Ричард III (англиски: Richard III) — крал на Англија во периодот од 1483 до 1485 година. По потекло бил од династија Јорк и бил последниот крал на Англија од оваа династија. Во историјата е познат и како Ричард Грбавиот.

Ричард III
Richard III
Крал на Англија
На престол26 јуни 1483 – 22 август 1485 (&100000000000000020000002 години и &1000000000000005700000057 дена)
Крунисување6 јули 1483
ПретходникЕдвард V
НаследникХенри VII
Почивалиште
Лестер[1]
СопругаАна Невил
ДецаЕдвард, принц од Велс
ДинастијаДинастија Јорк
ТаткоРичард Плантагенетски
МајкаСесилја Невил

Тој е роден на 2 октомври 1452 година, како единаесетто дете на Ричард Јоршки. Тој бил прогласен за трет војвода од Глостер, по качувањето на престолот на неговиот брат Едвард IV во 1461 година. По неговата смрт, Ричард успеал да го узурпира кралскиот престол на Едвард V, тврдејќи дека бракот на Едвард IV и Елизабета Вудвилска бил незаконски, па од овде и нивните синови немале право за претензии кон престолот. Едвард, заедно со својот помал брат Ричард биле испратени во Лондонската кула, наводно дека таму би биле побезбедни. Сепак, двата принцеви никогаш повеќе не биле видени живи. Се смета дека биле убиени по нарачка на Ричард III, и покрај тоа што тоа сѐ уште не е целосно докажано.

Така, Ричард на 6 јули 1483 година бил крунисан за новиот крал на Англија. По само четири месеци од неговото владеење, избувналои востание кое било организирано од страна на неговиот поранешен соработник Хенри Стадфорд, кој го поддржувал Хенри Тјудор, војвода од Ричмонд, кој по потекло бил од династија Ланкастер. Сепак, востанието било задушено, но многу бргу Хенри успеал да мобилизира нова армија. Во Битката кај Босфорт, Ричард претрпел пораз и бил убиен.

По неговото убиство, на престолот се качил Хенри VII, време во кое Англија се стабилизирала како земја, со завршувањето на т.н. Војна на розите.

Наводи

уреди
  1. Ричард е првично закопан во црквата во Грејфрајарс, но за време на распуштањето на манастирите телото е преместено и не се знае каде се наоѓа

Поврзано

уреди