Анѓеле Петрески
Анѓеле Дејанов Петрески ( 1922 во Ехлоец, Кичевско — 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Анѓеле Петрески | ||
Роден | 1922 година Ехлоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Сремски фронт, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБидејќи немал услови да се школува, почнал да се занимава со земјоделие, а потоа заминал на печалба во Белград. Уште како печалбар се определил за борба против фашистичкиот окупатор и кога се вратил во своето родно село, почнал да работи за народно ослободителното движење. Во есента 1944 година стапил во Осумнаесеттата дополнска бригада, а потоа бил распореден во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на: Охрид, Кичево и Гостивар, а потоа заминал на Сремскиот Фронт, каде при еден пробој загинал во борба со Германците во април 1945 година.[1]