Меколи Калкин
Меколи Карсон Калкин(анг. Macaulay Carson Culkin) (роден на 26 август 1980) — Американски глумец кој се прослави со улогата на Кевин МекКалистер анг.Kevin McCallister) во филмот Сам дома и во Сам дома 2 : Загубен во Њујорк. Тој е исто поѕнат по својте улоги во Ричи Рич, во Вујко Бак, во Мојата Девојка и во музичкиот запис на Мајкл Џексон за песната Црно или бело. Калкин бил рангиран на второто место на топ списокот на музичкатаТелевизија Ви-Ејџ-Уан за “100 најдобри детски ѕвезди“ и на топ литата на телевизијата E! за “Топ 50 детски ѕвезди“.
Меколи Калкин | |
---|---|
Макаула Кулкин на Берлинскиот фестивал 2010 година, Темпелхоф | |
Роден(а) | Меколи Карсон Калкин 26 август,1980 Менхетн,Њујорк (град),САД |
Занимање | глумец,музичар |
Активен | 1985– сè уште |
Сопружник | Рејчел Минер (1998–2002) |
Вонб. другар | Мила Кунис (2002–2010) |
Ран живот
уредиКалкин е роден во Менхетн и израснат воЈорквил. Неговиот татко Кристофер Кит Калкин е поранешен глумец познат по неговите продукции на Бродвеј, неговата мајка е Патриција Брентруп која никогаш не се омажила за неговиот татко. Тој бил израснат во Католичко Семејство и посетувал Католичко училиште во Јорквил.
Калкин е трето од седум деца, пет машки и две женски : Шејн (роден 1976), Дакота (1978-2008), Киеран (роден 1982), Квин (родена 1984),Кристиан (роден 1987) и Рори (роден 1989). Во неговото детство Меколи и неговата фамилија живееле во мал стан, мајка му работела во телефонска централа а неговиот татко бил клисар во локалкната католичка црква.
Кариера
уредиКалкин почнал со глумење на четири месеци. Но тој се здоби со интернационална слава со улогата на Кевин МекКалистер во блокбастер Сам дома (1990) и потоа во 1992 година во продолжението Сам Дома 2.
Приватен Живот
уредиВрски
уредиКалкин бил оженет со Рејчел Минер во 1998, се разделиле во 2000, а се развеле во 2002 година.
Во 2002 година тој бил во врска со Мила Кунис. Во 2006 г. Меколи живеел во Њујорк, а Кунис во Лос Анџелес. На 3 Јануари,2011 публицистите на Мила Кунис ја потврдиле веста за нивното раскинување.
Од Ноември 2013 калкин е во врска со глумицата Џордан Лејн Прајс.
Врска со Мајкл Џексон
уредиЗа време после снимањето на првиот дел на Сам Дома Меколи станал добар пријател со пејачот Мајкл Џексон и се појави на музичкиот спот за песната "Црно или бело". На судењето на Мајкл, Калкин рекол дека спиел во спалната соба на Мајкл но дека Мајкл никогаш не го злоставувал сексуално. Калкин изјавил дека обвинувањата биле смешни. Калкин присуствувал на погребот на Мајкл Џексон.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |