Долно Каваклиево
Долно Каваклиево или Ќопек Кавакли (грчки: Κάτω Καβακλί, турски: Köpek Kavaklı) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Било населено исклучиво со Македонци.[1]
Долно Каваклиево Κάτω Καβακλί | |
---|---|
Координати: 40°40.16′N 22°43.56′E / 40.66933° СГШ; 22.72600° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Делта |
Општ. единица | Долно Каваклиево |
Надм. вис. | 2 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиДолно Каваклиево се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Било сместено на 2 км североисточно од Коњари и на 5 км југозападно од Текелиево. Лежело на левиот северен брег на ракавецот Мал Вардар.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВп XIX век Каваклиево било македонско чифличко село во Солунската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Кавакли како македонско село.[3][4]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каваклиево (Cavaclievo) е село со 12 домаќинства сочинети од 42 жители Македонци.[3][5]
Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Долно Каваклиово имало 85 Македонци христијани.[3][6] Според Боривое Милоевиќ, во 1902 г. чифликот се распаднал.[7]
Целото население на Долно Каваклиево било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Долно Каваклиево (Dolno-Kavaklievo) имало 80 Македонци, сите под патријаршијата.[3][8]
Во 1905 г. според грчки податоци во селото имало 27 жители, претежно припадници на патријаршијата. Жителите биле потесно сврзани со селата Кулакија, Теклиево, Лапра, Махмудово и Колопанци.[2]
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кавакли Долно (Καβακλί Κάτω) е словенојазично село во Солунската митрополија со 30 жители под патријаршијата.[9]
Во Грција
уредиВо 1913 г. по Втората балканска војна Долно Каваклиево влегло во состав на Грција. Таа година во пописот се води како напуштена населба.[1] Селото е повторно населено бидејќи во 1920 г. тоа е заведено со 71 жител. Според Тодор Симовски селото конечно се распаднало во 1927 г. поради мелиоративните работи при регулацијата на Вардар и лошите услови за живеење, па истото е отпишано од евиденција во 1927 г.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 317. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 41. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Очеркъ путешествія по Европейской Турціи (съ картою окресностей охридскаго и преспанскаго озеръ) Виктора Григоровича (PDF) (Изданіе второе. изд.). Москва: Типографія М. Н. Лаврова и Ко. 1877. стр. 91.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 154–155. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 102.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
- ↑ Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά (грчки). Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help)