Кајл Лаури

американски кошаркар


Кајл Терел Лаури (роден на 25 март 1986 година) е американски кошаркар, плејмејкер на Мајами Хит во НБА лигата.

Кајл Лаури


Лични информации
Роден на 25 март 1986(1986-03-25)(38 г.)
Роден во Филаделфија, Пенсилванија
Националност САД САД
Висина 1,83 м
Тежина 89 кг
Позиција плејмејкер
Информации за кариерата
Колеџ Виланова (2004-2006)
Драфт 2006 / Рунда: 1 / Пик: 24
Избран од:
Мемфис Гризлис Мемфис Гризлис
Проф. кариера 2006—
Моментален клуб
Клуб Мајами Мајами Хит
Број 7
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2006–2009
2009–2012
2012–2021
2021–
Мемфис Гризлис Мемфис Гризлис
Хјустон Хјустон Рокетс
Торонто Торонто Репторс
Мајами Мајами Хит
Репрезентација
2016 САД САД

Роден и израснат во Филаделфија, тој одиграл две колеџ сезони на универзитетот Виланова, а потоа учествувал на НБА драфтот 2006 на кој бил избран како 24-ти пик од Мемфис Гризлис. Со оваа екипа ги одиграл својте први две сезони во НБА, а на средината на третата (февруари 2009) бил трејдуван во Хјустон Рокетс, од каде подоцна отишол во Торонто Репторс во летото 2012. За време на своите девет години поминати во дресот на Торонто Репторс тој важи за еден од главните играчи на клубот, со кои играл во конференциско финале, во сезоната 2015-2016, а подоцна ја освоил и титулата во НБА во сезоната 2018-2019. Како играч на Репторс, тој бил исто така 6-кратен НБА Ол-стар натпревар учесник.

Со репрезентацијата на САД го освоил златниот медал на Олимписките игри 2016 во Рио.

Биографија

уреди

Роден и израснат во Северна Филаделфија,[1] Кајл е еден од двата сина на неговите родители Мари Холовеј и Лони Лори постариот, заедно со Лони Џуниор, неговиот 5 години постар брат.[2] Неговиот татко се отуѓил од семејството кога Кајл имал околу седум години, оставајќи го него и неговите браќа и сестри да бидат одгледувани од неговата мајка..[3] Својот опстанок и благосостојба Кајл му го припишува на Лони Џуниор бидејќи се погрижил да не го следи истиот пат како неговите пријатели од детството кои повеќе не се живи, вклучително и да не дозволи Кајл да има тетоважи и пирсинг.[3] Неговиот брат, исто така, бил клучниот човек кој го научил како да игра кошарка, неговата најголема љубов која ќе му го промени животот.

Средно училиште

уреди

Лори учел во средното училиште Кардинал Догерти во Филаделфија и играл како плејмејкер за кошаркарскиот тим на училиштето.

Сметан за регрут со пет ѕвезди од Rivals.com, тој бил селектиран како бек бр. 6 и играч бр. 28 во САД во 2004 година.[4]

Колеџ

уреди

Како бруцош на колеџот Виланова, Лаури бил номиниран во две категории Big East All-Rookie и Philadelphia Big Five Rookie of the Year. Во втората година, тој бил избран во All Big East Second Team.[5]

На 27 февруари 2020, дресот со број #1 на Лаури бил повлечен од употреба во Виланова Вајлдкетс.[6]

НБА кариера

уреди

Мемфис Гризлис

уреди

Лаури бил избран како 24-ти пик од Мемфис Гризлис на НБА драфтот 2006. Своето деби во НБА лигата го направил на 1 ноември 2006 година, во поразот на домашен терен од Њујорк Никс со 117-118, забележувајќи солиден учинок од 6 поени, 10 скокови, 3 асистенции и 2 украдени топки. Тој се појавил во игра во 10 натпревари во неговата руки сезона пред да доживее скршеница на зглобот во натпреварот против Кливленд Кавалирс на 21 ноември 2006 година.[7] Тоа довело тој да биде подложен на операција која воедно го означила предвремениот крај на сезоната за него.[8]

Лаури се вратил во акција за сезоната 2007-2008 и играл во сите 82 натпревари за Гризлис, бележејќи просечно 9,6 поени, 3 скока и 3,6 асистенции.[9]

За време на сезоната 2008-2009, Лаури веќе се борел да биде стартен плејмејкер на Гризлис со неговиот добар пријател Мајк Конли Џуниор, со кој исто така го делеле времето кое го поминувале на паркетот. Во јануари 2009 година, Лионел Холинс бил назначен за главен тренер на тимот, а на Лаури му било кажано дека Конли ќе биде стартен плејмејкер на тимот. Незадоволен од својата улога во тимот по доаѓањето на Холинс, тој дури бил обвинет од некои лица во клубот за лошо влијание врз останатите играчи во ростерот, по што Лаури побарал да ја смени клупската средина и да биде разменет во некоја друга екипа.[10]

Хјустон Рокетс

уреди
 
Лаури играјќи за Хјустон Рокетс во ноември 2009

На 19 февруари 2009 година, Лаури бил разменет во Хјустон Рокетс во договор меѓу три екипи во кој биле вклучени Гризлис и Орландо Меџик.[11] Во Хјустон, Лаури почна да го цени туторството на неговиот нов тренер, Рик Аделман.[10] Со оглед на тоа што Рокетс успеале да се пласираат во плејофот во 2009, Лаури за првпат во кариерата играл во натпреварите од пост-сезоната.

Во сезоната 2009–2010, Лаури бил користен како резервен плејмејкер за Арон Брукс.[12] На 18 декември 2009 година, тој забележал рекордни во кариерата 26 поени, 10 асистенции, шест скока и пет украдени топки во победата од 116-108 над Далас Маверикс.[13]

На 30 јуни 2010 година, предвид истекот на неговиот договор, Рокетс предложиле квалификациска понуда, со што Лаури станал слободен агент.[14] На 13 јули 2010 година, тој ја прифатил понудата од Кливленд Кавалирс во вредност од 23,5 милиони долари за четири години.[15][16] Рокетс брзо ја изедначиле понудата, со што го задржале Лаури.[15]

Во сезоната 2010-2011, Лаури стартувал во 71 од 75 натпревари на кои играл, а неговата репутација во лигата започнала да се зацврстува.[10] На 3 декември, тој постигнал рекордни во кариерата 28 поени и го израмнил својот најдобар резултат во кариерата од 12 асистенции во победата на Рокетс над Мемфис Гризлис со 127–111.[17] На 17 декември, во уште една победа над Гризлис, Лаури забележал 17 поени и поставил нов личен рекорд од 18 асистенции.[18] На 14 јануари, тој го изедначил својот максимум за сезоната од 28 поени во поразот од Њу Орлеанс Хорнетс по продолженија од 110–105.[19] На 16 февруари, тој постигнал рекордни во кариерата 36 поени во поразот со 114–105 од Филаделфија Севентисиксерс.[20] На 8 март, тој постигнал 32 поени и рекордни во кариерата седум тројки во поразот со 113-110 од Финикс Санс.[21] На 20 март, го забележал својот прва трипл-дабл во кариерата со 28 поени, 11 скока и 10 асистенции во победата од 110–108 над Јута Џез,[22] станувајќи само четвртиот играч на Рокетс од сезоната 2002-2003 кој забележал трипл-дабл.[23]

Тренерот Аделман и Рокетс се разделиле по крајот на сезоната 2010-2-11, а Лаури првично имал судир на интереси со новиот тренер Кевин МекХејл.[10] Во сезоната 2011–2012, скратена на 66 натпревари поради локаутот, Лаури се појавил во игра во 47 натпревари - 38 како стартер, и пропуштил 16 натпревари во текот на март и април со бактериска инфекција која барала хоспитализација.[24][25] Во периодот кога Лаури бил надвор од теренот, резервниот плејмејкер Горан Драгиќ играл многу добро во негово отсуство, а Рокетс одлучиле да го разменат Лаури за да ги подобрат проблемите со ограничувањата на платата и да добијат драфт-пикови за време на вонсезоната.[10]

Торонто Репторс

уреди
 
Лаури со Торонто Репторс во април 2015

На 11 јули 2012 година, тој бил разменет во Торонто Репторс, во замена за Гари Форбс и иден пик од првиот круг.[26] Во својата прва сезона со обновениот тим на Репторс, тој го пропушти плејофот, откако тимот забележил 34 победи и 48 порази. Во вонсезоната, клубот како генерален менаџер го ангажирал Масаи Уџири, кој верувал во потенцијалот на Лаури уште од првиот ден, и го поттикнал да го промени својот менталитет и начин на игра, добивајќи совети и од својот ментор поранешниот НБА играч Чонси Билапс.[27]

Сезоната 2013-2014, за Репторс започнала со скор 6-12, додека најдобриот стрелец на тимот Руди Геј не биде разменет. По размената, надежната ѕвезда Демар Дероузан и Лаури одлучуваат да не стапнат еден врз друг за лидерска улога, туку заедно да ги преземат "конците на тимот" во својте раце.[27] Репторс брзо стануваат еден од најдобрите тимови во Источната конференција, благодарение на игрите на Лаури и неговото лидерство на теренот. Регуларната сезона, тимот ја завршил на високото 3-то место во Конференцијата и 1-во во Атлантската дивизија, само за втор пат во историјата на франшизата. Во плејофот, тие биле елиминирани од Бруклин Нетс во натпреварот број 7, откако потенцијалниот шут за победа на Лаури бил блокиран од Пол Пирс.[28] И покрај горчливиот крај на сезоната, за Лаури тоа била најдобрата сезона во кариерата со 17,9 поени, 7,4 асистенции и 4,7 скока во регуларниот дел од сезоната и 21,1 поен, 4,7 асистенции и 4,7 скока во плејофот. Тој бил и водечки стрелец по постигнати тројки на тимот со 190 тројки во оваа сезона.

Следната сезона (2014-2015) продолжува како и во претходната, при што Кајл се потврдил себеси како клучен играч, достигнувајќи го својот четврти трипл-дабл во кариерата како играч на Торонто, соборувајќи го претходниот рекорд на франшизата во сопственост на Дејмон Стадемаер со 3. Тој бил прогласен за играч на месецот во Источната конференција за декември 2014, со што станал вториот играч на Репторс кој ја добил оваа чест по Крис Бош. Одличните игри во текот на сезоната му носат селекција меѓу играчите избрани да учествуваат на Ол-стар натпреварот, појавувајќи се таму за првпат во својата кариера и тоа во почетната петорка на Источната конференција. На НБА Ол-стар викендот 2015, тој исто така учествувал и во натпреварувањето во вештини. Редовната сезона завршила со рекорд на франшизата од 49-33, а Репторс го освоиле 4-то место во конференцијата и 1-во во дивизијата. Во плејофот, тие разочарувачки биле елиминирани во првото коло, со убедлив пораз од Вашингтон Визардс со 4-0.

Во сезоната 2015-16 Лаури продолжил со одличната форма, но пропуштил 18 натпревари поради повреда на зглобот. Во плејофот, Репторс успеале да стигнат до конференциското финале, во кое Лаури во просек постигнувал 20,2 поени,[29] но не успеал да ја спречи елиминацијата на својот тим од Кливленд Кавалирс со 4-2.[29]

 
Лаури со топката во посед, чуван од Клеј Томпсон за време на вториот натпревар од НБА финалето 2019.

По завршувањето на плејофот, тој ја одбил понудата од 12 милиони долари која ја имал како опција во договорот за сезоната 2017-2018, станувајќи неограничен слободен агент. Во јули 2017, тој повторно потпишал за Торонто откако се договорил со клубот за 3-годишен договор во вредност од 100 милиони долари.[30][31] Во ноември 2017, тој ја надминал бројката од 6.581 поени на Андреа Барњани и станал четвртиот стрелец на Репторс на сите времиња откако постигнал 19 поени во поразот од Бостон Селтикс со 95-94.[32] На 8 февруари 2018 година, во победата од 113–88 над Њујорк Никс, Лаури ја надминал бројката од 11.000 поени во кариерата.[33] Трета година по ред бил учесник на Ол-стар натпреварот. Во плејофот Репторс повторно биле поразени во полуфиналето од Кливленд Кавалирс со 4-0.

Во сезоната 2018-2019, Лаури со Торонто ја освоил својата прва НБА титула во кариерата. На патот до таму тој постигнал 30 поени, од кој седум тројки (личен рекорд во плејоф натпревар), во победата со 108-100 над Милвоки Бакс во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Во натпреварот 5 против Милвоки, Лаури го надминал Демар Дероузан (со 1.117 поени) како најдобар стрелец на франшизата во постсезоната.[34] Во шесттиот натпревар од НБА финалето против Голден Стејт Вориорс, Лаури постигнал 26 поени, 7 скока и 10 асистенции со кои им помогнал на Репторс да стигнат до решавачката победа и да ја освојат првата титула во историјата на франшизата.[35] Просечно за време на финалната серија Лаури бележел 16,2 поени, 4 скока и 7,2 асистенции.

Мајами Хит

уреди

На 6 август 2021 година, Мајами Хит го довеле Лаури од Репторс во замена за поранешниот негов соиграч Горан Драгиќ и Прешес Ачиува.[36]

Репрезентативна кариера

уреди

Со репрезентацијата на САД, Лаури го освоил златниот медал на Олимписките игри 2016 во Рио, каде во просек бележел 5 поени и 3,3 скокови по натпревар.[37] Најмногу поени на турнирот, постигнал во полуфиналето против Шпанија - 9.

Хронологија на настапи и постигнати поени за националната селекција - САД
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Поени Инфо
22-7-2016 Лас Вегас САД   111 - 74   Аргентина Пријателска 2 [38]
24-7-2016 Лос Анџелес САД   106 - 57   Кина Пријателска 5 [39]
26-7-2016 Оукленд САД   107 - 57   Кина Пријателска 5 [40]
29-7-2016 Чикаго САД   80 - 45   Венецуела Пријателска 4 [41]
1-8-2016 Хјустон САД   106 - 57   Нигерија Пријателска 8 [42]
6-8-2016 Рио де Жанеиро САД   119 - 62   Кина ЛОИ 2016 - Фаза по групи 7
8-8-2016 Рио де Жанеиро САД   113 - 69   Венецуела ЛОИ 2016 - Фаза по групи 5
10-8-2016 Рио де Жанеиро Австралија   88 - 98   САД ЛОИ 2016 - Фаза по групи 7
12-8-2016 Рио де Жанеиро САД   94 - 91   Србија ЛОИ 2016 - Фаза по групи 2
14-8-2016 Рио де Жанеиро САД   100 - 97   Франција ЛОИ 2016 - Фаза по групи 0
17-8-2016 Рио де Жанеиро САД   105 - 78   Аргентина ЛОИ 2016 - Четвртфинале 5
19-8-2016 Рио де Жанеиро Шпанија   76 - 82   САД ЛОИ 2016 - Полуфинале 9
21-8-2016 Рио де Жанеиро Србија   66 - 96   САД ЛОИ 2016 - Финале 5
Вкупно Настапи 13 Поени 64

Статистика

уреди
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата
 †  Го освоил НБА првенството

Регуларна сезона

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2006-2007   Мемфис Гризлис 10 0 17.5 .368 .375 .893 3.1 3.2 1.4 .1 5.6
2007-2008   Мемфис Гризлис 82* 9 25.5 .432 .257 .698 3.0 3.6 1.1 .3 9.6
2008-2009   Мемфис Гризлис 49 21 21.9 .412 .246 .801 2.3 3.6 1.0 .2 7.6
2009-2010   Хјустон Рокетс 28 0 21.7 .475 .276 .800 2.8 3.5 .8 .3 7.6
2010-2011   Хјустон Рокетс 68 0 24.3 .397 .272 .827 3.6 4.5 .9 .1 9.1
2011-2012   Хјустон Рокетс 75 71 34.2 .426 .376 .765 4.1 6.7 1.4 .3 13.5
2012-2013   Хјустон Рокетс 47 38 32.1 .409 .374 .864 4.5 6.6 1.6 .3 14.3
2012-2013   Торонто Репторс 68 52 29.7 .401 .362 .795 4.7 6.4 1.4 .4 11.6
2013-2014   Торонто Репторс 79 79 36.2 .423 .380 .813 4.7 7.4 1.5 .2 17.9
2014-2015   Торонто Репторс 70 70 34.5 .412 .338 .808 4.7 6.8 1.6 .2 17.8
2015-2016   Торонто Репторс 77 77 37.0 .427 .388 .811 4.7 6.4 2.1 .4 21.2
2016-2017   Торонто Репторс 60 60 37.4 .464 .412 .819 4.8 7.0 1.5 .3 22.4
2017-2018   Торонто Репторс 78 78 32.2 .427 .399 .854 5.6 6.9 1.1 .2 16.2
2018-2019    Торонто Репторс 65 65 34.0 .411 .347 .830 4.8 8.7 1.4 .5 14.2
2019-2020   Торонто Репторс 58 58 36.2 .416 .352 .857 5.0 7.5 1.4 .4 19.4
2020-2021   Торонто Репторс 46 46 34.8 .436 .396 .875 5.4 7.3 1.0 .3 17.2
2021-2022   Мајами Хит 63 63 33.9 .440 .377 .851 4.5 7.5 1.1 .3 13.4
Кариера 1,023 787 31.9 .425 .368 .813 4.4 6.3 1.3 .3 14.8
Ол-стар 6 2 22.3 .354 .271 .1000 4.2 6.7 2.3 .2 10.5

Плејоф

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2009   Хјустон Рокетс 13 0 19.5 .333 .250 .742 2.9 2.5 .9 .1 5.3
2014   Торонто Репторс 7 7 38.7 .404 .395 .878 4.7 4.7 .9 .0 21.1
2015   Торонто Репторс 4 4 32.8 .316 .217 .727 5.5 4.8 1.3 .0 12.3
2016   Торонто Репторс 20 20 38.3 .397 .304 .750 4.7 6.0 1.6 .2 19.1
2017   Торонто Репторс 8 8 37.6 .462 .342 .818 3.1 5.9 1.5 .5 15.8
2018   Торонто Репторс 10 10 36.1 .508 .444 .813 4.3 8.5 1.5 .0 17.4
2019    Торонто Репторс 24* 24* 37.5 .440 .359 .802 4.9 6.6 1.3 .3 15.0
2020   Торонто Репторс 11 11 37.5 .419 .319 .800 6.5 5.8 1.7 .7 17.7
2022   Мајами Хит 10 10 29.5 .291 .241 .789 3.6 4.7 1.2 .7 7.8
Кариера 107 94 34.5 .411 .333 .793 4.5 5.7 1.3 .3 14.8

Успеси

уреди
2018-2019
2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и 2020
2015-2016

Репрезентативни

уреди

Наводи

уреди
  1. „Kyle Terrell Lowry“. FIBA. Посетено на June 10, 2019.
  2. „You Can Count on Me“. Grantland.com. September 23, 2014. Посетено на April 20, 2020.
  3. 3,0 3,1 (in English) Kyle Lowry’s Road From North Philly To Becoming An NBA Legend In Toronto - Kneading Dough Canada. [YouTube]. Uninterrupted.com. April 29, 2021. https://www.youtube.com/watch?v=xDXuoWod-10. 
  4. Kyle Lowry Recruiting Profile
  5. „Kyle Lowry college“ (англиски). Посетено на 29 март 2019.
  6. „Kyle Lowry's jersey retired by Villanova in halftime ceremony“. NBA.com. February 27, 2020. Посетено на September 13, 2021.
  7. „Gooden scores season high, Cavs fight off Grizzlies“. ESPN.com. November 21, 2006. Посетено на February 6, 2019.
  8. „Grizzlies Lowry has Wrist Surgery“. wmcactionnews5.com. November 29, 2006. Посетено на February 6, 2019.
  9. „Kyle Lowry 2007-08 Game Log“. Basketball-Reference.com. Посетено на February 6, 2019.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 You Can Count on Me
  11. „Rockets acquire Lowry, Cook in three-team deal“. NBA.com. February 20, 2009. Посетено на January 6, 2012.
  12. „Rockets Eye Brooks-Lowry Combo in the Backcourt“. NBA.com. September 29, 2009. Посетено на February 6, 2019.
  13. „Rockets halt Mavs' win streak behind Lowry's double-double“. NBA.com. December 18, 2009. Посетено на February 6, 2019.
  14. „Lowry, Scola get qualifying offers“. ESPN.com. June 30, 2010. Посетено на February 6, 2019.
  15. 15,0 15,1 Feigen, Jonathan (July 14, 2010). „Rockets match offer sheet to keep guard Lowry“. chron.com. Посетено на February 6, 2019.
  16. „Cavaliers Sign Kyle Lowry to Offer Sheet“. NBA.com. July 14, 2010. Посетено на January 6, 2012.
  17. „Rockets win sixth straight vs. Grizzlies“. ESPN.com. December 3, 2010. Посетено на February 6, 2019.
  18. „Kevin Martin shines as Houston hands Memphis lopsided loss“. ESPN.com. December 17, 2010. Посетено на February 6, 2019.
  19. „Hornets fight back from 16 points down to beat Rockets in overtime“. ESPN.com. January 14, 2011. Посетено на February 6, 2019.
  20. „Jrue Holiday leads seven 76ers in double digits“. ESPN.com. February 16, 2011. Посетено на February 6, 2019.
  21. „Hakim Warrick's career night helps Suns hold off Rockets“. ESPN.com. March 8, 2011. Посетено на February 6, 2019.
  22. „Kyle Lowry helps Rockets top Jazz and move into West's No. 9 spot“. ESPN.com. March 20, 2011. Посетено на February 6, 2019.
  23. „Heat's LeBron James, Rockets' Kyle Lowry named NBA Players of the Week“. NBA.com. March 21, 2011. Посетено на February 6, 2019.
  24. „Courtney Lee's 25 points help Rockets storm to 3rd straight win“. ESPN.com. April 8, 2012. Посетено на February 6, 2019.
  25. „Kyle Lowry 2011-12 Game Log“. Basketball-Reference.com. Посетено на February 6, 2019.
  26. „Raptors Acquire Kyle Lowry From Houston Rockets“. NBA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2012-08-22. Посетено на 30 март 2019.
  27. 27,0 27,1 „You Can Count on Me - Kyle Lowry's career-long search for trust“ (англиски). Посетено на 29 март 2019.
  28. NBA (4 мај 2014). „Paul Pierce Saves the Series with a Block on Kyle Lowry!“. Посетено на 30 март 2019.
  29. 29,0 29,1 „2016 NBA Eastern Conference Finals - Toronto Raptors vs. Cleveland Cavaliers“. Basketball-Reference.com (англиски). Посетено на 2019-04-05.
  30. „Raptors Re-Sign Kyle Lowry“. NBA.com. July 7, 2017. Посетено на July 7, 2017.
  31. Zillgitt, Jeff; Amick, Sam (July 2, 2017). „Kyle Lowry agrees to three-year deal with Raptors that could reach $100 million“. USA Today. Посетено на July 7, 2017.
  32. „Celtics hold off Raptors 95-94 for 12th straight victory“. ESPN.com. November 12, 2017. Посетено на November 12, 2017.
  33. Harrison, Ian (February 8, 2018). „Valanciunas, Raptors beat short-handed Knicks 113-88“. The Washington Times. Посетено на February 9, 2018.
  34. „Leonard scores 35, Raptors beat Bucks 105-99 for 3-2 lead“. ESPN.com. May 23, 2019. Посетено на May 23, 2019.
  35. „Raptors capture first NBA title, beat Warriors in Game 6“. ESPN.com. June 13, 2019. Посетено на June 13, 2019.
  36. „HEAT ACQUIRE KYLE LOWRY“. NBA.com. August 6, 2021.
  37. DeRozan, Lowry strike gold with U.S. men’s basketball team in Rio
  38. „USA vs. Argentina box score“ (англиски). Посетено на 25 мај 2019.
  39. „USA vs. China box score“. Посетено на 25 мај 2019. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  40. „USA vs. China box score“. Посетено на 25 мај 2019. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  41. „USA vs. Venezuela box score“. Посетено на 25 мај 2019. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  42. „USA vs. Nigeria box score“. Посетено на 25 мај 2019. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)

Надворешни врски

уреди