Гран-при Квебек
Гран-при Квебек (француски: Grand Prix Cycliste de Québec) — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Квебек, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 10 септември 2010 година, како последен настан во сезоната UCI ProTour 2010.
Лого на трката | |
За трката | |
---|---|
Датум | септември |
Регион | Квебек, Квебек, Канада |
Месно име | Grand Prix Cycliste de Québec (француски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | еднодневна трка |
Организатор | Груп Серди |
Историја | |
Прво одржување | 2010 |
Одржувања | 10 (до 2019) |
Прв победник | Тома Веклер (ФРА) |
Најмногу победи | Сајмон Геранс (АВС) Петер Саган (СВК) Мајкл Метјус (АВС) (2 победи) |
Неодамнешен победник | Мајкл Метјус (АВС) |
Со Гран-при Монтреал, која се одржува два дена подоцна, Гран-при Квебек е една од единствените две трки во Северна Америка во Светската турнеја на UCI. Само Сајмон Геранс и Мајкл Метјус постигнале двојна канадска победа, освојувајќи го Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал во иста година.
Движење
уредиГран-при Квебек не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга, туку кружна трка. Возачите возат 16 круга по 12,6 километри секој круг. Во текот на кругот, возачите треба да искачат четири ридови: Кот де ла Монтањ (375 м долг и просечна нагорнина од 10%), Кот де ла Потас (420 м долг и просечна нагорниа од 9%), Монте де ла Фабрик (190 м долг и просечна нагорнина од 7%) и Монте ду Форт (1000 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на Монте ду Форт.
Победници
уредиПовеќекратни победници
уредиПобеди | Возач | Изданија |
---|---|---|
2 | Сајмон Геранс (АВС) | 2012, 2014 |
Петер Саган (СВК) | 2016, 2017 | |
Мајкл Метјус (АВС) | 2018, 2019 |
Возачите со закосени букви се активни
Победи по држава
уредиПобеди | Држава |
---|---|
4 | Австралија |
2 | Словачка |
1 | Белгија, Колумбија, Франција, Холандија |