Грбовец
Грбовец (или Грбавец) — село во Општина Кавадарци. Денес нема жители.[2]
Географија и местоположбаУреди
Селото е сместено во Тиквешијата, меѓу Драдња на североисток и Кесендре на северозапад, на надморска височина од 670 м. Атарот зафаќа површина од 17,5 км2.[3] Јужната и југоисточната граница го следат текот на Дреновица.
ИсторијаУреди
Подрачјето на Грбовец е населено уште од римското време, за што сведочат остатоците од населба и некропола на наоѓалиштето Преслап околу 4 км југозападно од селото по воздушна линија.[4]
Во XIX век Грбовец било чисто македонско село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Грбавец имал 270 жители, сите Македонци христијани.[5][6]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Грбавец (Garbavetz) имало 224 Македонци, сите под егзархијата.[5][7]
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На пописот по Втората светска војна, во селото се забележува огромен пад на населението. Намалувањето на бројноста на жителите продолжила и понатаму за на крај да се сведе на само 3 жители според пописот од 1971 г. Во текот на наредните години Грбовец е наполно напуштен. Според пописот од 2002 година, селото немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 224 | 66 | 37 | 6 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
РодовиУреди
Грбовец е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:
- Староседелци: Таневци (14 к.), Миновци (1 к.) и Бечовци (3 к.)
- Доселеници: Колевци (5 к.) доселени се од селото Возарци; Шоповци (2 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Ајтовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор; Терзијовци (3 к.) доселени се од селото Шивец, а таму од селото Дреново; Чупевци (1 к.) доселени се од селото Дреново, а таму од селото Возарци.[12]
Општествени установиУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Преслап — населба и некропола од римско време
- Растителност
- Грбавечки различник (Centaurea grbavacensis) — ендемски цвет наречен по селото
- Петопрст на Веленовски (Potentilla Velenovskyi) — енемски цвет од овој крај на земјата
ЛичностиУреди
- Крсте (Герасим) Грбовски — револуционер на МРО, мариовски четник на Тодор Александров[14]
ИселеништвоУреди
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ од 1920-тите, постари иселеници од Грбовец се следниве:[15]
- Бегниште, Кавадаречко: Миновци (1 куќа)
- Возарци, Кавадаречко: Димковци (1 куќа)
- Беловодица, Прилепско: Грбавци (1 куќа), од домазетот Стојан доселен во 1906 г.
- Дрен, Прилепско: Ризовци (1 куќа)
- Праведник, Кавадаречко: Мицевци (1 куќа) и Таневци (1 куќа)
- Шешково, Кавадаречко: Димовци (2 куќи) и Бошевци (3 куќи)
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 86. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 147. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 154. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
- ↑ „Архиерејско намесништво Кавадарци“. Повардарска епархија. 23 мај 2007. Посетено на 17 јануари 2021.
- ↑ Балевски, Васил. Кънев, Петко. Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908, Ашеана, София, 2007, стр. 29.
- ↑ Радовановиќ, Воислав (1924). Јасминка Јанева (превод) (уред.). Тиквеш и Раец (2011 (превод). изд.). Култура. стр. 438–440.