Дипломатски ранг е систем од професионален и социјален ранг кој се употребува во светот на дипломатијата и меѓународните односи. Со текот на времето се конкретизирал на меѓународни основи.

Традиционална Европска делегација

уреди

Рангови

уреди

Сè до почетокот на XIX-от век, секоја Европска нација имала свој сопствен систем за дипломатски ранг. Релативните рангови на дипломатите од различни нации биле извор на значајна расправа, создадени повеќе од инсистирањето на поголемите нации нивните дипломати да бидат повисоко рангирани од оние на помалите нации, што се одразува со табеларен распоред.

Во обид да го реши проблемот, Конгресот на Виена од 1815 г. официјално основа меѓународен систем за дипломатски рангови.[1]

Четирите рангови во системот се :

1. Вонреден и Ополномоштен Амбасадор („Амбасадор“). Амбасадорите се официјални претставници на шефот на државата. Еквивалент е а во некои традиции прв меѓу еднакви primus inter pares е папскиот нунције, Амбасадорот на Светата Столица. Во Комонвелт земјите, еднаквиот назив што се употребува е Висок Комесар; оваа личност повеќе ја претставува владата отколку шефот на државата.

  • Специјален емисар. Специјалните емисари се дипломати од највисок ранг, или министри кои се ополномоштени да ја претставуваат државата. Повеќето Амбасадори се ограничени на дипломатска задача во една држава. За разлика од нив, специјалните емисари работат на основи на повеќе држави, со работење во неколку, обично соседни земји, регион или понекогаш меѓувладини организации, како што се Обединатите Нации или Европската Унија. Како алтернатива, на специјалните емисари може да им биде доделено одредено прашање и да бидат обврзани со советување и помагање на шефот на владата и може да биде министер за надворешни работи за ова прашање; пример е Специјалниот емисар на САД за проблеми со воени злосторства. Кога е потребно да се прави разлика меѓу специјален емисар и Амбасадор на една држава, се употребува терминот Амбасадор во резиденција.

2.Вонреден дипломатски претставник и Ополномоштен Министер. Обично се опишува само како Министер, Дипломатски претставник е претставник со ополномоштени власти (т.е. целосна дозвола да го претставува шефот на државата), но се рангира под Амбасадор. Иако тоа било вообичаено пред ΙΙ-та Светска војна, називот сега е надвор од употреба.

3. Министер резидент или Резидентен Министер, или едноставно Министер, е екстремно реткиот, најнизок ранг на Амбасадорот, само над вршителот на должноста (chargé d’affaires) – кои се сметаат за замена или дејствувачки Амбасадори.

  • Треба да се забележи дека двајцата и дипломатскиот претставник (Ополномоштен Министер) и Министерот резидент се дипломатски министри, што не е исто со владини министри или религиозни министри. Дипломатска делегација водена од кој било тип на Министер се нарекува Дипломатско претставништво. Бидејќи тие официјално го претставуваат шефот на државата, тие се овластени да ја користат титулата „Нејзина/Негова Ексцеленција“, кое првобитно било резервирано за Амбасадори.

4. Вршител на должност (chargé d’affaires). Овој термин на француски значи „одговорен е за работа“. Како што името предлага, вршител на должноста е одговорен за работи на дипломатската мисија обично во привремено отсуство на дипломат од повисок ранг. Привремениот вршител на должноста ad interim или само „a.i“ најчесто служи како Амбасадор за време на привременото отсуство на Амбасадорот, додека пак на вршителот на должноста му остануваат истите функции и должности како Амбасадор, и е акредитиран не за шефот на државата туку за министерот за надворешни работи на земјата што го прима.

Како што се покажа, овој систем за дипломатски ранг не направи ништо за да го реши проблемот на приоритетот на нациите. Употребените соодветни дипломатски рангови ќе бидат утврдени од приоритетот меѓу нациите; така што размените на амбасадорите (највисокиот дипломатски ранг) ќе биде зачуван помеѓу главните нации, или блиски сојузници и поврзани монархии. Спротивно од тоа, главната нација веројатно само ќе прати дипломатски претставник на помала нација, која за возврат ќе прати дипломатски претставник на главната нација. Како резултат на тоа, САД не го користела рангот за Амбасадор сè до нивното појавување како водечка светска сила на крајот од XIX-от век. Навистина, до средината на XX-от век мнозинството од дипломатите во светот биле од рангот на дипломатски претставник.

По II-та Светска војна, повеќе не се сметало за прифатливо некои нации да се третираат како потчинети во однос на други одредени во доктрината за еднаквост на независните држави на Обединетите Нации; поради тоа повеќето дипломатски претставништва биле унапредени во амбасадори и употребата на рангот Министер за дипломатски мисии - највисоко рангирани функционери постепено престанал да постои. Последното дипломатско претставништво на САД во Софија, Бугарија, бил унапреден во амбасада на 28 ноември 1966 г. Таму каде што овие рангови сè уште постојат, нивните вршители на должности обично вршат функција на шеф на амбасадски сектор или заменик амбасадор.

Белешки

уреди
  • Секој дипломат кој води дипломатска делегација е познат како шеф на делегацијата или Амбасадор. Шефовите на делегацијата во речиси сите случаи го имаат рангот Амбасадор, висок комесар, папски нунције или министер резидент.
  • Терминот заменик шеф на делегациja или заменик Амбасадор се однесува на главниот заменик на Амбасадорот – втората највисока функција во дипломатската делегација.
  • На амбасадорите и високите комесари им се дадени титулите „Негова Ексцеленција“ или „Нејзина Ексцеленција“.
  • Дипломатска делегација управувана од Амбасадор е позната како амбасада. Дипломатска делегација која e управувана од висок комесар се вика висок комесаријат.
  • Дипломатските тела и оние на службениците на надворешната политика одржувани од владата на една држава да комуницираат со владите на другите држави се опишува како Дипломатија или Дипломатска служба.
  • Сите дипломати кои се именувани како една нација заеднички се познати како дипломатски кор (на француски: corps diplomatiques). Еден од овие дипломати често е признат како primus inter pares (прв меѓу еднакви). Овој дипломат се опишува како најдобар на дипломатскиот кор. Традиционално, тој е највисокиот дипломат во земјата, утврден со датата на неговото пристигнување во земјата или со изложувањето на акредитивните писма, иако во некои католички нации тоа е всушност папскиот нунције.

Современи дипломати

уреди
 
Илустративно како изгледа дипломатскиот ранг. Ова немора да значи и за помалите мисии.

Билатерална дипломатија

уреди

Разликата помеѓу управниците и службениците во секој случај не е јасна. Повисоките по ранг службеници (како што се првиот и вториот секретар) често ги управуваат дипломатите со понизок ранг и персоналот изнајмен на одредени места.

Во практиката на современата дипломатија има голем број на дипломатски рангови под Амбасадорот. Бидејќи повеќето делегации сега се управувани од Амбасадор, овие рангови ретко ја означуваат релативната важност на мисијата (или својата домашна нација), но всушност се одразуваат на хиерархијата на дипломатските поединци во границите на нивните сопствени дипломатски кариерни курсеви на дејствување на народот и на дипломатскиот кор во народот – домаќин:

  • Амбасадор (Висок комесар во Комонвелт делегациите); Специјален емисар
  • Министер
  • Министер–советник
  • Советник
  • Прв секретар
  • Втор секретар
  • Трет секретар
  • Аташе
  • Помошник-аташе

Вршител на должност

уреди

Вршител на должност и привремен вршител на должност е посебна титула која се употребува кога Амбасадорот (или друг шеф на делегацијата) не е присутен, не бил назначен или не е компетентен да врши должност на одредена локација. Најчесто, ad interim (привремениот) chargé (како што е често опишан) е уште еден член на персоналот (обично вториот највисок службеник) кој е акредитиран во земјата – домаќин заради привременото отсуство на Амбасадорот. Во такви случаи, дипломатската делегација ја известува локалната влада (обично Министерството за надворешни работи) со помош на дипломатска нота (писмо) дека одредена личност била назначена за вршител на одреден или неопределен временски период. За разлика од Амбасадорот, одредената согласност на владата - домаќин не е потребна.

Аташе

уреди

Терминот аташе се употребува за кој било дипломатски претставник кој не припаѓа во стандардните дипломатски рангови, најчесто затоа што тие не се (или традиционално не биле) членови на дипломатската служба на земјата испраќач или Министерството за надворешни работи и поради тоа само биле поврзани за дипломатската делегација. Најчестата употреба е за воени аташеа, но дипломатската титула може да биде употребена за која било личност или функција како што е наложено. Бидејќи административниот и стручниот персонал имаат корист само од дипломатскиот имунитет, некои држави може рутински да го назначат помошниот персонал како аташе. Како резултат на тоа, аташето не означува ниту еден ранг или функција (освен во Советската и пост-Советската дипломатска служба, каде аташето е најнискиот дипломатски ранг на дипломатите посветени на кариерата). Треба да се забележи дека многу традиционални функции на функционерот, како што се аташе за печат или аташе за култура, не се формални титули во дипломатската пракса, иако по навика тие може да се употребат.

Употребата низ целиот свет

уреди

Повеќето држави низ целиот свет имаат некаква форма на внатрешен ранг, приближно паралелно на дипломатските рангови, кои општо земено се употребуваат во нивната дипломатска служба или државна администрација. Сепак, поклопувањето не е прецизно од различни причини, со вклучување на фактот дека според дипломатската употреба сите амбасадори се од ист ранг, но јасно е дека амбасадорите од повисоките рангови се испраќаат на поважни должности. Некои земји може да направат одредени поврзувања или споредби со воените рангови.

Дипломатската служба на САД

уреди

Во дипломатската служба на САД, систем на лични рангови е употребен кој приближно одговара на овие дипломатски рангови. Личните рангови се разликуваат како „Висока Дипломатска служба“ (ВДС) или „Членови на Дипломатската служба“.[2]

Ранговите на ВДС, од горе надолу, се:

  1. Амбасадорите посветени на кариерата, наградени од дипломатите посветени на кариерата со широка и истакната служба;
  2. Министер посветен на кариерата, највисокиот регуларен ранг;
  3. Министер – Советник и
  4. Советник.

Според САД, овие се совпаѓаат со 4-от, 3-от, 2-от и 1-от орден Општи команданти и Команданти на флота во војската, по наведениот редослед. Службениците на овие рангови може да служат како Амбасадори и да ги имаат највисоките функции во дипломатската делегација.

Членовите на дипломатската служба се состојат од две групи: Службеници на Дипломатската служба и Експерти на Дипломатската служба. Ранговите се спуштаат од највисокиот, ДС-1, кој е еднаков на Полковник во војската, до ДС-9, најнискиот ранг во личниот систем на дипломатската служба на САД.[3] (Повеќето членови кандидати посветени на кариерата во Дипломатската служба почнуваат од нивото ДС-5 или ДС-6). Личниот ранг е различен од и не треба да се замешува со дипломатскиот или конзуларниот ранг именуван за време на назначувањето на одредена дипломатска или конзуларна делегација.

Во голема делегација, неколку високи службеници на Дипломатската служба може да служат под Амбасадорот како Министри-советници, Советници, Први Секретари и Аташеа; во мали делегации, ДС-2 може да служи како прв Министер-советник на Амбасадата.

Британската дипломатска служба

уреди

Како што е во дипломатската служба на САД, Британската дипломатска служба прави разлика меѓу службеници во „Менаџерски Состав на Високите службеници“ – МСВ (SMS – Senior Management Structure - еднаков на рангот на Високите службеници од Државната Администрација) и оние во „делегатските рангови“. Службениците од МСВ се класифицирани во три платени – групи, и ќе служат во Министерството за надворешни работи и Комонвелтот во Лондон како (од горе надолу по сениорност) Постојани Потсекретари, генерални директори, Директори или Шефови на група; во странство тие ќе бидат Амбасадори (Високи Комесари во Комонвелт земјите), или Генерални конзули, Заменик Амбасадори или Советници за поголеми работни места. (Заменик амбасадорот во историски најважните амбасади, на пр. оние ви Вашингтон и Париз, се познати како министри.)

Во „делегатските рангови“, службениците се распоредени по броеви од 1 до 7; ранговите се групирани во групи обележани со букви од А – Г (ранговите 1 и 2 се во група А; 3 во Б; 4 и 5 во В и 6 и 7 во Г). Во странство, службениците од Б3 – рангот се Трети Секретари; В4 се Втори Секретари а В5 и Г6 се Први Секретари. Г7 службениците обично се заменик амбасадори во средно – големи работни места или Амбасадори во мали работни места.

Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија

уреди

Како што е случајот со другите Комонвелт јавни слуги, службениците од Министерството за надворешни работи и трговија (МНРТ) се распоредени во четири општи групи (ВВ1 до ВВ4), со Извршната служба на Високите службеници (ИСВ) (SES – Senior Executive Service – ИСВ група 1 до ИСВ група 3) движејќи се од горе надолу.

Амбасадорите, Високите комесари и Генералните конзули обично доаѓаат од Извршната служба на Високите службеници, иако во помали работни места Амбасадорот може да биде ВВ4 службеник. Општо земено (има и варијанти во рангирањето и номенклатурата помеѓу работните места и функциите), Советниците се претставени од ВВ4 службениците; Конзулите и Првите и Вторите Секретари се ВВ3 службеници а Третите Секретари и Заменик – конзулите се ВВ2 службеници. МНРТ назначува само ограничен број од ВВ1 персоналот од ниското ниво во странство. Во големи делегации ИСВ службеник кој не е Амбасадор може да биде назначен со рангот Министер.

Мултилатерална дипломатија

уреди

Понатаму, покрај овој традиционален начин на билатерална дипломатија, како правило за постојани основи за резиденција (иако понекогаш има удвојување на друго место), биле создадени одредени рангови и функции специјално за мултилатерална дипломатија:

  • Специјалниот емисар е еднаков со Амбасадорот и му се доделени посебни задачи или региони во кој му се доделени различни задачи насочени кон повеќепатна дипломатија.
  • Нормално на тој ранг, постојаниот претставник е еднаков со Амбасадорот, но акредитиран во меѓународно тело (главно од член – и можни положби на наблудување) не во шефот на државата.
  • Резидентен претставник (којшто живее таму каде што работи) или понекогаш само претставник е еднаков – по ранг и привилегии – со Амбасадорот, но акредитиран од меѓународна организација (најчесто тело на ОН или институција на Бретон Вудс) во владата на државата. Резидентниот претставник типично ја води канцеларијата на таа меѓународна организација во границите на таа држава.
  • Специјален амбасадор е стручен дипломат на владата на одредено поле, не е назначен во резиденција но често патува низ светот.
  • Трговкиот претставник на САД (USTR – U.S Trade Representative) е Амбасадор од кабинетски ранг под одговорност на делегациите на САД за мултилатерални трговски преговори (1962). Специјалниот преговарач за земјоделство на трговскиот претставник на САД исто така има амбасадорска функција.

Специјални дипломатски претставници

уреди

Други специјални дипломатски претставници биле создадени ad hoc. Посебни држави, често регионални сили го направиле истото:

Конзуларен колега

уреди

Официјално конзуларната кариера (со рангирање од горе надолу: Генерален конзул, Конзул, Заменик – конзул, Конзуларен претставник; еквиваленти без конзуларен имунитет ги вклучуваат Почесен Генерален конзул, Почесен конзул и Почесен заменик – конзул) формира посебна хиерархија. Многу земји внатрешно немаат посебна конзуларна патека или поток, и значењето на „конзуларни“ одговорности и функции ќе се разликуваат од земја до земја. Други титули, вклучувајќи ја „Заменик Генерален Конзул“ постоеле во минатото. Конзуларните титули може да бидат истовремено употребени со дипломатски титули ако личноста е именувана за амбасада. Дипломатскиот имунитет е поограничен за конзуларни службеници без друга дипломатска акредитација и во принцип ограничен имунитет со почит кон нивните официјални должности.

На посебна конзуларна функција, службениците ќе имаат само конзуларна титула. Службениците на конзуларни функции поради тоа може да имаат конзуларни титули, но нема да бидат вмешани во традиционални конзуларни активности и всушност се одговорни за трговија, културолошки или други работи.

Конзуларните службеници, бидејќи формално се подалечни од политички деликатните аспекти на дипломатијата може полесно да даваат голем избор на услуги на обичните граѓани, претпријатија итн. Тие може да бидат побројни бидејќи дипломатските делегации се назначени да работат само во главните градови на државите, додека конзуларните службеници исто така се поставени и во други градови. Како и да е, не е ретко за некои поединци да бидат префрлени од една хиерархија во друга и за конзуларните службеници да служат во главниот град извршувајќи строго конзуларни должности во границите на „конзуларната служба“ на дипломатска функција т.е. во границите на амбасада. Некои земји рутински ги обезбедуваат нивните службеници на амбасадата со конзуларни задачи вклучувајќи ги оние без официјални конзуларни одговорности, бидејќи конзуларната задача и дозволува на поединецот да легализира документи, да потпишува одредени документи и да прифаќа други одредени потребни функции.

Во зависност од праксата на посебната држава, „конзуларните услуги“ може да бидат ограничени на услуги обезбедени за граѓани или жители на државата испраќач, или да бидат проширени за да вклучуваат на пр. услуги за виза за граѓаните од земјата – домаќин.

Извори и наводи

уреди
  1. "Réglement du 19 Mars 1815 sur le Rang entre les Agents Diplomatiques" (original French text Архивирано на 3 март 2016 г., English translation (footnote 6 on p. 135)[мртва врска]), later appended to the "Acte du Congrès de Vienne du 9 Juin 1815", Article 118.17. Amended by a protocol signed at Aix-la-Chapelle on 21 ноември 1818 (original French text (footnote 7 p. 152)[мртва врска], English translation (footnote 7 on p. 136)[мртва врска])
  2. 3 FAM 2230 Appointments - Categories of Foreign Service Personnel
  3. Microsoft Word - 15fam0260.doc
  4. Commons Written Answers: Ministerial Policy Advisers

Литература

уреди
  • Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0
  • Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Игор Јанев, Меѓународни организации и интеграции, Институт за политички студии, Белград, 2008
  • Игор Јанев, Увод у дипломатију, АГМ књига, Белград. 2015. ISBN 978-86-86363-64-0
  • H. G. Shermers, International Institutional Law, Martinus - Nijhoff Publishers, Netherlands, 1980
  • Black, Jeremy. A History of Diplomacy (U. of Chicago Press, 2010) ISBN 978-1-86189-696-4
  • Berridge, G. R. Diplomacy: Theory & Practice, 3rd edition, Palgrave, Basingstoke, 2005, ISBN 1-4039-9311-4
  • Cunningham, George. Journey to Become a Diplomat: With a Guide to Careers in World Affairs FPA Global Vision Books 2005, ISBN 0-87124-212-5
  • Dorman, Shawn, ed. Inside a U.S. Embassy: How the Foreign Service Works for America by American Foreign Service Association, Second edition February 2003, ISBN 0-9649488-2-6
  • Callieres, Francois De. The Practice of Diplomacy (1919)
  • Fischer, Roger and Ury, William L. Getting to Yes: Negotiating Agreement Without Giving In (1991)
  • Hill, Henry Bertram. The Political Testament of Cardinal Richeleiu: The Significant Chapters and Supporting Selections (1964)
  • Kennan, George F. American Diplomacy (Walgreen Foundation Lectures) (1985)
  • Kissinger, Henry. A World Restored: Metternich, Castlereagh, and the Problem of Peace: 1812-1822 (1999)
  • Henry Kissinger. Diplomacy (1999)
  • Kurbalija J. and Slavik H. eds. Language and Diplomacy DiploProjects, Mediterranean Academy of Diplomatic Studies, Malta, 2001, ISBN 99909-55-15-8. The volume contains collection of paper presented at the international conference.
  • Garrett Mattingly, Renaissance Diplomacy Dover Publications, ISBN 978-0-486-25570-5
  • Metternich, Clemens von. Mettetnich: The Autobiography, 1773-1815 (2005)
  • Nicolson, Sir Harold George. Diplomacy (1988)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Congress of Vienna: A Study in Allied Unity: 1812-1822 (2001)
  • Nicolson, Sir Harold George. The Evolution of Diplomatic Method (1977)