ЖС „Ѓорче Петров“
Железничката станица „Ѓорче Петров“ — железничка станица во Република Македонија. Се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина веднаш од десната страна на реката Лепенец помеѓу селото Бардовци и населбите Ѓорче Петров, Даме Груев (Геге) и фабриката „Карпош“. Железничката станица Ѓорче Петров е оддалечена 14,2 километри[1] од главната централна железничка станица Скопје и претставува железничка крстосница за пругите кон Кичево и Косово. Станицата е трета постојка и втора железничка станица на пругите кон Кичево и Косово и воедно една од 5-те железнички станици во потесното градско подрачје на Скопје. Пругата и колосеците на железничката станица Ѓорче Петров не се електрифицирани. На железничката станица Ѓорче Петров, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Кичево и Приштина (Косово).
ЖС „Ѓорче Петров“ | |
---|---|
Железничката станица „Ѓорче Петров“ погледната од надвозникот за населбата Даме Груев, Скопје | |
Општи информации | |
Координати | 42°01′04″N 21°21′53″E / 42.01778° СГШ; 21.36472° ИГД |
Колосеци | 4 |
Возен ред
уреди- Интеррегионална линија 6903: Кичево - Длапкин Дол - Строгомишта - Зајас - Падалиште - Лакавица - Гостивар - Врановци - Жеровјане - Брвеница - Тетово - Ратае - Јегуновце фабрика - Јегуновце - Орашје - Радуша - Сулари - Сарај - Ѓорче Петров - Скопје Север - Железарница.[2]
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-27. Посетено на 2011-10-15.
- ↑ Извод од возен ред — Македонски железници
Оваа статија за железничка станица во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |