Ило Данилов Стаматоски ( 1920 во Ехлоец, Кичевско1944 во Охрид) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Ило Стаматоски
Роден 1920 година
Ехлоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал ноември, 1944 година
Охрид, Македонија
Националност Македонец
Споменик од НОВ, во Ехлоец на кој е впишано и името на Ило Стаматоски.

Животопис

уреди

Поради тешкиот живот бил принуден да оди на печалба во Белград. Фашистичкиот напад на Југославија, го вратил назад во родното село Ехлоец, каде определен за борба против окупаторот, станал член на СКОЈ. Во летото 1943 година стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со формирањето на Првата македонско-косовска бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија, каде учествувал во познатиот Богомилски поход. По враќањето на Бригадата, учествувал во завршните борби за ослободувањето на Македонија. Загинал во ноември 1944 година при ослободувањето на Охрид.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 118.