Слободна Држава Ирска
Слободна Држава Ирска (ирски: Saorstát Éireann) била држава основана во 1922 година по англо-ирскиот договор од декември 1921 година. Тој договор ја завршил тригодишната ирска војна за независност помеѓу силите на самопрогласената Ирска Република, Ирската Републиканска Армија (ИРА) и силите на британската круна.
Слободна Држава Ирска Saorstát Éireann (ирски)
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1922–1937 | |||||||||
Химна: "Amhrán na bhFiann"[1] "The Soldiers' Song" | |||||||||
Статус | Британски посед | ||||||||
Главен град | Даблин 53°21′N 6°16′W / 53.350° СГШ; 6.267° ЗГД | ||||||||
Largest city | гл. град | ||||||||
Службени јазици | |||||||||
Национален јазик | ирски | ||||||||
Вероисповед (1926[2]) |
| ||||||||
Демоним(и) | Ирец | ||||||||
Уредување | унитарна парламентарна уставна монархија | ||||||||
Монарх | |||||||||
• 1922–1936 | Џорџ V | ||||||||
• 1936 | Едвард VIII | ||||||||
Генерален гувернер | |||||||||
• 1922–1927 | Тимоти Мајкл Хили | ||||||||
• 1928–1932 | Џејмс МекНил | ||||||||
• 1932–1936 | Данвал Бакли | ||||||||
Legislature | Ерахтас | ||||||||
Историја | |||||||||
6 декември 1921 | |||||||||
6 декември 1922 | |||||||||
29 декември 1937 | |||||||||
• Стапување на сила на Акт за Република Ирска од 1948 | 18 април 1949 | ||||||||
Површина | |||||||||
до 8 декември 1922 | 84.000 km2 (32,000 sq mi) | ||||||||
по 8 December 1922 | 70.000 km2 (27,000 sq mi) | ||||||||
Население | |||||||||
• Estimate | 2,948,000 (1937) | ||||||||
Валута |
| ||||||||
Временска зона | UTC | ||||||||
• Summer (DST) | UTC+1 (IST/WEST) | ||||||||
Date format | дд/мм/гггг | ||||||||
Driving side | лево | ||||||||
|
Слободната држава е основана како посед/ доминион на британскиот Комонвелт на нациите. Се состоела од 26те од 32-те окрузи на Ирска. Северна Ирска, која ги сочинувала преостанатите шест окрузи, го искористи своето право според Договорот да се откаже од новата држава. Владата на Слободната држава се состоела од генерален гувернер, претставник на кралот и извршен совет (кабинет), кои ги замениле револуционерната влада и привремената влада утврдени со Договорот. Вилијам Томас Косгрејв кој ги водел обете овие влади од август 1922 година, станал првиот претседател на Извршниот совет (премиер). Ерахтас или законодавниот дом се состоел од два дома, горен и долен.
Во 1931 година, со усвојувањето на Статутот на Вестминстер, Парламентот на Обединетото Кралство се откажал од скоро сите преостанати овластувања за законодавство за Слободната држава. Ова ги направиле поседите целосно суверени држави. Слободната држава на тој начин станала првата меѓународно призната независна ирска држава.
Во првите месеци на Слободната држава, се водела ирската граѓанска војна помеѓу новооснованата Национална армија и ИРА, кои одбиле да ја признаат државата. Граѓанската војна завршила со победа на владините сили, при што силите против Договорот го фрлиле оружјето во мај 1923 година. Политичката партија против Договорот, Шин Фејн, одбила да ги заземе своите места во Сенатот, оставајќи ја релативно малата Лабуристичка партија како единствената опозициска партија. Во 1926 година, кога претседателот на Шин Фејн, Самон де Валера не успеал да ја смени оваа политика, тој поднел оставка од Шин Фејн и ја основаше Фијана Фаил. Фијана Фаил влегла во Собранието по општите избори во 1927 година и влегла во владата по општите избори во 1932 година, кога стана најголемата партија.
Де Валера ја укина заклетвата за верност и започнал економска војна со Велика Британија. Во 1937 година подготвил нов устав, кој бил изгласан на референдум во јули истата година. Слободната држава завршила со стапувањето во сила на новиот устав на 29 декември 1937 година кога државата го променила името со „Ирска“.
Наводи
уреди- ↑ Службено усвоена во јули 1926. O'Day, Alan (1987). Alan O'Day (уред.). Reactions to Irish nationalism. Continuum International Publishing Group. стр. 17. ISBN 978-0-907628-85-9. Архивирано од изворникот 14 април 2016. Посетено на 28 април 2011.
- ↑ „1926 Census Vol.3 Table 1A“ (PDF). Central Statistics Office. стр. 1. (1861–1926)
Литература
уреди- Coogan, Tim Pat (1993). Éamon de Valera. ISBN 0-09-175030-X.
- Coogan, Tim Pat (1990). Michael Collins. ISBN 0-09-174106-8.
- Longford, Lord. Peace by Ordeal.
- McCardle, Dorothy (January 1999). The Irish Republic. ISBN 0-86327-712-8.
- Corcoran, Donal. „Public Policy in an emerging state: The Irish Free State 1922–25“. Irish Journal of Public Policy. ISSN 2009-1117. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 27 October 2013.
Поврзано
уредиОваа статија за Ирска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |