Ехлоец

село во Општина Кичево
(Пренасочено од Евлоец)
За велешкото село видете Еловец.

Ехлоец (во различни извори се сретнува и како Ехловец или Евловец) — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Ехлоец

Сретселото во Ехлоец

Ехлоец во рамките на Македонија
Ехлоец
Местоположба на Ехлоец во Македонија
Ехлоец на карта

Карта

Координати 41°27′34″N 20°45′56″E / 41.45944° СГШ; 20.76556° ИГД / 41.45944; 20.76556
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 9 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6261
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12020
Надм. вис. 1.040 м
Ехлоец на општинската карта

Атарот на Ехлоец во рамките на општината
Ехлоец на Ризницата

Потекло на името

уреди

Името на селото првпат е споменато како „Елховче“ во 1568/69 година. Значењето на името веројатно е од ботаничкото евла („елха“).[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на дел од селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишното сливно подрачје на реката Треска, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.040 метри. Од градот Кичево е оддалечено 19 километри.[3]

Тоа е најоддалечено село во Кичевската Котлина, сместено во нејзиниот југозападен дел. Се наоѓа во изворишниот дел на Треска, на падините на планината Стогово.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Присој, Газ, Млака, Манастир, Комарштица, Барбарус и други.[4]

Селото има збиен тип. Не постојат, иако има родовско групирање на куќите.[4]

Ехлоец е познато како единствено мијачко село од источната страна на планинскиот венец Бистра-Стогово, кое природно гравитира кон Кичево.

Историја

уреди

Народното предание наведува дека селото е доста старо. Во историските извори првпат се споменува во XV век, како дервенџиско село. Имало 22 куќи и жителите го чувале патот Кичево-Дебар.[4]

Предците на денешните родови доселени се во втората половина на XVIII век од соседната област Мијачија. Некои доселеници биле од мијачкото село Главино Село и Лопушник, кои денес не постојат. Поради тоа, селото се нарекува мијачко.[4]

Во XIX век, Ехлоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 37 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.362,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.116,2 хектари, а на обработливото земјиште 109,5 хектари.[3]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948458—    
1953478+4.4%
1961431−9.8%
1971172−60.1%
198174−57.0%
ГодинаНас.±%
199136−51.4%
199423−36.1%
200220−13.0%
20219−55.0%

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија со 38 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[5]

Според податоците од 1873 година, селото имало 32 домаќинства со 125 жители христијани (Македонци).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ехлоец имало 475 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Ехлоец имало 560 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ехлоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[9]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Ехлоец:[10]

Домаќинства Печалбари Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
55 53 84 34 118 51 119 170

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[11]

Во 1961 година селото броело 431 жител, додека во 1994 година бројот се намалил дури на само 23 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ехлоец живееле 20 жители, сите Македонци.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 475 560 458 478 431 172 74 36 23 20 9
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови

уреди

Ехлоец е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Зеревци, Голибеговци, Ѓурчевци и други. Брачните врски најмногу ги одржувале со блиските мијачки села (Лазарополе, Гари, Осој и други).[4]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Зеревци (16 к.), староседелци; Голибеговци (20 к.), доселени се од Лазарополе и Ѓурчевци (20 к.), доселени се од Старо Село.[17]


Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Ехлоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Иванчишта, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0766 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[18]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[19] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[20]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[21]

Личности

уреди

Личности родени во Ехлоец:

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед кон главната селска црква „Св. Пантелејмон“
Цркви[25]
Спомен-чешми
  • Спомен чешма Ромба со плоча за загинатите борци од НОБ
Реки[26]

Иселеништво

уреди

Од селото имало иселувања. Родот Жежовци се иселил во демирхисарското село Смилево. Родовите Степановци (10 к.) и Голибеговци (3 к.) се иселиле во мијачкото село Лазарополе.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 74.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 122. Посетено на 20 јануари 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 94–95.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.267
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  10. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 јануари 2019.
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 јануари 2019.
  19. „Локални избори 2017“. Посетено на 20 јануари 2019.[мртва врска]
  20. „Референдум 2018“. Посетено на 20 јануари 2019.[мртва врска]
  21. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  22. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. 23,0 23,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  24. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  25. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  26. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 29. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди