Тјудорска роза

(Пренасочено од Тудорска роза)

Кога Хенри Тјудор ја презел круната на Англија од Ричард III во битка, тој со тоа ставил крај на Војната на розите помеѓу Ланкастерската (Црвена роза) и Јоршката династија (Бела роза). Мајка му била Маргарет Бофор од Ланкастерската, додека татко му бил Едмунд Тјудор from the Ричмондската династија; тој се оженил со Елизабета Јоршка за да ги обедини сите династии.

Така, тој ја создал Тјудорската роза, обединувајќи ги Белата јоршка роза со Црвената ланкастерска роза. Во хералдиката, розата се прикажува како бело на црвено ако стои на „хералдичко злато или сребро“, или црвено на бело ако стои на „хералдичка боја“, заради хералдичките правила за боите.

Употребата на розите еволуирала од грчки мит: Афродита му подарила роза на својот син Ерос, богот на љубовта. Розата станала симбол на љубовта и страста. Ерос му ја дал розата на Харпократ, богот на тишината, за да го поттикне да не раскажува за индискрециите на мајка му. Така розата станала амблем на молчеливоста и тајноста. Во средниот век на таванот на собите на советите се обесувала роза, заветувајќи ги присутните на тајност, или суб Роса, „под розата“. Хенри Тјудор и Елизабета имале многу деца, од кои најславен бил Хенри VIII.

Тјудорската роза е националниот цвет на Англија.