Мрамор (село)
Мрамор — историско село во Тиквешко, во областа Раечка Котлина, во атарот на денешното село Раец, Општина Кавадарци. Селото се наоѓа на границата на Општина Кавадарци со Општина Прилеп.
Мрамор | |
![]() Воздушен поглед на местоположбата на историското село Мрамор | |
Координати 41°25′12″N 21°48′50″E / 41.42000°N 21.81389°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Раец |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 468 м |
Слава | Атанасовден (зимен) |
![]() |
Денес, од селото е зачуван само Мраморскиот манастир со својата црква.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало на широкото дно на Сув Дол, на северната огранка на Кобиларник. Чешмите биле над селото и било од разреден тип.[2]
Селото се наоѓало во областа Раец, на десниот брег на истоимената река, западно од истоименото село.
До селото води земјен пат, кој започнува кај Дреновска Клисура со двоење од А3.
Месности во атарот на некогашното село биле Илимица, Страње, Горна Лојза, Голеш, Грипа, Преслап, Прогањите и Мечкина Пештера.[2]
Историја
уредиНајстар пишан податок за Мрамор е дека во 1519 година, селото имало 13 семејства и 3 вдовици. Во 1573 година, селото имало 21 семејство и 18 неженети.
Под селото во минатото се наоѓала железничка станица „Мрамор“.[2]
Стопанство
уредиСеланите се занимавале со земјоделство и сточарство. Со приходите од сточарството ги откупиле куќите и нешто земја, додека на останатите ниви работеле како чифлигари. Бегови кои ја поседувале земјата биле Мефајил-ага од Прилеп и Џевџет Мустафа-бег Ќеримбеговиќ од Кавадарци.[2]
Население
уредиСпоред „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 година, Мрамор (Mramor) се води како село со 41 домаќинства и 185 жители Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Мрамор имал 233 жители, сите Македонци христијани.[3][5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]
Родови
уредиМрамор било македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото биле:[2]
- Староседелци: Анѓелевци-Пемовци (2 к.), Ѓелевци (1 к.), Шоклевци (1 к.), Чепенковци (1 к.) и Ковачовци (3 к.).
- Доселеници: Димевци (3 к.), доселени се од некое село во Охридско, Лазевци (1 к.), доселени се од селото Дреново и Ѓоровци (1 к.), и тие се од селото Дреново.
Иселеништво
уредиОд крајот на XIX век, многу население избегало во Прилеп.[2]
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Мрамор било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[7]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна манастирска и селска црква.
- Манастири
- Мраморски манастир — манастир во селото, единствен објект што постои.
Редовни настани
уреди- Слави[2]
- Атанасовден (зимен) — селска и црковна слава додека постоело селото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 513-514.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.