкиот сингл „Surfin“ (со Фарел Вилијамс) и „Frequency".

Во 2018 година, Кади и Кање Вест основале дуо под името Kids See Ghosts и заедно го продуцирале албумот Kids See Ghosts, кој бил издаден на 8 јуни 2018 година.[37] Албумот бил пофален од критичарите.

На 24 април 2020 година, Кади соработувал со Тревис Скот и под името The Scotts ја објавиле истоимената песна, „The Scotts“. Песната дебитирала на врвот на Billboard Hot 100 топ-листата и станала прв хит-сингл од Кади на прво место во САД.[38]

На 11 декември 2020 година, Кади го објавил албумот Man on the Moon III: The Chosen, последен дел од неговата серија-албуми Man on the Moon. Тематски, Man on the Moon III бил концептен албум во кој Кади е во внатрешна борба против неговото злобно алтер-его, г-дин Раџер во надеж дека ќе успее да си го врати мирот и сопствената среќа. Како и претходните два дела од трилогијата, албумот бил поделен на посебни делови.[39]

Man on the Moon III: The Chosen, добил претежно позитивни критики од музичките критичари, кои ги пофалиле стиховите на Кади и најчесто ги фаворизирале последните два дела од албумот. Албумот дебитирал на второ место на Билборд 200.

Човекот со име Скот, документарен филм во режија на Роберт Александар, бил објавен на 5 ноември 2021 година и се однесува на музичката кариера на Скот Мескади (вистинското име на Кид Кади).[40][41] Насловот на филмот потсеќа на микстејпот со кој Кади се пробил на музичката сцена „A Kid Named Cudi“.

На 3 декември 2021 година, била објавена соработката помеѓу Кади и американската поп-пејачка Аријана Гранде, под наслов „Just Look Up“, како промоција за филмот „Не гледај нагоре“, во кој глумеле и двајцата. Истиот месец, Man on the Moon III: The Chosen го соборил рекордот за најголема продажба на винил за една недела за машки изведувач и за рап-албум во историјата на Нилсен.[42][43]

По објавувањето на албумот Entergalactic на 30 септември 2022, албумот дебитирал на 13-тото место на американската Билборд 200 топ-листа.[44] Истоимениот ТВ-специјал добил просечна оцена од 8,20/10 на веб-страницата за филмски критики Rotten Tomatoes, при што 96% од 28 критичари позитивно го оцениле филмот.[45]

Во 2024 година ги објавил албумите: Insano и неговото продолжение Insano (Nitro Mega).[46]

Глумечка кариера

уреди

2010–2019: Први појавувања и помали улоги

уреди

Во 2010 година, Кид Кади се појавил како гостин во американската телевизиска драма Три Хилl, во која ја испеал неговата песна „Ease Me“.[47] Од 2010 до 2011 година, Кид Кади (под името Скот Мескади) глумел во хумористичната серија на HBO „Како да се направи тоа во Америка“ (How to Make It in America).[48] На 31 октомври 2010 година, Кид Куди објавил краток филм под името Манијак, во режија на Шиа Лабоф, во кој тој и американскиот рапер Кејџ, глумат сериски убијци кои зборуваат француски. Филмот бил инспириран од истоимената песна на Кади, од неговиот албум „Man on the Moon II“ од 2010 година и е омаж на белгиската крими-комедија од 1992 година, „Се случи близу твојот дом“ (француски: C'est arrivé près de chez vous).[49][50] Во мај 2012 година, Канје Вест, на Канскиот филмски фестивал премиерно го претставил краткиот филм во негова режија, под наслов Сурово лето (Cruel Summer). Кид Кади го глуми главниот лик кој е „крадец на автомобили кој се вљубува во слепа арапска принцеза“.

