Земји членки на Друштвото на народите
Помеѓу 1920 и 1939 година, вкупно 63 земји станале земји членки на Друштвото на народите или Лигата на нации. Пактот за формирање на Лигата на нации бил вклучен во Версајскиот договор и стапил во сила на 10 јануари 1920 година, а со распаѓањето на Лигата на нации на 18 април 1946 година, нејзините средства и одговорности биле пренесени во новоформираните Обединети нации.
Најголемиот опсег на Лигата бил од 28 септември 1934 година (кога се приклучил и Еквадор) до 23 февруари 1935 година (кога Парагвај се повлекол) броејќи 58 члена. Во тоа време се повлекле Костарика (22 јануари 1925 година), Бразил (14 јуни 1926 година), Јапонија (27 март 1933 година) и Германија (19 октомври 1933 година), а се приклучил само Египет (на 26 мај 1937 година).
Членовите (наведени хронолошки и по азбучен ред ако се приклучиле во истиот ден) во ова време биле Аргентина, Австралија, Белгија, Боливија, Британската Империја, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Куба, Чехословачка, Данска, Салвадор, Франција, Грција, Гватемала, Хаити, Хондурас, Индија, Италија, Либерија, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Панама, Парагвај, Персија/Иран, Перу, Полска, Португалија, Романија, Сијам, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Уругвај, Венецуела, Југославија, Австрија, Бугарија, Финска, Луксембург, Албанија, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Слободна држава Ирска, Етиопија, Доминиканска Република, Мексико, Турција, Ирак, Советскиот Сојуз, Авганистан, и Еквадор.
Од 42-те основачки членки, 23 (или 24, сметајќи ја Слободна Франција) биле членки кога Лигата на нациите се распаднала во 1946 година. Уште 21 земја се приклучиле помеѓу 1920 и 1937 година, но седум се повлекле, заминале или биле исклучени пред 1946 година.
Земјите се наведени кон годината во која се приклучиле. Ознаката „се повлекла“ укажува на тоа дека земјата излегла по сопствен избор. Зборот „излегла“ означува земја која престанала да постои по анексијата на Германија, Италија или Советскиот Сојуз. Советскиот Сојуз бил исклучен од Лигата во 1939 година, по нејзината инвазија на Финска, и била единствената земја што се соочила со оваа мерка.
И покрај формулирањето на концептот и потпишувањето на Пактот, Соединетите држави никогаш не влегле во Лигата на нациите, а некои релативно изолирани суверени држави во Азија исто така не се приклучиле, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Јемен, Монголија, Непал и Бутан.
Исто така, ниедна од европските микродржави Андора, Лихтенштајн, Монако, Сан Марино и Ватикан не побарале членство во организацијата.
Мапа
уреди10 јануари 1920 година: Основачи
уреди- Аргентина (се повлекла во 1921 година по обивањето на Аргентиската резолуција што предлагала сите суверени земји да се примат во Лигата, но го вратила своето членство на 26 септември 1933 година)[1]
- Белгија
- Боливија
- Бразил, т.е. Република Веља (се повлекла на 14 јуни 1926 година)
- Британска Империја:[2]
- Чиле (се повлекла на 14 мај 1938 година)
- Кина, 1912-49
- Колумбија
- Куба, 1902-59
- Чехословачка, 1918–38 (окупирана од Германија на 15 март 1939 година)[3]
- Данска
- Ел Салвадор (се повлекла на 11 август 1937 година)
- Франција (Вишиевска Франција се повлекла на 18 април 1941; повлекувањето не било признато од силите на Слободна Франција)
- Грција
- Гватемала (се повлекла на 26 мај 1936 година)
- Хаити, 1859–1957 (се повлекла во април 1942 година)
- Хондурас (се повлекла на 10 јули 1936 година)
- Италија (се повлекла на 11 декември 1937 година)
- Јапонија, 1868–1947 (се повлекла на 27 март 1933 година)
- Либерија
- Холандија
- Никарагва се повлекла на 27 јуни 1936 година)
- Норвешка
- Панама
- Парагвај (се повлекла на 23 февруари 1935 година)
- Иран, (под името Династија Пахлави до 1934 година)
- Перу (се повлекла на 8 април 1939 година)
- Полска
- Португалија, 1910–26
- Романија, 1881–1947 (се повлекла на 11 јули 1940 година)[4]
- Тајланд (под името Сиам до 1939 година)[5]
- Шпанија, 1874–1931 (се повлекла во мај 1939 година)
- Шведска
- Швајцарија
- Уругвај
- Венецуела (се повлекла на 12 јули 1938 година)
- Југославија (под името Кралство СХС до 1929 година)[6]
1920 година
уреди- Австрија (се придружила на 15 декември 1920 година; окупирана и анексирана од Германија на 13 март 1938 година)
- Бугарија (се придружила на 16 декември 1920 година)
- Костарика (се придружила на 16 декември 1920 година; се повлекла на 22 јануари 1925 година)
- Финска (се придружила на 16 декември 1920 година)[7]
- Луксембург (се придружила на 16 декември 1920 година)[8]
- Албанија, 1914–25 (се придружила на 17 декември 1920 година)[9]
1921 година
уреди- Естонија (се придружила на 22 септември 1921 година; окупирана и анексирана од Советскиот Сојуз во 1940 година)
- Латвија (се придружила на 22 септември 1921 година; окупирана и анексирана од Советскиот Сојуз во 1940 година)
- Литванија (се придружила на 22 септември 1921 година; окупирана и анексирана од Советскиот Сојуз во 1940 година)
1922 година
уреди1923 година
уреди- Ирска (се придружила на 10 септември 1923 година, под името Слободна Држава Ирска до 1937 година)
- Етиопија, т.е. Абисинија (се придружила на 28 септември 1923 година)
1924 година
уреди- Доминиканска Република (се придружила на 28 септември 1924 година)
1926 година
уреди- Германија (се придружила на 8 септември 1926 година; се повлекла на 19 октомври 1933 година)
1931 година
уреди1932 година
уреди1934 година
уреди- СССР (се придружила на 18 септември 1934 година; исклучена на 14 декември 1939 година)
- Авганистан, 1926–73 (се придружила на 27 септември 1934 година)
- Еквадор (се придружила на 28 септември 1934 година)
1937 година
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ League of Nations chronology Архивирано на 20 мај 2017 г., United Nations
- ↑ Members of the 1st Assembly, League of Nations Архивирано на 6 април 2019 г., Geneva, 15 November – 18 December 1920.
- ↑ Czechoslovakia never formally left the League and was present at the last meeting of the Assembly in 1946
- ↑ Hannsjoachim Wolfgang Koch, Macmillan International Higher Education, 1985, Aspects Of The Third Reich, p. 297
- ↑ Hell, Stephan (8 January 2020). „A seat at the table“. Bangkok Post. Посетено на 8 January 2020.
- ↑ Occupied by Axis Powers 1941–1945
- ↑ Withdrew from active participation in the League after its defeat by the Soviet Union in 1944.
- ↑ Forced to withdraw by German occupation in May 1940 and incorporation into the German Reich.
- ↑ Forced to withdraw by Italian invasion of 1939.
- ↑ Toledo-García, Itzel; University of Essex, UK: ‘’"La cuestión de la dignidad nacional en el ingreso de México a la Sociedad de Naciones, 1919-1931"’’ Retrieved 4 September 2016. (Translated from Spanish: "On September 7th, 1931, the British Empire, Germany, Northern Ireland, Spain, France, Italy and Japan began the initiative; next day the proposal was adopted unanimously by the assembly, and the invitation was sent to the government of Mexico. The 10th of September the acceptance was communicated in Geneva… Two days later, Mexico was declared member of the League of Nations.")
Дополнителна литература
уреди- Hell, Stefan (2019). Siam and The League of Nations; Modernisation, Sovereignty, and Multilateral Diplomacy, 1920-1940. Bangkok: River Books. ISBN 9789749863893. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 19 Јануари 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)