Јордан Богески
Јордан Спиров Богески ( 1919 во Ехлоец, Кичевско — 2 октомври 1943 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Јордан Богески | ||
Роден | 1919 година Ехлоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 2 октомври, 1943 година Кичево, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, поради тешките услови за живеење бил принуден да замине на печалба во Белград. По окупацијата се вратил во своето родно село откаде заминал на работа во еден рудник кај Катланово. Цврсто решен да се бори против фашистичкиот окупатор, повторно се вратил во својот крај и се приклучил во Кичевско мавровскиот партизански одред во летото 1943 година. Со одредот учествувал во повеќе акции. Во септември 1943 година бил во слободно Кичево, а на 1 октомври, по борбата на Буковиќ, учествувал во борбите за одбрана на слободната територија. На 2 октомври 1943 година, во близината на Кичево, балистите го фатиле и го стрелале.[1]