Три Хил (англиски: One Tree Hill) е американска тинејџерска, младинско возрасна телевизиска драма создадена од Марк Швон, со првата епизода емитувана на 23 септември 2003 на The WB Television Network.[1] По нејзината трета сезона, The WB се соединува со UPN за да ја создадат The CW Television Network, и заклучно со 27 септември 2006 мрежата е службен емитувач на серијата во САД. На 25 февруари 2009 The CW ја обновува серијата за седма сезона.[2] Дејството во серијата се случува во измисленото гратче Три Хил во Северна Каролина и првобитно ги следи животите на двајца полубраќа, Лукас Скот (Чед Мајкл Мари) и Нејтан Скот (Џејмс Лаферти). Нивната врска варира од бездушни непријатели до грижливи браќа, а кошаркарската драма, како и романсите на браќата со женските ликови, се исто така значајни елементи во серијата. Првите четири сезони на серијата се фокусираат на средношколските години на ликовите. Со почетокот на петтата сезона, Швон решава да прескокне четири години од времето на случување, покажувајќи ги нивните животи по факултет. Седмата сезона исто така ќе се помести една година во иднината.[3]

Три Хил
One Tree Hill
Податотека:One Tree Hill title.png
Логото на серијата
Создадена одМарк Швон
УлогиЧед Мајкл Мари
Џејмс Лаферти
Хилари Бартон
Бетани Џој Галиоти
Пол Џохансон
Софија Буш
Ли Норис
Антвон Танер
Џексон Брандиџ
Барбара Алин Вудс
РаскажувачЧед Мајкл Мари, но понекогаш и други ликови
Воведна темаI Don't Want to Be“ од Гавин ДиГро
Земја на потеклоСАД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди125 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Марк Швон
Мајкл Толин
Брајан Робинс
Џои Давола
МестоположбаВилмингтон, Северна Каролина, САД
КамераSingle-camera setup
Времетраење42 минути
Прикажување
Првична мрежаThe WB (2003 - 2006)
The CW (2006 - сè уште)
Сликов формат480i (SDTV),
1080i (HDTV)
Првично прикажување23 септември 2003
Надворешни врски
Мрежна страницаcwtv.com/shows/one-tree-hill

Првобитно песната „I Don't Want to Be“ од Гавин ДиГро е поврзана со отворачката шпица, свирејќи во позадината. Темата е отфрлена од отворчката шпица во петтата сезона и оттогаш шпицата е составена само од насловот испишан на црна позадина. Ентериерните сцени на серијата се снимаат во студијата EUE/Screen Gems во Вилмингтон, Северна Каролина, а екстериерните во и околу Вилмингтон.

Серијата има просечни рејтинзи, каде втората сезона има највисок рејтинг, достигнувајќи 4.3 милиони гледачи неделно[4] и има добиено неколку награди Избор на тинејџерите. Тековно, пет сезони од Три Хил се достапни на DVD во регионите 1, 2 и 4, со шестата најавена за издавање во 2009. На 12 мај 2009, беше потврдено дека Чед Мајкл Мари и Хилари Бартон нема да се вратат во седмата сезона, иако нивните ликови се едни од поглавните протагонисти низ серијата.[5]

Продукција

уреди

Име и идеја

уреди

Марк Швон најпрвин планирал Три Хил да биде долгометражен игран филм, под името Рејвенс. Ја осмислил идејата околу некое гратче но под совет од еден од поглавните луѓе на WB, ја преосмислил замислата и филмот го претворил во телевизиска серија. Три Хил е измислен град, именуван по песната „One Tree Hill“ од U2 (Која пак, е именувана по еден патоказ во Нов Зеланд).

Швон го именувал градот „Три Хил“ бидејќи додека ја пишувал идејата за серијата го слушал албумот The Joshua Tree од U2. Серијата требала да се вика Нељубезноста на Рејвенс додека телевизијата нè го замолила Швон да го промени. Рејвенс ја правело серијата како да е повеќе центрирана околу спорт и гледајќи ги воведните напомени за Девојките Гилмор, серија со голема женска публика, било подобро да се промени името и да се одбере универзално за да се привлече доволна публика.[се бара извор] Затоа Швон го променил името во Три Хил. На почетокот на серијата, обожаватели на серијата често го прашувале Швон зошто серијата се вика One Tree Hill кога името на градот е само Три Хил. Прашањето е одговорено кога Карен му кажува на Лукас во последната епизода од првата сезона: „Има само еден Три Хил - и тој е твојот дом". 1, Три Хил е исто така и адресата на средното училиште Три Хил. Кај нас и во поголемиот дел од државите кои ја емитуваат серијата името е едноставно Три Хил и нема дојдено до никакви забуни.

Формат на епизоди

уреди

Епизодите следат обична структура. Епизодата најчесто започнува со прикажување на настаните од минатите епизоди кои имаат врска со одредената епизода, но ова понекогаш е изоставено за да се зголеми траењето на епизодата. За време на првите четири сезони, најавната шпица е пуштана веднаш по прикажувањето на настаните од минатите епизоди или по првите неколку сцени. Секогаш кога некоја епизода прикажува насилни или пречувствителни елементи или кога времетраењето на таа епизода е поголемо од определеното време, нема најавна шпица туку само One Tree Hill напишано на црна позадина. Со почетокот на петтата сезона, најавната шпица е целосно отфрлена и секоја епизода е прикажана со името на серијата напишано на црна позадина.

Спонзорирани елементи

уреди

Музика

уреди

Глумечка екипа

уреди

Заплет

уреди

Сезони

уреди

Прифатеност

уреди

Сезонски рејтинзи

уреди

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „One Tree Hill Episodes“. TV Guide. Посетено на 2009-07-26.
  2. „Super News: CW Renews Six Shows! (But Is Chad Over the Hill?)“. TVGuide.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-25. Посетено на 2009-02-24.
  3. Ausiello, Michael. „Scoop: 'Ghost Whisperer,' 'Tree Hill' do time warp (again)“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2009-06-10. Посетено на 2009-07-26.
  4. „Hollywood Reporter: 2004-05 primetime wrap“. Hollywood Reporter. 27 мај 2005. Архивирано од изворникот 2005-12-26. Посетено на 2009-07-29.
  5. Denise, Martin. „Chad Michael Murray and Hilarie Burton leaving 'One Tree Hill'. Los Angeles Times. Посетено на 2009-07-26.