Аманда Куртовиќ

норвешка ракометарка

Аманда Куртовиќ (родена на 25 јули 1991 г., во Карлскруна) е норвешка ракометарка која игра на позицијата десен бек или десно крило за Ѓер Ауди ЕТО и за норвешката репрезентација.[1][2]

Аманда Куртовиќ
Лични податоци
Роден(а) 25 јули 1991(1991-07-25)(33 г.)
Карлскруна, Шведска
Националност Норвешка Норвешка
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција десен бек, десно крило
Клупски податоци
Тековен клуб Ларвик Ларвик
Број 24
Младински клубови
Сандефјорд
Сениорски клубови
2007-2010
2010
2011-2012
2012-2014
2014-2015
2015-2017
2017-2019
2019-2021
2021
2021-2022
2022-
Нордстранд Нордстранд
Бјасен Бјасен
Ларвик Ларвик
Виборг Виборг
Опсал Опсал
Ларвик Ларвик
ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Муратпаша Кастамону Беледијеси
Дунареа Браила Дунареа Браила
Ларвик Ларвик
Репрезентација
2011– Норвешка Норвешка 112 (280)

Животопис

уреди

Аманда е родена во Карлскруна, Шведска од мајка швеѓанка и татко хрват, поранешниот ракометен голман и тренер Маринко Куртовиќ.[3] Кога имала само 6 години семејството се преселило во Сандефјорд во Норвешка поради тоа што нејзиниот татко потпишал договор за преземање на тренерската функција во локалниот клуб.[2] Таа има и помал брат, Вилијам, кој е професионален фудбалер и во моментов игра за Сандерфјорд Фудбал.[4]

Клупска кариера

уреди

Нордстранд

уреди

Куртовиќ ја започнала својата кариера во Сандефјорд и играла за младинските категории на клубот сè до 2007. Потоа заедно со нејзиниот татко (кој бил тренер на тимот од Осло) се преселиле во екипата од топ дивизијата на Норвешка Нордстранд од Осло. Аманда играла три сезони во клубот, настапила во преку 70 натпревари и постигнала преку 300 гола. Во сезоната 2009-2010 го имала и своето деби во европските купови, играјќи во двомечот од второто коло од Купот на ЕХФ против францускиот Серкл Ним во кој постигнала 6 гола меѓутоа нејзиниот тим бил елиминиран поради помал број на постигнати голови во гости.

Бјасен и Ларвик

уреди

Во летото 2010 година потпишала со еден од посилните клубови во Норвешка, екипата на Бјасен, каде што во првиот дел од сезоната 2010-2011 одиграла 14 натпревари и постигнала 45 гола, но не ја завршила сезоната во клубот затоа што на 4 февруари 2011 потпишала договор со најголемиот норвешки клуб Ларвик.[5]. Иако со скромна минутажа во својата првата сезона во Ларвик, сепак дала некаков придонес за освојувањето на тројната круна: норвешкото првенство, Купот на Норвешка и Лигата на шампионите. Таа била дел од тимот на Ларвик и во сезоната 2011-2012, освојувајќи уште една двојна круна во домашните натпреварувања, по што го напуштила клубот во потрага за поголема минутажа и потпишала за данскиот Виборг.

Виборг и Опсал

уреди

Откако за првпат ја напуштила Норвешка за да му се приклучи на Виборг, Куртовиќ изјавила "За мене е важно да играм, а не да сум на клупа". Меѓутоа иако била најавена како големо засилување за клубот работите не тргнале како што треба за неа таму бидејќи за време на двегодишниот престој во Данска таа постојано се мачела со повреди и одиграла многу малку натпревари. Згора на тоа дошла и скандалозната проценка на лекарскиот тим на клубот кои и одредиле погрешна дијагноза за повредата на рамото. Сепак, во 2014 година со Виборг го освоила данското првенство.

По двете нетолку успешни сезони во Данска, Куртовиќ се вратила во Норвешка потпишувајќи за екипата на Опсал.[6]

Враќање во Ларвик

уреди

Во јуни 2015, екипата на Ларвик објавила дека постигнале договор со Куртовиќ и дека таа ќе се врати во клубот во кој за последен пат играла пред три години.[7] Тренерот на Ларвик Тор Одвар Моен во врска со врќањето на Аманда во клубот изјавил "Со Куртовиќ ние се обезбедивме на позицијата десно крило. Мислам дека никој во Европа не може подобро од неа да нам одговара на таа позиција".[7]

На 13 ноември 2016, постигнала 11 гола во победата на гости во Шведска против Савехоф со 38-32 во Лигата на шампионите.[8] На 22 јануари 2017, во првенствената победа над нејзиниот поранешен клуб Опсал со 39-22, Куртовиќ постигнала највисоки во кариерата 19 гола.[9] Својата одлична форма во која влегла на почетокот на календарската година ја пренела и во натпреварите од главната фаза на Лигата на шампионите постигнувајќи 41 гол, со кој во еден момент избила на првото место на списокот на стрелците. Сепак во натпреварот против Мидтјиланд во петтото коло посериозно се повредила поради што морала да го пропушти остатокот од сезоната.

