Египетски пашалак

(Пренасочено од Египетски вилает)

Египет била најголема провинција во Отоманското Царство. Под власта на Османлиите земјата паднала на 22 јануари 1517 година во времето на Селим I. Разбирајќи ја важноста на Египет, Османлиите во Египет практикувале посебна политика и за разлика од останатите делови од империјата овде не бил воведен тимарски систем.

Отомански Египет
إيالة مصر (арапски)
Eyalet-i Mısır (турски)
1517–1867
Flag of Египет
Flag
Ејалетот во 1833.
Ејалетот во 1833.
СтатусЕјалет на Османлиското Царство
Главен градКаиро
Говорени јазициарапски, османлиски
Вероисповед
Суни ислам
Султан 
• 1517–1520
Селим I (first)
• 1861–1867
Абдул Азис (last)
Валија 
• 1517–1522
Каир Бег (прв)
• 1863–1867
Исмаил Паша (последен)
Голем везир 
• 1857–1858
Зулфикер Паша (прв)
• 1866–1867
Мухамед Шариф Паша (последен)
Историски периодРан модерен период
22 јануари 1517
1798–1801
1801–1805
1820–1822
1831–1833
8 јуни 1867
Население
• 1700
2.335.000[b]
• 1867
6.076.000
Претходници
Наследници
Мамелучки Султанат
Сенар
Khedivate of Egypt
Емиратство Диријах
Хеџаз
Денес дел од Египет
 Еритреја
 Етиопија
 Ирак
 Израел
 Јордан
 Либан
 Либија
 Саудиска Арабија
 Јужен Судан
 Судан
 Сирија
 Турција
 Јемен
^ a. Arabic became the sole official language in 1863.[1] ^ b. Figures are taken from the Populstat.info website.

Во споредба со големината на империјата, во Египет имало само 10.000 војници бидејќи земјата се наоѓала многу далеку од главните фронтови каде Османлиите постојано војувале, главно во Европа и Персија. Се сметало дека воената служба во Египет била далеку поудобна и мирна за разлика од останатите османлиски провинции.

Значењето на Египет за Османлиското Царство било од големо економско и стратешко значење. Египет претставувал база за османлиските походи кон Црвено Море, во Јемен, Етиопија. Во текот на 16 век Суец бил проширен. Кога Португалија основала свои бази во Индија, Османлиите решиле да ја консолидираат својата положба на подрачјето околу Црвено Море. Така во истиот период биле основани бази во Јемен и Етиопија.

Освојувањето на Египет на Османлиите им донело големи економски и финансиски предности. Приходите од даноците за земја, царините за морскиот и речниот транспорт биле користени за финансирање на војската.

Историја

уреди

Први години

уреди

Освојувањето на Египет на Османлиите им донело големи економски и финансиски предности. Приходите од даноците за земја, царините за морскиот и речниот транспорт биле користени за финансирање на војската.

По освојувањето на Египет османлискиот султан Селим I ја напуштил земјата. Големиот везир Јунус Паша бил поставен за прв османлиски управител на Египет. Наскоро султанот открил дека управителот изнудувал голем број на пари од државната каса па неговата функција била предадена на Хајир бег, поранешен управител на Алеп кој придонел во победата над Мамелуците кај Марџ Дабик[2].

Во првите години од османлиското владеење не бил променет значително феудалниот систем на управување со кој претходно владееле Мамелуците, и ним им било дозволено да се вратат на своите позиции. Земјата била поделена на 12 санџаци, а во времето на Сулејман I биле создадени и два дома наречени Голем диван и Мал диван. Во првите години управителите на Египет се менувале многу бргу главно поради можноста од натрупување на богатство на новите управители. Во времето на Сулејман I, Ахмед Паша започнал со востание прогласувајќи се за султан на Египет и започнал со печатење на монети во свое име. Кога истанбулските власти разбрале за ова, на чело со Паргали Ибрахим Паша биле испратени османлиските сили кои го задушиле востанието а Ахмед бил погубен.

17 век

уреди

Во текот на 17 век биле предизвикани неколку промени на водачите на тамошната војска бидејќи често се случувало бунтови од самата армија главно од економски причини, во често мотивите биле и од етничка и расна природа. Во 1604 година управителот Мактул Хаџи Ибрахим Паша бил убиен од страна на војниците а неговата глава поставена пред портата Баб Зувеила во Каиро. Во 1609 година избувнале немири меѓу силите на наследникот на Ибрахим, Мухамед паша (1607-1611) и војската. Поради овој конфликт морал да интервенира големиот везир Кара Мехмед Паша кој на 5 февруари 1610 година влегол триумфално во Каиро, ги погубил водачите на бунтот и протерал голем дел од учесниците во Јемен. Некои историчари овој настан го опишуваат како второ османлиско освојување на Египет.

Во следниот период, Кара Мехмед Паша извршил големи финансиски реформи, главно поврзани со даночните потешкотии на тамошното население кое означува дека Османлиите кон крајот на 16 и почетокот на 17 век започнале својата империја постепено да ја претвораат од освојувачка во бирократска земја. Во тоја аспект, османлиското владеење над Египет и Хиџаз се сметало како одговорност на самиот султан и сигурност за исламските свети места Мека и Медина. По освојувањето на Крит во 1669 и на Багдад во 1636 година улогата на Египет во внатрешноста на империјата се намалила. Во следниот период се намалила опасноста од Португалците во Црвено Море, па египетска експедиција на тоа подрачје не била потребна. Сите овие случувања довеле до намалување на воениот морал на водачите на Египет.

Египет во текот на 17 век духовно се развивал на доста специфичен начин. Главните верски поглавари и понатаму биле директно поврзани со Истанбул. Голем број на евнуси, управители и разни османлиски државници играле одредена улога во образовниот процес и верскиот поглед на Египет. Во овој период значително се зголемил бројот на арапските студенти на универзитетот Азхар.

18 век

уреди

Во текот на XVIII век, Египет започнал со своите акции за добивање на автономија. Власта на пашата значително се намалила, додека големо влијание врз политиката на земјата добиле мамелучките бегови. Кога Египет излегол од општата пасивна состојба која била наметнета од Османлиите во текот на претходните два векови, земјата започнала слободно да ги развива своите надворешни односи со Европа каде на чело со мамелучките бегови земјата станала стратешка за европските трговски сили. Египет во овој период станал најбогатиот османлиски ејалет снабдувајќи ја земјата со рж, шеќер, пченица итн.

Кон крајот на 18 век, Османлиите постепено ги губиле своите позиции во Египет, главно поради тоа што поголемиот дел од административните и воените единици биле заземени од локалните бегови. Многу често во земјата избувнувал конфликт меѓу две секти и тоа касимирска секта која имала босанско потекло и фикариска секта која по потекло била од Кавказ. Во 1711 година избувнал крвав конфликт меѓу овие две секти кој трале 80 денови. Конфликтот завршил со убиство на водачот на фикариската секта, а самата османлиска централна власт немала никакви шанси да го спречи конфликтот и ситуацијата да ја стави под своја контрола.[3][4]. Во 1730-тите години конфликтите довеле до потполно уништување на овие секти, па власта ја презела сектата Каџагли. Голем дел од анадолските доселеници биле дел од нејзините сили.

19 век

уреди

Во август 1797 година генералот Наполеон Бонапарт во писмо до Директориумот понудил да поведе воена експедиција, чија цел била преземањето на Египет која била покраина на Отоманското Царство, со цел заштита на француските комерцијални интереси и прекин на британските патишта кон Индија. Бонапарт се стремил кон француско владеење на Блискиот Исток за да може да се поврзе со муслиманскиот непријател на Британците во Индија - Типу-султан. Наполеон напишал дека колку побрзо го заземе Египет толку побргу ќе може да создаде врски со индиските кнезови за полесен напад врз англичаните[5]. По пристигнувањето во Египет (според планот, во близина на Александрија), наполеоновата армија победила повеќе од 21.000 мамелуци во Битката кај пирамидите (околу 40 000 мамелуци не учествувале во битката), која се одржала на околу 9 милји (15 км) од пирамидите. Додека битката на копното била решавачка победа за Французите, британската морнарица успеала да компензира во морските борби. Француската флота била заробена додека Наполеон останал на копното. На овој начин неговата цел да ги зајакне француските позиции во Средоземното Море останале неисполнети.

Во текот на следниот период се одвиле две војни против Османлиите на чело со Мухамед Али Паша во периодот од Османлиско-египетска војна (1831–1833)|1831 до 1833 година, како и во периодот од 1839 до 1841 година. По крајот на овие две војни, Мухамед Али Паша бил признаен како легитимен владетел на Египет.

Во 1854 година Франција добила концесија за изградба на Суецкиот Канал, отворен во 1869 година. Поради големите трошоци, египетскиот кедив бил принуден каналот да го продаде на Обединетото Кралство. Поради големото незадоволство, во 1879 година на чело со Ахмед Ураби, било формирано првото национално движење. Во 1882 година тој станал претседатењл на владата. Плашејќи се од губењето на контролата на каналот, Франција и Обединетото Кралство извршиле воена интервенција врз египетската војска.

20 век

уреди

По Првата светска војна, Османлиите конечно биле поразени и Британија добила голема контрола над земјата. По војната продолжиле конфликти за независност на земјата, која ја добила во 1922 година на чие чело застанал кралот Фуад II. Во 1936 година бил постигнат договор помеѓу Британија и Египет според кој британските трупи го контролирале само Суецкиот Канал во земјата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Holes, Clive (2004). Modern Arabic: Structures, Functions, and Varieties. Georgetown Classics in Arabic Language and Linguistics (2. изд.). Washington, D.C.: Georgetown University Press. стр. 43. ISBN 978-1-58901-022-2. OCLC 54677538. Посетено на 2010-07-09.
  2. D. E. Pitcher (1972). An Historical Geography of the Ottoman Empire: From Earliest Times to the End of the Sixteenth Century. Brill Archive. стр. 105. Посетено на 2 June 2013.
  3. Holt, P. M.; Gray, Richard (1975). Fage, J.D.; Oliver, Roland (уред.). „Egypt, the Funj and Darfur“. The Cambridge History of Africa. London, New York, Melbourne: Cambridge University Press. IV: 14–57. doi:10.1017/CHOL9780521204132.003.
  4. Hans Ferdinand Helmolt (1903). The World's History: Western Asia. Africa. W. Heinemann. стр. 712.
  5. Napoleon and Persia by Iradj Amini, p.12