Црква „Св. Никола“ - Дервешани

црква во Дервешен, Серско

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — средновековна црква во селото Дервешани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
МестоДервешани, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
ЗавршенаXIV век
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Местоположба

уреди

Црквата е сместена на 1,3 км јужно од Дервешани, во полето под јужните падини на Сминица.[2]

Историја

уреди

Храмот е изграден во XIV век. Веројатно е поврзана со манастирската црква „Св. Никола Кантопулски“, метох на манастирот „Св. Бессребреници“, кој пак бил во владение на Иверскиот манастир. Сè до 1953 г. црквата била во голема мера напуштена и обрасната со растенија. Во 1956 г. е расчистена и лошо подновена, заменувајќи го покривот со бетонска плоча. Првобитниот живопис е зачуван во апсидата на исток — денешната претстава на Богородица Поширока од небесата ја повторува изворната. Датумот на современата мермерна плоча е произволен.[2][3]

Опис

уреди

Храмот е е поствизантиски еднокорабен триконхален храм со купола и внатрешни димензии од 4,50 × 5,23 м со конхите. Сите конхи однадвор се полукружни.[2] На источниот ѕид на апсидата се забележуваат мали фрагменти од првобитните фрески.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ὁ Ἱερός Ναός τῶν Ἁγίων Ἀναργύρων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 октомври 2019.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Σαμσάρης, Π. Κ. „Βυζαντινά μνημεία των περιχώρων των Σερρών“. Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 16 октомври 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 Σαμσάρης, Πέτρος Κ. „Βυζαντινά μνημεία των περιχώρων των Σερρών“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2014-05-12. Посетено на 12 мај 2014.