ЧСМ Букурешт

уреди

На 26 март 2017, заедно со својата соиграчка Марит Малм Фрафјорд потпишала двегодишен договор со романскиот ЧСМ Букурешт.[10] Во своето деби за Букурешт постигнала два гола со кој му помогнала на клубот да го освои Суперкупот на Романија со победа од 33-19 над СКМ Крајова. На 26 јануари 2018, Куртовиќ со 8 постигнати гола ја предводела својата екипа во победата на домашен терен над Ѓер во Лигата на шампионите со 28-22.[11] На 8 февруари ја добила наградата на ЕХФ за Играч на месецот за месец јануари пред својата соиграчка од ЧСМ Кристина Њагу.[12] На 18 февруари 2018, во победата на гостувањето кај Рапид Букурешт во романското првенство со 30-27, за првпат во дресот на ЧСМ постигнала двоцифрен број на голови (10).[13] На 1 април 2018, Куртовиќ го освоила со клубот Купот на Романија, со победата над Р’мнику В’лча во финалето со 29-22 во кое таа со 6 постигнати гола била најефикасна во својата екипа. Подоцна, со ЧСМ Букурешт го освоила и романското првенство.

Нејзината втора сезона во ЧСМ била прекината поради тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено, со која се здобила играјќи за норвешката репрезентација во подготвителен натпревар за Европското првенство 2018 против Франција.[14] Поради тоа таа го пропуштила првенството и остатокот од сезоната 2018-2019 со ромаскиот клуб.[15]

Во февруари 2019, Куртовиќ потпишала тригодишен договор со унгарскиот Ѓер Ауди ЕТО.[16] Иако дошла како големо засилување, кое требало да го надомести заминувањето на нејзината сонародничка Нора Морк, Аманда никогаш не добила вистинска шанса во Ѓер и никогаш не била редовен стартер на својата позиција. Својата прва сезона во клубот ја започнала повредена, поради што одиграла многу мал број на натпревари во сезоната пред истата да биде суспендирана и да не се одигра до крај поради пандемијата на КОВИД-19.

Следната сезона одиграла малку повеќе натпревари во дресот на Ѓер, но и понатаму без преголема минутажа поминувајќи повеќе време на клупата отколку на теренот, што ја натерало во вториот дел од сезоната да замине на позајмица до крајот на сезоната во турскиот клуб Кастамону Беледијеси.

Репрезентативна кариера

уреди

Куртовиќ дебитирала за сениорската репрезентација на Норвешка на 26 март 2011 година, во натпревар против Русија. Таа била повикана во составот за Светското првенство во 2011 во Бразил, на кое Норвешка го освоила златниот медал со победа од 32-24 над Франција во финалниот натпревар во Саун Пауло.

Следната година таа играла и на Олимписките игри 2012 во Лондон, помагајќи и на Норвешка да го обезбеди златниот олимписки медал со победа од 26-23 над Црна Гора.

По преселбата во Виборг и серијата на повреди уследил и пад во нејзината форма поради што не била повикана во составот на репрезентацијата за следните два големи настана Светското првенство во 2013 и Европското првенство во 2014.

Сепак со доаѓањето во Ларвик работите се промениле и таа одново станала редовен член на репрезентацијата. Била повикана за Светското првенство во 2015 и дала солиден придонес за освојувањето на првото место постигнувајќи 18 гола на турнирот, вклучувајќи ги и двата во финалниот натпревар против Холандија кој Норвешка го добила со 31-23.

Во 2016 година играла на Олимписките игри каде била една од најдобрите во норвешката репрезентација, но норвежанките биле поразени во полуфиналето од Русија и на крајот морале да се задоволат само со бронзен медал. Исто така, играла и на Европското првенство во 2016 на кое Норвешка одново го освоила првото место.

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Ларвик

уреди

  Виборг

уреди

  ЧСМ Букурешт

уреди

Репрезентативни

уреди

  Норвешка

уреди

Наводи

уреди
  1. „Landslagsprofiler – Amanda Kurtovic“ (норвешки). Norges Håndballforbund (www.handball.no). Посетено на 5 December 2011.
  2. 2,0 2,1 Amanda Kurtović Архивирано на 11 октомври 2016 г.. nbcolympics.com
  3. ARNE HOLE. „I kveld skal Amanda banke farens fødeland“. Aftenposten.
  4. Arne Hole. „I kveld skal Amanda banke farens fødeland“. Aftenposten (норвешки).
  5. Kurtović til Larvik
  6. „Amanda Kurtovic: - Skandaløst dårlig oppfølging i Viborg“ (норвешки). 2009-09-12. Посетено на 25 декември 2010.
  7. 7,0 7,1 „Amanda Kurtovic: - Skandaløst dårlig oppfølging i Viborg“ (норвешки). 2015-06-19. Посетено на 19 јуни 2015.
  8. IK Sävehof vs Larvik IL 32-38 scoresway
  9. Amanda scoret 19 larvikhk.no
  10. Marit Frafjord si Amanda Kurtovic se alatura Tigroaicelor – HANDBAL FEMININ Официјално мрежно место на ЧСМ Букурешт
  11. CSM beat Györ in battle of the powerhouses European Handball Federation
  12. Бјорн Пазен и Питер Брун (8 февруари 2018). „Goal machines Zdrahala and Kurtovic pick up first awards of 2018“. eurohandball. Посетено на 25 февруари 2018.
  13. CS Rapid Usl Metrou Bucuresti-CSM Bucuresti 27-30 (14-14)
  14. „Amanda Kurtovic out after serious injury“. Архивирано од изворникот на 2019-10-16. Посетено на 2019-10-16.
  15. Heavy message for Kurtovic: Can take a whole year
  16. Дејан Михајловски (12 февруари 2019). „Ѓер создава дрим-тим: Потпиша и репрезентативка на Норвешка“. 24rakomet.mk. Архивирано од изворникот на 2019-02-15. Посетено на 15 февруари 2019.
  17. Forsvarte NM-tittelen; Larvik tok NM-seier nr. 8 på rad mot Tertnes, som ga favorittene kamp til siste slutt. Det endte 24-19. handball.no

Надворешни врски

уреди