Давид де Хеја
Давид де Хеја (шпански: David de Gea; 7 ноември 1990, Мадрид) — шпански фудбалер, голман на Фјорентина и на шпанската репрезентација.
Давид де Хеја | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 7 ноември 1990 | ||
Роден во | Мадрид, Шпанија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,93||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 43 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008–2009 |
![]() | 35 | (0) |
2009-2011 |
![]() | 57 | (0) |
2011-2023 |
![]() | 415 | (0) |
2024- |
![]() | 7 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2004 |
![]() | 12 | (0) |
2007 |
![]() | 15 | (0) |
2007-2009 |
![]() | 15 | (0) |
2009 |
![]() | 1 | (0) |
2009-2012 |
![]() | 22 | (0) |
2012 |
![]() | 5 | (0) |
2014- |
![]() | 37 | (0) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Клупска кариера
уредиАтлетико Мадрид
уредиСо полни 10 години се приклучил на младинската школа на оваа екипа. Ги минал сите младински филтри на нивната академија и стигнал до Б тимот на Атлетико Мадрид. Во неговата прва сезона како професионален голман настапувал во шпанската втора лига во резервите на Атлетико. Бил повикан во првиот тим поради отсуството на тогашниот почетен голман Серхио Асењо, кој бил со младинската репрезентација на Шпанија. На голот на Атлетико дебитирал на 30 септември 2009 г. во мечот од Лига Европа против екипата на Порто. Тогаш имал 18 години и влегол како замена за повредениот голман Роберто Хименес Гаго. Атлетико загубил поради несреќно примените два гола во завршните моменти од средбата.
Повредата на Гаго значела и зголемена минутажа за де Хеја. Огненото крштевање во Ла Лига го имал на мечот против Сарагоса, каде неговиот тим победил со 2-1. По враќањето на Асењо од репрезентативните обврски, де Хеја поголемиот дел од сезоната го поминал на клупата за резервни играчи. Но, по доаѓањето на новиот менаџер Кике Санчес Флорес, де Хеја добивал сè поголема шанса во почетните единаесет. Сезоната 2009/2010 ја завршил со 8 одиграни натпревари, меѓу кои и финалето од Лига Европа против Фулам, каде победиле со 2-0. Во тие 8 настапи, на двапати бил прогласен за играч на натпреварот.
Следната 2010/2011 сезона ја започнал како стандарден првотимец. На почетокот на сезоната, освоил уште еден трофеј, овој пат од Супер Купот, каде во финалето му одбранил пенал на Диего Милито, како Атлетико би победил со 2-0 против Интер. Во шпанското првенство настапил на секој натпревар, а Атлетико Мадрид ја завршиле сезоната на 7-то место на табелата, што им овозможило уште еден настап во Лига Европа.
Манчестер Јунајтед
уредиПо пензионирањето на долгогодишниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар, на оваа екипа и требало нов голман. По сугестија на Алекс Фергусон, за 17 милиони евра во клубот пристигнал де Хеја од Атлетико Мадрид. Неговиот прв наптревар во новиот дрес бил на 23 јули, на пријателската средба против Чикаго Фајр, каде победиле со 3-1. Официјалното деби за Манчестер била средбата од Комјунити Шилд против градскиот соперник Сити, каде Јунајтед се вратил од негатива од 0-2 на полувремето, за на крај да победи со 3-2.[1] На голот бил и на отворањето на сезоната во Премиер лигата, на мечот со Вест Бромвич Албион, каде славеле победа од 2-1. Од останатите негови настапи, ги издвојуваме дерби-средбите против Челзи и Арсенал таа сезона, каде Јунајтед триумфирале со 3-1 и 8-2 соодветно. Бранел за Јунајтед и во Лигата на Шампионите, а својот прв натревар во ова натпреварување му било против швајцарски Базел, каде конечниот резултат гласел 3-3.
Катастрофалниот пораз во лигашкото дерби со Манчестер Сити од 6-1, како и лошите перформанси кои следеле, биле доволна причина за сер Алекс Фергусон да му го одземе првотимскиот статус на де Хеја. На голот привремено застанал Андерс Линдегор, но набрзо зараоботил повреда која го вратила де Хеја помеѓу стативите. Во својот прв натпревар на голот по паузата, де Хеја направил фанатастична одбрана по ударот на Хуан Мата во последните минути од натпреварот против Челси што завршил 3-3. Де Хеја подоцна изјавил дека таа одбрана била пресвртна точка во неговата сезона и дека му донела многу повеќе самодоверба за да може во да ја сочува својата мрежа празна во 8 од следните 19 натпревари.[2]
Еден од неговите најдобри натпревари по доаѓањето во црвените ѓаволи бил оној од Лига Европа против Атлетик Билбао, каде на домашен терен победиле со 3-2. За жал, де Хеја не успеал да освои ниту еден трофеј таа сезона во црвениот дрес, завршувајќи на второто место во Премиер лигата и испаѓајќи од Лигата на Шампионите уште во фазата по групи.