Во октомври 2012 година, било објавено дека Кади ќе глуми во романтичната комедија под наслов Девојка за две вечери (Two Night Stand), заедно со Анали Типтон и Мајлс Телер.[50][51] Исто така, во 2012 година, било откриено дека Кади ќе глуми трилерот под наслов Такома, заедно со Патриша Кларксон.[52][53] Во 2013 година, Кади гостувал во анимираната ТВ-серија „Шоуто во Кливленд“.[54] Во 2013 година, тој исто така гостувал во хумористичната серија на FOX Бруклин девет-девет, каде што глумел криминалец по име Дастин Витман.[55] Во 2013 година, било откриено дека Куди ќе глуми во Збогум свету (Goodbye World) заедно со Адријан Грениер.[56][57]

Во јануари 2013 година, Кади доби улога во филмската адаптација на Need for Speed.[58] Need for Speed, бил прв игран филм на Кади и бил објавен на 14 март 2014 година.[59] Во февруари 2014 година, било објавено дека Кади ќе се појави во Entourage (2015), филмска адаптација на популарната ТВ серија на HBO со исто име.[60][60][61]

На 11 април 2014 година, било објавено дека Кади ќе глуми во филмот под наслов Џејмс Вајт. Покрај тоа што глумел во филмот, Кади ја напишал и музиката за филмот.[60] Во јануари 2015 година, Куди открил дека во Џејмс Вајт глумел хомосексуален лик: „Ова беше многу поразлично од сѐ друго што сум направил.“.

Исто така, во јануари 2015 година, Кади открил дека штотуку го завршил снимањето на филмот под наслов Винсент и Рокси, заедно со Зои Кравиц и Емил Хирш.[62][63] За овој филм Кади рекол: „Овој филм што ќе излезе наскоро, е моја прва улога како негативец. Многу е насилен и многу е потресен [...] Глумам нарко-бос“.[64]

Во јули 2016 година, било објавено дека Кади ќе глуми во серијата Империја на FOX.[65][66] Кади подоцна го напуштил проектот поради креативни разлики.[65] Во 2017 година, Куди се појавил во комедијата Убивањето на Хаселхоф (Killing Hasselhoff).

Во 2019 година, Кади имал мали улоги во Пијани родители (Drunk Parents), во режија на Фред Волф,[67] и во филмот Џекси (Jexi) во режија на Џон Лукас и Скот Мур.[68] Истата година неколкупати се појавил во научно-фантастичната вестерн и дистописка серија Westworld.[69]

2020 – денес: Признание и режисерско деби

уреди

Во 2020 година, глумел во Бил и Тед се соочуваат со музиката (Bill & Ted Face the Music), во режија на Дин Парисот, заедно со Киану Ривс и Алекс Винтер.[70] Во 2020 година, Кади глумел и во „Ние сме тоа што сме“ (We Are Who We Are), минисерија од осум епизоди на HBO.[71] Во 2021 година, Кади бил извршен продуцент на наградуваниот драма-филм „Малколм и Мари“.[72][73]

На почетокот од 2021 година, Кид Кади се појавил во Криза, во режија на Николас Јарецки.[74] Кон крајот на 2021 година, Кади глумел во филмот „Не гледај нагоре“, каде што заедно со американска пејачка Аријана Гранде извел и оригинална песна за филмот. Кади глумел во слешер-филмот на Тај Вест, Икс, објавен во март 2022 година.[75] Набргу потоа, било објавено дека Кади добил улога во режисерското деби на неговата колешка од филмот Икс, Британи Сноу, под наслов 17 септември.[76] Кади исто така глумел во научно-фантастичен филм од Дизни, Кратер.[77][78]

Во април 2022 година, Кади добил улога во акциониот трилер Тивка ноќ во режија на Џон Ву, во кој глумел заедно со Џоел Кинаман.[79] Покрај тоа, како што било најавено во 2019 година, Кади глумел во неговиот сопствен анимиран ТВ-специјал, Ентергалактик, придружен дел од неговиот осми соло-албум со исто име; филмот бил објавен на 30 септември 2022 година, а во него покрај Кади глумеле: Тимоти Шаламе, Маколи Калкин, Лаура Хариер, Џесика Вилијамс и многу други.[80]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Man on the Moon: The End of Day (2009)
  • Man on the Moon II: The Legend of Mr. Rager (2010)
  • Indicud (2013)
  • Satellite Flight: The Journey to Mother Moon (2014)
  • Speedin' Bullet 2 Heaven (2015)
  • Passion, Pain & Demon Slayin' (2016)
  • Man on the Moon III: The Chosen (2020)
  • Entergalactic (2022)
  • Insano (2024)
    • Insano (Nitro Mega) (2024)

