Историја на Англија

Историјата на денешна Англија започнува со населувањето на луѓето пред илјадници години. Денешна Англија, која е дел од Велика Британија, била населена од неандерталецот пред околу 230.000 години. Сепак, човечкото присуство односно човечкиот живот датира пред околу 11.000 години. Во регионот има остатоци од мезолитот, неолитот и бронзената епоха. Како најпознати археолошки пронајдоци од тоа време се Стоунхенџ и Авебери. Во текот на железната епоха, Англија, заедно со Велика Британија била населена од страна на Келтите и Британите, некои белгиски племиња како Атребати, Катвелауни и Тринованти. Во 43 година започнало римското освојување на Велика Британија. Старите Римјани врз територијата успеале да одржуваат контрола до 5 век.

Периоди во историјата на Англија
Тјудорски период (1485–1558)
Елизабетански период (1558–1603)
Стјуардски период (1603–1714)
Јакобински период (1603–1625)
Каролински период (1625–1642)
Џорџијански период (1714–1830)
Регентство (1811–1820)
Викторијански период (1837–1901)
Едвардијански период (1901–1910)

Римското заминување од островот ја најавила Англосаксонската инвазија на Велика Британија. Денеска, општо прифатливо е тврдењето дека денешните Англичани водат потекло од Англосаксонците. Англосаксонците се германски народ кои успеале да основат неколку кралства во денешна Англија и делови од јужна Шкотска.[1] Овие народи зборувале на староанглиски јазик, кој се разделил со британскиот јазик. Англосаксонците ги покориле односно станале наследнички на денешната држава Велс, областа Корнуол и Хен Оглед. Честопати островот бил напаѓан од страна на Викинзите (ококлу 800) и Норсемите, при кое постигнувале и големи успеси зазимајќи делови од денешна Англија. Во тој период голем број на владетели се обидиле да ги обединат различните англосаксонски кралства, обиди кои довеле до создавање на Кралство Англија во 10 век.

Во 1066 година следело Норманското освојување на Англија. Во текот на раниот среден век, Англија била опфатена од различни граѓански војни. Кралство Англија била во голема мера под лупата на Светото Римско Царство, до одаѓањето на Ричард I од Англија. Во време на владеењето на неговиот брат, Џон од Англија било обврзано да плаќа данок на Светата Престолнна[2][3] и така останало до 14 век. Во времето на ренесансата, Англија била управувана од страна на Династија Тјудори. Англија го имал освоено Велс во 12 век, па истото се случило и со Шкотска за да кон 18 век се формира Кралство Велика Британија. По индустриската револуција, земјата станала најголема светска сила на светоот позната како Британска Империја. По процесот на деколонизација, голем број на британски колонии стекнале независност.

Во 1282 година, Англија успеала да завладее со Велс кога на власт дошол кралот Едвард I од Анлија. По ова, неговиот син, Едвард II од Анлија на 7 февруари 1301 година станал велски принц. До ден денеска оваа традиција сè уште е задржана. Од 1536 година, административното и политичкото обединување на Англија и Велс било завршено. Државата има и два периоди на републиканско управување во 17 век: 1649-1653 и 1659-1660 година. Во 1707 година Англија и Шкотска се соединиле во кралство Велика Британија. Во периодот помеѓу двете светски војни, силата на Велика Британија ослабала. Национализмот станал многу посилен во некои делови од имеријата, посебно во Египет и Индија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди