Везник
Везник (грчки: Άγιο Πνεύμα, Валтотопи)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Везник Άγιο Πνεύμα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°06′N 23°40′E / 41.100° СГШ; 23.667° ИГДКоординати: 41°06′N 23°40′E / 41.100° СГШ; 23.667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Довишта |
Надм. вис. | 334 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.954 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба Уреди
Селото се наоѓа на 23 километри источно од градот Сер и на 3 километри северозападно од Довишта.
Селото се наоѓа на надморска височина од 334 метри.
Историја Уреди
Отоманско Царство Уреди
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 177 семејства со 30 жители Турци и 400 Грци[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 125 жители Турци и 1120 Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1380 Грци[5], и функционирало грчко училиште.
Грција Уреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1693 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1616 жители[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Агион Пневма[7].
Знаменитости Уреди
- Цркви
- Манастири
- „Воздвижение на Чесниот Крст“ од 1964 г.
- „Св. Илија“ од 1990 г.
- „Св. Константин“ од 1872 г.
- „Св. Дух“ од 1857 г.
Наводи Уреди
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βεζνίκον - Μόνοικον
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
Надворешни врски Уреди
- [1] Архивирано на 23 јули 2017 г.