Албуми во соработка со други музичари

  • WZRD (со Dot da Genius како WZRD) (2012)
  • Kids See Ghosts (со Кање Вест како Kids See Ghosts) (2018)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Meet the Individuals from Cleveland Who Contributed to Kid Cudi's MOTM III Album“. Imfromcleveland.com.
  2. „My fiancé Lola and me at the Knuckles premiere. This amazing woman makes me so happy, she is everything to me and im so excited to share this news w u all 🥹 Life is wild, and right when I felt my future was uncertain, it became crystal clear with Lola. Happy Cud in full effect 😉🙏🏾“. instagram.com.
  3. Caramanica, Jon (2022-04-21). „Kid Cudi Aspires to Guide the Kids“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2023-02-25.
  4. „Gold & Platinum“. RIAA. Посетено на August 2, 2018.
  5. „Kid Cudi Splits With Manager, Launching New Label“. MTV. February 27, 2011. Архивирано од изворникот на January 10, 2012. Посетено на October 17, 2011.
  6. „Kid Cudi Announces New Label & Band Name“. Dat New 'Cudi'. April 22, 2011. Архивирано од изворникот на April 27, 2012. Посетено на October 11, 2012.
  7. „The Impact Of The Kid Cudi Hum“. Vinylmeplease.com. Посетено на December 26, 2021.
  8. „Kid Cudi Has Seen the Light“. Gq.com. October 22, 2018.
  9. Wooley, Charlie (July 6, 2015). „KiD CuDi - A Forgotten Influence on Psychedelic Introspection in Hip-Hop“. Tremr.
  10. „Kid Cudi Is 'Reborn' After Defeating His Demons And Facing Depression“. UPROXX. July 26, 2018. Посетено на March 30, 2019.
  11. Wolgamott, Kent (July 7, 2011). „What You Need to Know About Kid Cudi“. Lincoln Journal Star. Посетено на July 7, 2011.
  12. „Man on the Moon II: The Legend Of Mr. Rager Certified Gold“. Dat New 'Cudi'. Архивирано од изворникот на March 25, 2014. Посетено на January 9, 2014.
  13. „Gold & Platinum“. RIAA. Посетено на January 31, 2019.
  14. 14,0 14,1 Birchmeier, Jason (2009). „Kid Cudi > Biography“. AllMusic. Посетено на May 22, 2009.
  15. Elderkin, Nabil (June 27, 2009). „Before he became the most buzzed-about rookie in the music business, Kid Cudi was a kid from Cleveland with big dreams“. Cleveland.com. Посетено на August 9, 2014.
  16. „Scott Raymon Seguro Mescudi (b. 1984)“. Mooseroots.com. Архивирано од изворникот на April 10, 2015. Посетено на April 9, 2015.
  17. „Person Details for Lindbergh Mescudi in household of Charles Mescudi, "United States Census, 1930". FamilySearch.org. Посетено на August 9, 2014.
  18. Smith, Angelique (March 10, 2009). „Kid Cudi's Not-So-Dark Alter Ego Revealed!“. MTV News. Архивирано од изворникот на January 4, 2013. Посетено на September 13, 2009.
  19. „Person Details for Lindbergh Mescudi in household of Charles Mescudi, "United States Census, 1930". FamilySearch.org.
  20. 20,0 20,1 Hoard, Christian (September 17, 2009). „Kid Cudi: Hip-Hop's Sensitive Soul“. Rolling Stone. Бр. 1087. стр. 40. Архивирано од изворникот на February 4, 2011.
  21. Ahmed, Insanul (April 17, 2013). „25 Things You Didn't Know About Kid Cudi“. Complex. Посетено на April 20, 2013.
  22. Soeder, John (June 27, 2009). „Before he became the most buzzed-about rookie in the music business, Kid Cudi was a kid from Cleveland with big dreams“. The Plain Dealer. Архивирано од изворникот на October 21, 2012.
  23. „Kanye West and Kid Cudi's Complicated History: A Timeline“. June 6, 2018.
  24. „10. Deep Presents: Kid Cudi – "A Kid Named Cudi Mixtape". Illroots.com. July 17, 2008. Архивирано од изворникот на April 24, 2012. Посетено на October 11, 2012.
  25. „InternetPopular.com“. July 28, 2012. Архивирано од изворникот на July 28, 2012.
  26. „Kid Cudi receives Three Grammy Nominations“. Dat New 'Cudi'. Архивирано од изворникот на April 27, 2012. Посетено на October 11, 2012.
  27. „Kid Cudi Forms Rock Band Called Wizard“. Ballerstatus. October 29, 2010. Посетено на April 26, 2011.[мртва врска]
  28. „Kid Cudi Announces New Label & Band Name“. Архивирано од изворникот на 27 април 2012. Посетено на 21 ноември 2014.
  29. 29,0 29,1 Празен навод (help)
  30. Trill, Nadia (October 29, 2010). „Kid Cudi Forms New Rock Band Called 'Wizard'. KeepitTrill.com. Архивирано од изворникот на September 21, 2013. Посетено на April 20, 2013.
  31. Празен навод (help)
  32. Празен навод (help)
  33. Burgess, Omar (April 2, 2013). „Kid Cudi Announces Split From G.O.O.D. Music“. HipHop DX. Посетено на April 20, 2013.
  34. Lee, Christina (April 6, 2013). „Kid Cudi Talks Focusing On His Label, Now That He's Left G.O.O.D. Music“. Idolator.com. Посетено на April 20, 2013.[мртва врска]
  35. „Kid Cudi Reveals Title Of Upcoming EP“. XXL. November 25, 2013. Посетено на January 9, 2014.
  36. Tardio, Andres (November 25, 2013). „Kid Cudi Announces "Satellite Flight: The Journey to Mother Moon" EP“. HipHopDX. Посетено на January 9, 2014.
  37. „Kanye West Announces New Album With Kid Cudi“. Spin. April 19, 2018. Посетено на April 19, 2018.
  38. Празен навод (help)
  39. Cowen, Trace William (December 7, 2020). „Kid Cudi Reveals Release Date, Cover Art, and Tracklist for New Album 'Man on the Moon III: The Chosen'. Complex. Посетено на December 7, 2020.
  40. „Watch the New Trailer for Kid Cudi's Amazon Documentary 'A Man Named Scott'. Complex (англиски). Посетено на 2021-10-26.
  41. „Kid Cudi Shares Trailer for New Documentary A Man Named Scott“. Pitchfork (англиски). 2021-10-26. Посетено на 2021-10-26.
  42. Cowen, Trace William (December 29, 2021). „Kid Cudi Thanks Fans After Massive Charts Success of 'MOTM III' Vinyl: 'This Is All Because of You'. Complex. Посетено на December 30, 2021.
  43. Bustard, Andy (December 29, 2021). „Kid Cudi Makes History As 'MOTM III' Smashes Vinyl Sales Records: 'This Is HUGE'. HipHopDX. Посетено на December 30, 2021.
  44. „ALBUM SALES (Week 40, 2022): Tory Lanez, Kid Cudi, Freddie Gibbs, YG & more!“. October 7, 2022.
  45. „Entergalactic“. Rotten Tomatoes.
  46. Magazine, FAULT (2024-02-23). „Kid Cudi Shares New Album - INSANO (NITRO MEGA) - Listen“. FAULT Magazine (англиски). Посетено на 2024-02-26.
  47. Bain, Becky (December 1, 2010). „Kid Cudi Plays Himself On 'One Tree Hill', Becomes The Most Convincing Actor On The Show“. Idolator.com. Посетено на August 9, 2014.[мртва врска]
  48. HBO. „Kid Cudi in How to Make it in America. Архивирано од изворникот на August 22, 2017. Посетено на March 7, 2010.
  49. Rao, Mallika (November 1, 2011). 'Maniac' By Shia LaBeouf, Starring Kid Cudi (VIDEO) (NSFW)“. Huffington Post. Посетено на January 9, 2014.
  50. 50,0 50,1 Празен навод (help)
  51. „Kid Cudi To Star In Rom-Com 'Two Night Stand'. MTV. October 16, 2012. Архивирано од изворникот на 2013-12-19. Посетено на January 9, 2014.
  52. „Kid Cudi Breaking In Feature Film Acting w/ Roles In 2 Indies (Apocalyptic Comedy & Thriller)“. Indiewire.com. Архивирано од изворникот на December 19, 2013. Посетено на January 9, 2014.
  53. „Kid Cudi Cast as Yanni in "Tacoma" Thriller Film Due Out in 2013“. Dat New 'Cudi'. Архивирано од изворникот на December 19, 2013. Посетено на January 9, 2014.
  54. „Kid Cudi Guests on 'The Cleveland Show'. Rap-Up.com. Посетено на January 9, 2014.
  55. „Kid Cudi Will Appear On 'Brooklyn Nine-Nine' Tonight“. XXL. November 5, 2013. Посетено на January 9, 2014.
  56. Montanez, Eric (June 13, 2013). „KiD CuDi Stars in 'Goodbye World' Trailer“. Hypetrak. Посетено на August 9, 2014.
  57. „Adrian Grenier's 'Goodbye World' Acquired by Samuel Goldwyn, Phase 4 Films“. TheWrap. October 21, 2013. Посетено на August 9, 2014.
  58. Празен навод (help)
  59. Празен навод (help)
  60. 60,0 60,1 60,2 Празен навод (help)
  61. Kyles, Yohance (February 24, 2014). „Kid Cudi Joins The Cast Of "Entourage" Movie“. AllHipHop.com. Посетено на August 9, 2014.
  62. Празен навод (help)
  63. „Kid Cudi Set To Star In Movie With Zoe Kravitz & Emile Hirsch“. AllHipHop. January 19, 2015. Посетено на February 22, 2015.
  64. „After Playing A Gay Man In 'James White', Kid Cudi Readies For A More "Disturbing" Role“. Vibe. November 17, 2015.
  65. 65,0 65,1 Празен навод (help)
  66. „Kid Cudi Joins the Cast of "Empire". Pitchfork. July 20, 2016. Посетено на December 19, 2016.
  67. Cudi, Kid (February 20, 2016). „Did a cameo in the film "Drunk Parents" last month, worked w the always awesome Salma Hayek & Alec Baldwin. Can't wait for you all to see“. Facebook. Посетено на October 11, 2019.
  68. Rocha, John (October 11, 2019). „Adam Devine on 'Jexi', 'The Righteous Gemstones', and a Potential 'Workaholics' Movie“. Collider. Посетено на October 11, 2019.
  69. Monroe, Jazz (May 20, 2019). „Kid Cudi Stars in "Westworld" Season 3 Trailer: Watch“. Pitchfork. Посетено на January 13, 2020.
  70. D'Alessandro, Anthony (June 13, 2019). 'Bill & Ted Face The Music' Grooves With Grammy Winner Kid Cudi“. Deadline Hollywood. Посетено на June 13, 2019.
  71. Goldberg, Lesley (July 18, 2019). „Exclusive:Chloe Sevigny, Alice Braga, Kid Cudi to Star in HBO Drama From 'Call Me By Your Name' Director“. The Hollywood Reporter. Посетено на October 11, 2019.
  72. „Zendaya and John David Washington's Romance Blooms in Netflix's 'Malcolm & Marie' Trailer“. January 8, 2021.
  73. „Reopening Hollywood: How Zendaya, John David Washington & 'Euphoria' Creator Sam Levinson Started & Finished a Secret Movie During the Pandemic“. July 8, 2020.
  74. N'Duka, Amanda (April 3, 2019). „Sam Worthington, 'GOTs' Indira Varma, Kid Cudi Join Gary Oldman In 'Dreamland'. Deadline Hollywood. Посетено на October 11, 2019.
  75. X (2022) - IMDb (англиски), Посетено на 2022-04-09
  76. Hailu, Selome (March 13, 2022). „Kid Cudi Cast in Brittany Snow's Directorial Debut 'September 17th' (EXCLUSIVE)“. Variety.
  77. Kroll, Justin (May 19, 2021). „Scott Mescudi Joins Sci-Fi Pic 'Crater' For Disney Plus and 21 Laps“. Deadline Hollywood. Посетено на May 19, 2021.
  78. „Kid Cudi Joins the Cast of the Disney+ Sci-Fi Film "Crater". HNHH. May 19, 2021.
  79. Grobar, Matt (April 4, 2022). „Kid Cudi Boards John Woo's Action-Thriller 'Silent Night'. Deadline Hollywood. Посетено на April 4, 2022.
  80. Petski, Denise (June 8, 2022). 'Entergalactic': Jessica Williams, Timothée Chalamet, Vanessa Hudgens, Macaulay Culkin & More Join Kid Cudi In Voice Cast Of Netflix Animated Series“. Deadline Hollywood.

Надворешни врски

уреди