Во летниот преоден рок од 2015 година, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид го договориле трансферот на де Хеја во Мадрид, но трансакцијата била поништена од УЕФА, бидејќи документите пристигнале во Мадрид со задоцнување од една минута по завршувањето на преодниот рок. Според тврдењето на Манчестер Јунајтед, документите биле испратени навреме, т.е. една минута пред завршувањето на преодниот рок, но администрацијата на Примера не можеле да ги отворат документите испратени по електронска пошта. За преминот на де Хеја во Мадрид, Манчестер јунајтед требало да добие отштета од 30 милиони евра.[3]
Фјорентина
уредиНа 9 август 2024, Де Хеја потпишал за Фјорентина.[4]
Репрезентативна кариера
уредиДе Хеја го имал својот прв настап за младинската репрезентација на Шпанија на Светското првентво во 2007 г. за играчи под 17 години. Благодарение на одличните партии во дресот на Ателтико Мадрид, селекторот Висенте дел Боске го вклучил де Хеја во потенцијалните 30 играчи на кои би сметал за Светското првенство во Јужна Африка, во 2010 г. За жал, де Хеја не влегол во конечниот избор. Со екипата на Шпанија го освоил првото место на Европското првенство за играчи до 21 година одржано во Данска, 2011 г. Дебито за сениорите го имал на мечот против Србија, во квалификациите за Европското првенство 2012 во Австрија и Швајцарија. Иако помогнал Шпанија да се квалификува на турнирот, не бил повикан за настап на истиот. Истата 2012 г. со шпанската репрезентација учествувал на Олимпискиот турнир во фудбал, но неговата екипа доживеала дебакл испаѓајќи уште по групите, иако важела за најголем фаворит за титулата.
Клупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2008-2009 | Атлетико Мадрид Б | СДБ | 35 | -38 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 35 | -38 |
2009-2010 | Атлетико Мадрид | ПД | 19 | -28 | КШ | 7 | -10 | ЛШ+ЛЕ | 1+8 | -2 + -7 | - | - | - | 35 | -47 |
2010-2011 | ПД | 38 | -53 | КШ | 5 | -5 | ЛЕ | 5 | -7 | СУ | 1 | -0 | 49 | -65 | |
Вкупно Атлетико Мадрид | 57 | -81 | 12 | -15 | 14 | -16 | 1 | -0 | 84 | -112 | |||||
2011-2012 | Манчестер Јунајтед | ПЛ | 29 | -29 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | -2 | ЛШ+ЛЕ | 4+4 | -7 + -7 | КШ | 1 | -2 | 39 | -47 |
2012-2013 | ПЛ | 28 | -26 | ФАКуп+ЛК | 5+1 | -7 + -1 | ЛШ | 7 | -8 | - | - | - | 41 | -42 | |
2013-2014 | ПЛ | 37 | -43 | ФАКуп+ЛК | 0+4 | -3 | ЛШ | 10 | -9 | КШ | 1 | -0 | 52 | -55 | |
2014-2015 | ПЛ | 37 | -36 | ФАКуп+ЛК | 5+1 | -3 + -4 | - | - | - | - | - | - | 43 | -43 | |
2015-2016 | ПЛ | 34 | -33 | ФАКуп+ЛК | 6+1 | -5 + -0 | ЛШ+ЛЕ | 6+2 | -7 + -3 | - | - | - | 49 | -48 | |
2016-2017 | ПЛ | 35 | -29 | ФАКуп+ЛК | 1+5 | -1 + -5 | ЛЕ | 3 | -4 | КШ | 1 | -1 | 45 | -40 | |
2017-2018 | ПЛ | 37 | -28 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | -2 | ЛШ | 6 | -3 | СУ | 1 | -2 | 46 | -35 | |
2018-2019 | ПЛ | 4 | -7 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | -0 | ЛШ | 0 | -0 | - | - | - | 4 | -7 | |
Вкупно Манчестер Јунјатед | 241 | -231 | 32 | -33 | 42 | -48 | 4 | -5 | 319 | -317 | |||||
Вкупно во кариерата | 333 | -350 | 44 | -48 | 56 | -64 | 5 | -5 | 438 | -467 |
Титули
уредиАтлетико Мадрид
уреди- УЕФА Лига Европа : 1
- 2009-2010
- Суперкуп на УЕФА : 1
- 2010
Манчестер Јунајтед
уреди- Премиер лига : 1
- ФА Куп : 1
- Лига куп : 1
- 2016-2017
- 2011, 2013, 2016
- УЕФА Лига Европа : 1
- 2016-2017
Наводи
уреди- ↑ Играчки профил на де Хеја од www.manutd.com (официјално мрежно место на клубот)
- ↑ Mathieson, Stuart (7 February 2013). „De Gea's future is still in his hands“. Manchester Evening News. Посетено на 9 May 2014.
- ↑ „Документите за трансфер на Де Хеја во Реал Мадрид задоцнија една минута“, Дневник, година XIX, број 5855, среда, 2 септември, стр. 22.
- ↑ „De Gea signs for Fiorentina“. ACF Fiorentina. 9 August 2024. Посетено на 9 August 2024.
Надворешни врски
уреди- Давид де Хеја – Профил на службената страница на ФИФА
- Играчи на Манчестер Јунајтед
- Профил на фудбалери
- Кариерата на де Хеја (шпански)