Втора Полска Република
Втора Полска Република (полски: II Rzeczpospolita Polska) - историска полска држава во Средна Европа во меѓувоениот период. Постоела од 11 ноември 1918 година до 6 октомври 1939 година (капитулација во Инвазија на Полска (1939)), сепак имала влада во егзил до 6 јули 1945 година. По Втората светска војна станела сателитска држава на СССР (Народна Република Полска).
Rzeczpospolita Polska II Rzeczpospolita Република Полска Втора Република | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1918–1945 | |||||||||||||
Химна: Домбровска мазурка Mazurek Dąbrowskiego | |||||||||||||
![]() Полска во 1930г. | |||||||||||||
Главен град | Варшава | ||||||||||||
Говорени јазици | полски, германски, украински, белоруски, литвански | ||||||||||||
Уредување | Aвторитаризам | ||||||||||||
Претседател | |||||||||||||
• 1918–1922 | Јосеф Пилсудзки (прв) | ||||||||||||
• 1939-1945 | Владислав Рачкиевич (последен) | ||||||||||||
Премиер | |||||||||||||
• 1918 | Јендржеј Морашевски (прв) | ||||||||||||
• 1944 | Томаш Арцишевски (последен) | ||||||||||||
Legislature | Сејм | ||||||||||||
• државен совет | Сејм | ||||||||||||
Историски период | меѓувоен период | ||||||||||||
• Основана | 11 ноември 1918 | ||||||||||||
1 септември 1939 | |||||||||||||
• Враќање на меѓународното признавање | 6 јули 1945 | ||||||||||||
• Престанала да постои | 6 јули 1945 | ||||||||||||
Површина | |||||||||||||
1939 | 389.720 km2 (150,470 sq mi) | ||||||||||||
Население | |||||||||||||
• 1939 | 34.849.000 | ||||||||||||
Валута | Полска марка (1918-1924) Полска злота (1924-1939) | ||||||||||||
| |||||||||||||
Денес дел од | ![]() ![]() ![]() ![]() |
Демографија
уредиИсториски гледано, Полска речиси секогаш била мултиетничка земја. Ова особено важи за Втората Република, кога на крајот на Првата светска војна била постигна независноста и последователаната Полско-советска војна, која официјално завршила со Договорот од Рига. Според пописот од 1921 година 30.8% од населението претставувале етнички малцинства,[1] во споредба со 1.6% (самоидентификувајќи се со не-полска етничка група) или 3.8% (вклучувајќи ги оние кои се идентификуваат и со полската и со друга етничка група) на пописот во 2011 година.[2] Првиот бран на спонтана преселба на околу 500,000 Полјаци од Советскиот Сојуз се случил за време на реконституирањето на суверена Полска. Во вториот бран, помеѓу ноември 1919 и јуни 1924, околу 1,200,000 луѓе ја напуштиле територијата на СССР и се преселиле во Полска. Се проценува дека околу 460,000 од нив зборувале полски како прв јазик.[3] Според пописот од 1931: 69% од населението биле Полјаци, 14% биле Украинци, околу 10% Евреи, 3% Белоруси, 2% Германци и 3% други, вклучувајќи Литванци, Чеси, Ерменци, Руси и Роми. Ситуацијата со малцинствата била комплексна и се менувала во текот на овој период.[4]
Полска исто така била нација со многу религии. Во 1921, 16,057,229 жители (околу 62.5%) биле Римокатолици, 3,031,057 (околу 11.8%) биле Католици од источен обред (повеќето припадници на Украинската гркокатоличка црква и Ерменската католичка црква), 2,815,817 (околу 10.95%) биле Православни, 2,771,949 (околу 10.8%) биле Евреи, и 940,232 (околу 3.7%) биле Протестанти (претежно Лутеранци).[5]
До 1931, Полска го имала второто по големина еврејско население во светот, при што една-петтина од сите Евреи во светот живееле во нејзините граници (околу 3,136,000).[1] Градското население во меѓувоениот период постојано се зголемувало; во 1921, само 24% од населението живеело во градовите, а во доцните 1930-ти, тој процент се зголемил на 30%. За една деценија населението во Варшава се зголемило за 200,000, на Лоѓ за 150,000, и на Познањ – за 100,000 жители. Ова се должи не само на внатрешната миграција, туку и на екстремно високата стапка на наталитет.[6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеMJ
. - ↑ „Przynależność narodowo-etniczna ludności – wyniki spisu ludności i mieszkań 2011“ [Ethnic makeup of Polish citizenry according to census of 2011] (PDF). Materiał Na Konferencję Prasową W Dniu 2013-01-29: 3, 4. Архивирано (PDF) од изворникот 15 May 2020. Посетено на 20 July 2016 – преку PDF file, direct download 192 KB.
- ↑ PWN (2016). „Rosja. Polonia i Polacy“. Encyklopedia PWN. Stanisław Gregorowicz. Polish Scientific Publishers PWN. Архивирано од изворникот 6 April 2016. Посетено на 20 July 2016.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеDavies
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеPSL
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеliberte.pl
.