Мамуза[1][2] или шпора[3][4] — метална направа прикачена на обувките на јавачот, со кој јавачот го поттикнува коњот.

Мамузи

Веќе во стариот век се користела во обликна остар шилец, кој се носел само на едната нога. За време на династијата Меровинзи, тој бил прицврстен за ногата со ремен провлечен низ ушите при крајот од мамузниот лак, а за време на династијата Каролинзите, ременот со клинци бил прицврстен на работ на тој лак. Од деветтиот до десеттиот век, шилецот на мамузата е значително продолжен. За време на Крстоносните војни, често бил свртен нагоре или надолу. На крајот на средниот век наместо шилец, било поставувано назабено тркалце. Во феудалниот период, златните мамузи се сметале за симбол на витештвото, а сребрените симбол на штитоносците.

Во Хрватска се пронајдени сите видови на мамузи од римско време па наваму. Највредното откритие се позлатените сребрени и бронзени стари хрватски мамузи од периодот од VII до IX век пронајдени во градот Бискупија кај Книн.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди