Каваклиево

село во Солунско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Каваклиово)

Каваклиево (Кавакли, Горно Каваклиево или Вардар Кавакли; грчки: Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос; до 1927 г. Καβακλή, Кавакли[2]) — гратче во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.967 жители (2011).[3][4] Сè до крајот на Балканските војни селото било населено исклучиво со Македонци.[5]

Каваклиево
Άγιος Αθανάσιος
Центарот на Каваклиево
Центарот на Каваклиево
Каваклиево is located in Грција
Каваклиево
Каваклиево
Местоположба во областа
Каваклиево во рамките на Илиџиево (општина)
Каваклиево
Местоположба на Каваклиево во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°42.58′N 22°43.42′E / 40.70967° СГШ; 22.72367° ИГД / 40.70967; 22.72367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКаваклиево
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „#“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „#“
}}30
  1. Реден број во список м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4.967
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 03
Повик. бр.2310-70

Географија

уреди

Селото се наоѓа во областа Вардарија на Солунското Поле на 24 км северозападно од Солун.[5] Сместено е близу левиот брег на реката Вардар.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Каваклиево било големо македонско чифлигарско село во Солунската каза. Атарот му зафќал околу 2.600 хетари. Ѝ припаѓал на муката на јагленарите, а негов сопственик бил крупниот еврејски земјопоседник Малах.[6] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишал Кавакли како македонско село.[7][8]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горно Каваклиово имало 115 Македонци христијани.[9][10]

На почетокот XX век чифликот станал сопственост на турски земјопоседник, кој го дал под наем за седум години на еврејскиот стопанственик Саул Модијано. Во пописот на Хилми-паша од 1905 г. во селото се водат 75 православни Македонци (таму наречени „Грци“) и 20 муслимани (Ромите).[6]

Целото население на Каваклиево било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на ехзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Каваклиево (Gorno-Kavaklievo) ималло 144 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[9][11]

Во 1906 г. просветниот работник Димитриос Сарос дал извештај за напредокот на погрчувањето, во кој стои дека Кавакли Горно (Καβακλί Κάτω) е словенојазично (македонојазично) село во Полјанската епископија со 76 жители (40 мажи и 36 жени) со грчка свест, и во селото работело двополово основно грчко училиште со 16 ученици и 1 учител.[12]

Потпаѓање под Грција

уреди

Во Втората балканска војна во 1913 г. Каваклиево е запалено од грчката војска[5], која очигледно не верувала на половината од жителите кои изјавувале дека наводно се чувствувале „грчки“, па сето население пребегало преку граница.

Истата 1913 г. година селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот таа година е заведено дека сите македонски мештани го напуштиле,. Земјиштето станало сопственост на солунски Евреин, а малобројното население впрочем се состоело од 10 семејства Роми муслимани кои го обработувале неговиот имот.[5] Неколку години подоцна државата го откупила чифликот и, согласно на Лозанскиот договор го иселила населението во Турција како муслиманско. Почнувајќи од октомври 1922, па сè до 1924 г. година во Каваклиево се доведени околу 600 грчки семејства од 25 села во Источна Тракија (првите од Кермени) и 7 од Смирненско во Мала Азија. Кон атарот од 26 км2 се придодадени уште 35 км2 одземени од атарот на соседното Текелиево.[3]

Во 1927 г. селото е преименувано во Агиос Атанасиос (во прев. „Свети Атанас“). Во 1928 г. Каваклиево е попишано како село со 467 семејства од вкупно 1.952 жители, сите грчки дојденци.[3][13]

Во 1940 г. во Каваклиево се попишани 2.865 жители, а во 1951 г. во него живеело 2.851 лице. Во 1961 г. населението нараснало на 3.183 жители и продолжило да расте: 3.372 во 1971, 3.972 во 1981, достигнувајќи 5.400 жители во 1991 г.[5] Во меѓувреме Кавсклиево добило градски статус. Во 2001 г. бројот се намалил на 4.816 жители, накачувајќи се на 4.967 во 2011 г.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.865 2.851 3.183 3.372 3.972 5.400 4.816 4.967
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Каваклиево има многу плодно земјиште кое целосно се наводнува и дава високи приноси. Се произведуваат големи количества памук, жито и бостан, а развиено е и краварството.[5]

Културно-историски знаменитости

уреди

Древномакедонски гробници

уреди
 
Влез на една од гробниците кај Каваклиево.
 
Македонски војници на живопис во гробницата.

На подрачјето на Каваклиево е пронајдена стара древномакедонска населба изградена крај крстопат кој во антиката ги поврзувал источна Македонија, Халкидик и Солунскиот Залив со централна и западна Македонија. Тука се ископините на повеќе древномакедонски гробници значајни за археологијата. Некои од нив се источно од Каваклиево, во една голема тумба.[14]

Гробовите источно од гратчето се пронајдени од археологот Марија Цимпиду-Авлонитис во 1994 г. Во тумулот и неговиот источен дел се откриени два мали гроба во скривница, кои датираат од 320-300 г. п.н.е. Во еден од нив, со квадратен облик, се откриени бронзени мамузи и врвови од стрели, што укажува на тоа дека тука е погребан македонски коњаник. Во истиот гроб е пронајден и најврениот наод — сребрен пехар во облик на тврдокрилец.

Во соседната мала гробница пронајден е сребрен ковчег украсен со два мали диска на кои има испакнати осумкраки ѕвезди, сето во пурпурно-златен плашт. Најдени се и коски од жена со златен прстен и неколку керамички предмети. Во средиштето на тумулот е поединечна старомакедонска погребна одаја од крајот на IV век п.н.е. до дорска фасада, украсена со митски мршојадци со златни крила. Влезот на гробницата го красат две момчиња со долги наметки, прикажани како стојат и стражарат пред гробницата. Од особен интерес е фризот над влезот, кој е висок само 35 см. Релјефот е живописан со разни бои и прикажува македонска гозба: луѓе со венци прилегнати во удобни легла покриени со шарени постилки. Насликани се како се гоштеваат на богата трпеза, придружени од свирач на лира и жлебови во кои стојат две женски фигури. На истата сцена има и група од следбеници како јаваат на коњ и одат пешки; сето ова е придружено од македонски хоплити, што се гледа од нивната облека, капите и оружјето.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καβακλή -- Άγιος Αθανάσιος
  3. 3,0 3,1 3,2 „Άγιος Αθανάσιος“. Δήμος Χαλκηδόνας. Архивирано од изворникот на 2019-08-01. Посетено на 8 јули 2019.
  4. Κουκουρίκης, Κωνσταντίνος, Πηνελόπη Ευαγγέλου (2008). „Ένα Μακεδονικό σπίτι 105 ετών“. Посетено на 12 јули 2013.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 323.
  6. 6,0 6,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης. Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 45. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  7. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда
  8. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  9. 9,0 9,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  11. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
  12. Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά. Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. „Υπουργείο Πολιτισμού και Τουρισμού, Μακεδονικός Τάφος Α. Αθανασίου“. Архивирано од изворникот на 2020-12-01. Посетено на 2019-11-15.
  15. Видеоснимка од древномакедонската гробница кај Каваклиево, 2015 г.

Надворешни врски

уреди